Герасимовски: Паркинг за велосипеди до секоја нова градба во Општина Центар
Герасимовски: Паркинг за велосипеди до секоја нова градба во Општина Центар
Герасимовски: Лицата со оштетен слух добиваат бесплатно паркирање на сите паркинзи на ПОЦ
Герасимовски: Лицата со оштетен слух добиваат бесплатно паркирање на сите паркинзи на ПОЦ
ЗАСЛУЖЕНО, БУЧКОВСКИ ИМА ГОЛЕМО МЕЃУНАРОДНО ИСКУСТВО И РЕЈТИНГ - Владата му го продолжи мандатот на Владо Бучковски
ЗАСЛУЖЕНО, БУЧКОВСКИ ИМА ГОЛЕМО МЕЃУНАРОДНО ИСКУСТВО И РЕЈТИНГ - Владата му го продолжи мандатот на Владо Бучковски
Заев- Таравари лаже. јавно да се извини или на суд
Заев- Таравари лаже. јавно да се извини или на суд
Со толеранција против насилство: Кампања против сите форми на омраза и насилство на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт
Со толеранција против насилство: Кампања против сите форми на омраза и насилство на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт
Претседателскиот центар за политичко образование го идентификува популизмот како една од најголемите закани за демократското политичко уредување
Претседателскиот центар за политичко образование го идентификува популизмот како една од најголемите закани за демократското политичко уредување
ПОСТОЈАН РАЗВОЈ: ЗГОЛЕМЕН ОПСЕГ ЗА OPEL CORSA-e и MOKKA-e
ПОСТОЈАН РАЗВОЈ: ЗГОЛЕМЕН ОПСЕГ ЗА OPEL CORSA-e и MOKKA-e
ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР МЕЃУ РАДЕВ И ЗАЕВ Дијалогот на високо ниво и решавање на спорните прашања
ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР МЕЃУ РАДЕВ И ЗАЕВ Дијалогот на високо ниво и решавање на спорните прашања

ДЕНКО МАЛЕСКИ: Луѓето како да забораваат дека ние, „Бебето од катран“ сме член на НАТО, тоа беше научна фантастика во 90-тите

Нашата држава членка на НАТО, кој можеше да го замисли ова пред триесет години. При посетата на Вшингтон во 1992 година на средба со државниот секретар Лоренс Иглберегер и советникот за национална безбедност генералот Брент Скокрофт, претседателот Киро Глигоров им подаде затворено плико чија содрќина никогаш не ја видов.Разбрав само дека е тоа понуда до Америка да отворат воена база во Македонија, на Криволак. Бидејќи не можевме ни да сонуваме да влеземе во НАТО, идејата беше НАТО да влезе во Македонија. Конечно, секогаш низ историјата на човештвото малите држави барале заштита од големите. Но, она што големите, во меѓувреме, го беа научиле е дека не смеат невнимателно да се инволвираат во работите на малите зашто тие можат да ги вовлечат во конфликти кои не кореспондираат со нивните национални интереси. Затоа, големите Западни сили имаа резерви најдиректно да се ангажираат во Македонија. Вие сте „бебе од катран“ искрено ми вели пратеникот на Иглбергер во Македонија, Роберт Фровик.

Со други зборови, вие сте проблематична земја од аспект на безбедноста и секое директно инволвирање на ваша страна може да ја вовлече Америка во конфликт кој не корепондира со американските национални интереси. А, сепак, грижата за Македонија продолжи, иако многу внимателно. Тристотините американски војници од Германија кои беа префрлени на скопскиот аеродром облечени во униформи на ОН, беа сигнал до околните држави дека Македонија не е за земање.Испраќањето на првата превентивна мисија УНПРЕДЕП да ги надгледува границите на тогаш територијата наречена Макдонија ни купи време да почнеме да создаваме сопствена војска. Приемот на државата во НАТО програмата наречена Партнерство за мир беше уште еден чекор кон обезбедување на територијалниот интегритет на иднета држава.Интервенцијата на НАТО во конфликтот во 2001 доведе до Охридскиот рамковен договор кој иднината на државата ја гледа во рамноправноста на етниките заедници. Договорот од Преспа, под силно американско влијание, конечно го отвори патот за членство на Северна Македонија во НАТО. Со горчливиот компромис околу името, сонот стана реалност.

Свесен дека националистите во државата можат да се обидат да го поништат се што Западот вложил во Македонија, неодамна претседателот Џо Бајден потпиша извршна наредба со која се заканува со ставање на црна листа на оние кои работат против Охридскиот и Преспанскиот договор. Пораката е дека нема веќе бесплатен ручек за македонските националисти. Зашто, членството во НАТО не е само привилегија туку е и обврска за нашата држава. Обврска да не се рушат темелите на нашето сојузништво создавани во тешки и заканувачки времиња. Имено, некој во Америка и некој во Македонија сепак платил за тој ручек изминативе три децении.

За жал, пораката кај нас, се чини, не е примена. Политичарите и интелектуалците националисти се чини не даваат пет пари за таму некави листи и продолжуваат по нивно. Свесни за изборниот ќар од манипулацијата со повредените национални чувства на народот, ВМРО-ДПМНЕ намерно ја инволвира „високата “политика во локалните избори. Исправени, горди, без ниту една отстапка ќе станеме членка на ЕУ, ќе го ревидираме Преспанскиот договор, ќе го спречиме предавството со Бугарија и повторно ќе го разгледаме законот за јазиците, ако гласате за нас, порачува партијата. Што барат вакви теми на локални избори? Бараат гласови и само гласови. Но кажаните зборови откриваат дека водачот на опозицијата Мицковски или не се разбира од меѓународна политика или, ако се разбира, намерно не ја кажува вистината. И во едниот и во другиот случај лошо ќе биде по народот и по државата. Лошо ќе биде и по националистите лично, ако со помош на оваа пеколна игра дојдат на власт и се обидат да ги псроведат во живот изборните ветувања. Ги потсетувам на една поговорка на американските Индијанци која дамна сум ја цитирал а вели: Ако не свртиме сега, може да стасаме таму каде што сме тргнале.

Денко Малески

loading...

Website https://wcostream.cc: Watch Guomin Laogong Dai Huijia 2 wcostream Episode 12 watch animes

Website https://gogoanime.be: Watch Howl‘s Moving Castle (Dub) gogoanime Episode Full gogoanime kiss

Website https://animeheaven.pro: Watch Rakugo Tennyo Oyui animeheaven Episode 12 dragon ball z anime heaven

KissAnime Watch anime online, English anime online HD

Website https://animedao.nl: Watch Re:Zero Radio animedao Episode 4 animedao god of highschool