Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

ЛОКАЛ ПОПУЛИЗАМ НА ШТЕТА НА ЕКОЛОГИЈАТА – Обемот на несобран отпад низ годините расте, општините ја кочат изградбата на регионалните депонии [инфографик]

Отпад на депонијата Русино кај Гостивар | Фото: Мета.мк
Проблемот со управувањето на отпадот во Македонија продолжува да расте, а главната опасност е можноста за создавање на нови диви депонии низ општините. Податоците низ годините покажуваат дека количеството на создаден комунален отпад од граѓаните и компаниите се зголемува побрзо од обемот на отпад што можат да го соберат јавните комунални претпријатија низ општините.

Според податоците на Државниот завод за статистика, проценките се дека во 2021 година биле создадени 896.066 тони комунален отпад, што претставува намалување за околу 17.000 тони во однос на 2020 година. Статистичките податоци за минатата година се направени врз основа на процентот на резидентно население од ланскиот попис.

Сепак, годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2021 година изнесувало 452 килограми, исто како и во 2020 година. Единствено што се намалил е бројот на население во земјава, односно намалувањето на создадениот комунален отпад е само статистички податок.

Затоа пак во реалноста, вкупното количество на собран комунален отпад лани во земјава изнесува 632.087 тони. Споредено со 2020 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2021 година бележи зголемување од 0,3 отсто.

Погледнато низ годините наназад, негативата помеѓу создадениот и собран комунален отпад од општинските јавни претпријатија непрекинато се зголемува. Во 2009 година, овој јаз изнесувал 180.213 тони комунален отпад што останале несобрани. Лани пак, несобраниот комунален отпад се зголемил на фрапантни 263.979 тони. Ваквата разлика најчесто завршува на дивите депонии низ земјава, во реките, во природата, на обработлива почва и ја загадува животната средина.

(Сторијата продолжува по рекламите)

По региони, најголемо количество на собран комунален отпад во 2021 година е забележано во Скопскиот Регион – 176.917 тони или 28 отсто од вкупното собрано количество. Сепак, најлоша е состојбата во Југозападниот плански регион, којшто лани создал најмногу отпад – 183.591 тони, а собрани од комуналните претпријатија се само 54.980 тони комунален отпад. Да потсетиме, токму во овој регион се наоѓаат заштитените Охрид и Охридското езеро на светската листа на УНЕСКО.

По количеството на создаден комунален отпад, на второто место е Скопскиот регион со 179.125 тони. По него, следуваат Полошкиот регион со 128.467 тони, како и Источниот регион, во којшто домаќинствата и компаниите во 2021 година создале вкупно 110.324 тони комунален отпад.

Токму од домаќинствата низ целата земја е собран најголем дел од комуналниот отпад – 528.261 тони или 84 отсто, а останатите 16 отсто се од правни и физички лица. И лани најголем дел од она што е собрано всушност е измешаниот комунален отпад. Неселектираниот отпад изнесувал 522.914 тони или 82,7 отсто од количеството на собрано ѓубре.

Инаку, покрај зголемувањето на разликите помеѓу создаден и собран комунален отпад во земјава, останува забележителен фактот дека и во 2021 година најголемото количество на собран комунален отпад (99,8 отсто) се исфрла на депонија. А во земјава, со исклучок на скопската депонија „Дрисла“, ниту една од другите општински депонии не е легална, односно не работи во согласност со обезбедена А-интегрирана еколошка дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Но, и покрај тоа што општините всушност го имаат најголемиот проблем со депониите, токму конкретни локални самоуправи го кочат воспоставувањето на регионалните системи за управување со отпад. Последна во низата на обиди за спречување на изградбата на регионални депонии по стандардите на ЕУ е Општина Свети Николе, која што на почетокот од годинава пред самото објавување на меѓународниот тендер за изградба објави дека се спротивставува на изведбата на регионалната депонија на сопствена територија во селото Мечкуевци.

(Сторијата продолжува по рекламите)

Поради опструкциите од општината, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП) ја започна процедурата за одземање на ингеренциите на Општина Свети Николе за проектот за изградба на регионална депонија во Источен и Североисточен плански регион. Ваквата одлука на централната власт следи откако Советот на општина Свети Николе на 25 февруари годинава донесе одлука за дислокација на регионалната депонија од селото Мечкуевци.

Пред Свети Николе, во 2019 година слична блокада на изградбата на регионална депонија направи и Општина Дебарца при изведбата на планираната регионална депонија за Југозападниот плански регион. Инаку, токму овој регион во земјава и годинава има најголемо количество на создаден комунален отпад, којшто не е собран од општинските комунални претпријатија.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање пак изминатава година се обидуваат да влијаат позитивно на изградбата на регионалните депонии. Владата на РСМ во мај лани информираше дека ја испратила апликацијата за кредит до Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за обезбедување на финансиите за воспоставување на регионалните системи за управување со отпад во пет региони од земјава. Од ЕБОР деновиве стигна одличната оценка за владината апликација за кредит во висина од 55,3 милиони евра за изградба на регионалните депонии по стандардите на ЕУ.

Банката на почетокот од јуни годинава треба да ја објави финалната одлука за финансиската поддршка на проектот. Со нив ќе се обезбеди изградбата на регионалната депонија во Полошкиот регион („Русино“), во Пелагонискиот и Југозападниот плански регион (рудникот за јаглен „Суводол“) и во Југоисточниот и Вардарскиот плански регион (Општина Василево).

Поради кочењето на изградбата на регионалните депонии во земјава, Европската комисија во секој од Извештаите за реформскиот напредок на Македонија на патот кон ЕУ со години наназад критикува за неспроведените реформи во делот на управувањето со отпадот, односно воспоставувањето на регионалните системи за управување со отпад.

loading...