Македонија и Бугарија договорија механизам против дискриминација на инвестиции

Македонско-бугарската Работна група за економија, трговија и иновации на денешниот прв работен состанок во Скопје, договори воспоставување механизам против дискриминација на инвеститорите.

Како што соопштија министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за иновации и раст на Бугарија, Даниел Лорер по состанокот, се разговарало и за други конкретни проекти од областа на иновациите, земјоделството, стартап индустријата, финансиските инструменти, европските фондови, економскиот равзој и подобрувањето на животниот стандард. Се размениле и институционални искуства – меѓу развојните банки, фондовите за иновации, агенциите за поддршка на претримеништво и инвестициите, а се презентирале и програмите за рурален развој. Станало збор и за зелената и развојната обврзница, за Гарантниот фонd, како и за Фондот за енергетски развој.

Министрите најавија дека попладнево следува средба на Работната група со стопанските комори кои треба да ги кажат своите видувања и предлози за натамошно јакнење на бизнис соработката меѓу двете земји. Според Бесими и Лорер, идејата е да не се одржуваат состаноци само на административно ниво, туку да се слушне и она што е директно поврзано со реалната економска активност на пазарот.

Следната средба на Работната група е закажана за почетокот на февруари кога се очекува и потpишуивање на меморандум за разбирање меѓу инвестициските фондови.

„Денеска имавме можност да дискутираме на важни теми што покажува дека нашите заложби остануват цврсти за зајакнување на соработката. Механизмот за транспарентност на инвестиции, односно за заштита на инвеститорите од двете страни, произлезе како идеја од овој состанок, а подразбира можност која било компанија, македонска или бугарска, да пријави проблем, евентуална дискриминација или сомнеж за дискринација при реализирањето на планот за вложување. На состанокот произлезе идејата да се развие овој механизам. Целта е да нема дискриминации, на највико политичко ниво да се алармира ако некој иневститор има проблеми во однос на бирократијата, постапките. Праксата покажува дека не сѐ што е во документите се спроведува. Ако таквите евентуални проблеми се пренесуваат побрзо до системот на највисоко ниво, тогаш ќе биде побрза и ракцијата за нивно елиминирање“, истакна Бесими на заедничката прес-конференција.

Лорер дополни дека механизмот е многу едноставен и ги елиминира бариерите.

„Бараме да нема шпекулации, на највисоко економско ниво да се пријави доколку една страна има поплаки дека е дискриминарана. Да се слушне на највисоко ниво за да се реагира на најбрз можен начин и во оваа смисла сме максимално отворени. Ако една бугарска компанија сака да инвестира, а и се забавува дозволата за градба, тоа да стигне веднаш до највските власти и да почне да се решава проблемот. При најмало сомневање за дискриманција и нерамнпоравен третман од централните власти, да даде сигнал кој ќе биде проследен на највисоко политичко ниво што би било гаранција за натамошно успешно работење“, објасни бугарскиот министер.

И тој и неговиот македонски колега се согласни дека двете држави треба да си помагаат за да го остварат посакуваниот економски раст.

„Имаме приоритетни области и конкретни програми за соработка. Во однос на бизнис заедницата, таа конкренто ќе го каже својот аспект. Процесот е партиципативен, инклузивен. Бизнис заедницата има важна улога – идејата е да не бидат само средби на администрацијата, туку нешто што е директно поврзано со реалната економска активност на пазарот“, рече т Бесими во врска со попладневната средба со коморите.

Лорер побара разбирање и трпение од јавноста, истакнувајќи, како и Бесими, дека ставот на бизнисот е исклучително битен.

„Ја разбираме нестрпливоста, но важно е процесите да се движат заеднички. Дајте ни уште време, да го слушнеме и бизнисот за програмите да имаат максималне ефект. За нас е важно да го слушнеме бизнсиот кој најдобро знае каква е состојбата на двете страни од границата“, рече Лорер.

Тој изрази задоволство од денешниот состанок, подвлекувајќи дека приоритетите на Бугарија и на Македонија се еднакви.

„Исклучително сме задоволни од состанокот. Се запознавме подетално со институциите кои се грижат за економскиот раст. Гледаме дека соработката на институционално ниво е голема. Следниот месец двете банки за развој ќе разговараат како може да поддржат проекти, а фондовите за финансирање како да соработуваат за заедничко финансирање проекти. Агенциите за микро, мали и средни претпријатија ќе организираат обуки и бизнис форуми“, рече бугарскиот министер.

Во однос на тоа колку е Бугарија заинтересирана да инвестира во железничката инфраструктура, Лорер нагласи дека неговата земја веќе сигнализирала колку се за неа важни авионските, железничките и патните врски со Северна Македонија и заедничкиот економски развој.

Според Бесими, конкретните проекти во областа на железничкиот и транспортниот сообраќај ќе се разгледуваат на Работната група за инфраструктура.

Со денешниот состанок на Работната група за економија, трговија и иновации почна новиот пристап во односите меѓу двете земји што го најавија премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков.

Двете влади формираа четири работни групи – за економија, трговија и иновации, за инфраструктура, транспорт и поврзување, за европска интеграција и зелени политики и за култура, наука и образование. Историските прашања ќе ги разгледува веќе постоечката Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања. Планирано е секоја недела состанок да одржува една од овие групи, кои секоја во својата сфера ќе придонесе за зајакнување на соработката меѓу двете земји.