(ВИДЕО) ЦУЦУЛОТ КОНЕЧНО СИ ГО НАЈДЕ МЕСТОТО, ДО МИРКА КЛАСНАТА НА СТРИМОТ НА ПРО РУСКАТА ПАРТИЈА РОДИНА, ДОСЕГА ГЛУМЕШЕ НЕКАКОВ ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ ФИЛОЗОФ...
(ВИДЕО) ЦУЦУЛОТ КОНЕЧНО СИ ГО НАЈДЕ МЕСТОТО, ДО МИРКА КЛАСНАТА НА СТРИМОТ НА ПРО РУСКАТА ПАРТИЈА РОДИНА, ДОСЕГА ГЛУМЕШЕ НЕКАКОВ ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ ФИЛОЗОФ...
(ВИДЕО) ГОЛЕМИ ПОЛИЦИСКИ СИЛИ СЕ РАСПОРЕДЕНИ ОКОЛУ УСТАВНИОТ СУД ВО САД ПОРАДИ НАЈАВЕНИТЕ МАСОВНИ И НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ДЕНЕШНАТА ОДЛУКА ДА СЕ ЗАБРАНИ АБОРТУСОТ ПО 50 ГОДИНИ ЛЕГАЛНОСТ
(ВИДЕО) ГОЛЕМИ ПОЛИЦИСКИ СИЛИ СЕ РАСПОРЕДЕНИ ОКОЛУ УСТАВНИОТ СУД ВО САД ПОРАДИ НАЈАВЕНИТЕ МАСОВНИ И НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ДЕНЕШНАТА ОДЛУКА ДА СЕ ЗАБРАНИ АБОРТУСОТ ПО 50 ГОДИНИ ЛЕГАЛНОСТ
Галетановски: Нема ништо ново во ЗОО откако заминав, среќа што родија неколку животни кои ги донесовме
Галетановски: Нема ништо ново во ЗОО откако заминав, среќа што родија неколку животни кои ги донесовме
СО СВЕТСКИОТ ПОЛИТИЧКИ ВРВ: Николовски во Берлин на конференција со Државниот секретар на САД, претседателот на Светска банка и многу други високи претставници
СО СВЕТСКИОТ ПОЛИТИЧКИ ВРВ: Николовски во Берлин на конференција со Државниот секретар на САД, претседателот на Светска банка и многу други високи претставници
Протоколот не може да биде услов во преговорите, ниту спомнат во преговарачката рамка, порачува Маричиќ
Протоколот не може да биде услов во преговорите, ниту спомнат во преговарачката рамка, порачува Маричиќ
Бугарско МНР: Ќе одобриме меѓувладина конференција откако ќе се потпише билатералниот протокол
Бугарско МНР: Ќе одобриме меѓувладина конференција откако ќе се потпише билатералниот протокол
ИЛИ ДРЖАВАТА И ГРАД СКОПЈЕ НЕКА ГИ ЗАЛОВАТ КУЧИЊАТА НИЗ ГРАДОВ ИЛИ НЕКА НИ ДАДАТ ДОЗВОЛА ДА НОСИМЕ ПИШТОЛИ СО НАС
ИЛИ ДРЖАВАТА И ГРАД СКОПЈЕ НЕКА ГИ ЗАЛОВАТ КУЧИЊАТА НИЗ ГРАДОВ ИЛИ НЕКА НИ ДАДАТ ДОЗВОЛА ДА НОСИМЕ ПИШТОЛИ СО НАС
КАТЕ БЛАЖЕВСКА: НЕШТО НЕ ШТИМА ВО ИЗЈАВИТЕ И ПОСТАПКИТЕ НА СЛАВИ ТРИФУНОВ И ТЕОДОРА ГЕНЧОВСКА
КАТЕ БЛАЖЕВСКА: НЕШТО НЕ ШТИМА ВО ИЗЈАВИТЕ И ПОСТАПКИТЕ НА СЛАВИ ТРИФУНОВ И ТЕОДОРА ГЕНЧОВСКА

МАФИЈАТА КЛЕКНАТА НА КОЛЕНА – Обвинителството ќе бара да му се продолжи притворот на Камчев, следната недела обвинение за „Плацевите на Водно“

Второто продолжување на притворот за 30 дена на бизнисменот Орце Камчев му истекува за неколку дена, поради што следната недела Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе барање за дополнителни 30 дена притвор, дознава „Фокус“.

Во истиот период до Кривичниот суд се очекува и да биде поднесен обвинителниот акт за случајот „Плацевите на Водно“, во кој Камчев е еден од осомничените.

Одбраната на Камчев во неколку наврати реагира дека притворот на бизнисменот му е одреден само поради службената белешка од АНБ, која ја сметаат за непрофесионална, но од обвинителството за „Фокус“ појаснуваат дека тоа е последниот доказ, односно имале обезбедено голем број на аргументи за да ја потврдат тезата дека Камчев може да избега.

Истрагата „Плацевите на Водно, пред неполни седум месеци ја отвори обвинителството, а потекнува од згаснатото СЈО. Обвинителката Лиле Стефанова ја водела предистрагата, а предметот и понатаму е во нејзините раце. Освен Камчев, осомничени се и екс премиерот Никола Груевски, неговиот кум Ристо Новачевски, неговиот братучед, екс директорот на УБК Сашо Мијалков, мајката на Камчев, Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Според обвинителството, од 2006 до 2012 година, Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дел од партиски донации што ги добивал лично или преку општинските комитети, ги задржувал за себе, па така прибрал најмалку 1,3 милиони евра. Од октомври 2012 до септември 2013 година, парите ги потрошил со купување градежно земјиште на Водно, поточно на зафатот веднаш над Панорама, односно во местото викано Шербетница. Но за време на истрагата беа откриени и уште два нови стана и ново градежно земјиште, кои од неодамна на барање на обвинителството се замрзнати.

-Врз основа на опсежна истрага, дојдено е до откривање на два нови стана и плац од 3. 000 квадратни метри на Водно. За овие е издадена мерка забрана за нивно отуѓување додека трае оваа постапка – рече неодамна обвинителот Љубомир Јовески.

За тајниот имот на Груевски веќе пишуваше и неделникот „Фокус“.

loading...