СДСМ СКОПЈЕ КОНТРА АРСОВСКА: НИЕ ИНВЕСТИРАМЕ ВО ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ, А НЕ ВО ЛУКСУЗНИ КАНЦЕЛАРИИ КАКО ТИЕ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА НА ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ СКОПЈЕ КОНТРА АРСОВСКА: НИЕ ИНВЕСТИРАМЕ ВО ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ, А НЕ ВО ЛУКСУЗНИ КАНЦЕЛАРИИ КАКО ТИЕ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА НА ВМРО-ДПМНЕ
ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: ОСТАНУВАМЕ ВО КОАЛИЦИЈА СО СДСМ, ГИ ПОВИКУВАМЕ НАШИТЕ ЧЛЕНОВИ ДА ГЛАСААТ ЗА КАНДИДАТИТЕ НА СДСМ ВО ОПШТИНИТЕ КАДЕ ИМА ВТОР КРУГ
ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: ОСТАНУВАМЕ ВО КОАЛИЦИЈА СО СДСМ, ГИ ПОВИКУВАМЕ НАШИТЕ ЧЛЕНОВИ ДА ГЛАСААТ ЗА КАНДИДАТИТЕ НА СДСМ ВО ОПШТИНИТЕ КАДЕ ИМА ВТОР КРУГ
Илиевски до Димитриевски: Зошто зборувате надворешна политика, а не зборувате за градинките, улиците, канализациите кои не ги изградивте?
Илиевски до Димитриевски: Зошто зборувате надворешна политика, а не зборувате за градинките, улиците, канализациите кои не ги изградивте?
ЉУПЧО ПОПЕВСКИ ПОПЕ - ДА ПОБЕДИ КАНДИДАТ НА ВМРО ДПМНЕ ПОСЛЕ ПРОЕКТОТ 2014-ТА Е АПСУРД НА АПСУРДИТЕ!
ЉУПЧО ПОПЕВСКИ ПОПЕ - ДА ПОБЕДИ КАНДИДАТ НА ВМРО ДПМНЕ ПОСЛЕ ПРОЕКТОТ 2014-ТА Е АПСУРД НА АПСУРДИТЕ!
ПРОФЕСОРКА МИРЈАНА МАЛЕСКА: ПЕТРЕ ЗАСЛУЖУВА ДА ПОБЕДИ ВО ВТОР КРУГ
ПРОФЕСОРКА МИРЈАНА МАЛЕСКА: ПЕТРЕ ЗАСЛУЖУВА ДА ПОБЕДИ ВО ВТОР КРУГ
Кондовски: Граѓаните заслужуваат прецизни информации, проекти, идеи!
Кондовски: Граѓаните заслужуваат прецизни информации, проекти, идеи!
Морачанин: Ана Петровска имаше намера да го дискредитира ДОМ како партија и не ѝ успеа
Морачанин: Ана Петровска имаше намера да го дискредитира ДОМ како партија и не ѝ успеа
Ахмети лобира за Петре Шилегов!
Ахмети лобира за Петре Шилегов!

МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА Е СОЗДАДЕНА КАКО И СЕКОЈА ДРУГА НАЦИЈА, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ВЕШТАЧКИ КОЛКУ ШТО СЕ ВЕШТАЧКИ СИТЕ ДРУГИ ЈАЗИЦИ, ВЕЛИ БУГАРСКИОТ ИСТОРИЧАР И ПРОФЕСОР СТЕФАН ДЕЧЕВ

Македонскиот премиер Зоран Заев вчера кажа дека разговорите меѓу бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева и македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи не биле добри и ако Бугарија остане на тоа што го предложила, македонскиот народ треба да се подготви дека во декември нема почнат пристапните преговори со Европската унија.

Крајно време е Бугарија да прекине со претензиите кон македонскиот јазик, вели Стефан Дечев, бугарски историчар и професор на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ во интервју за телевизија „Блумберг Бугарија“ и објаснува дека македонската нација е создадена како и секоја друга нација, а македонскиот јазик е вештачки колку што се вештачки сите други јазици. Во интервјуто по повод бугарскиот објаснувачки меморандум до земјите членки на ЕУ, тој вели дека Софија со меморандумот одбива да ја прифати реалноста.

„Ние во Бугарија имаме интерес Македонија да биде членка на ЕУ и НАТО и ние во Бугарија цело време повторуваме дека ги прифаќаме сегашните реалности, но со текстот во објаснувачкиот меморандум не ја прифаќаме реалноста имајќи го предвид денешното реално постоење на македонскиот народ и денешното постоење на македонскиот јазик. На пример, ако го прочитате меморандумот, начинот на кој Собранието на АСНОМ се врзува со антибугарската идеологија, може да останете со впечаток дека не важи веќе тоа што го велиме дека ги прифаќаме реалностите“, вели професорот Дечев.

За проблемот со Гоце Делчев, тој вели дека не може да така лесно да се постигне договор чиј е, македонски или бугарски, бидејќи во периодот на револуционерните и преродбенички движења во средината на 19. век и почетокот на 20. век, како што рече тој, тешко било да се каже што е бугарско, а што македонско, т.е. каде завршува бугарското, а каде започнува македонското.

Бугарскиот историчар вели дека и двете страни имаат вина, но дека Бугарите не треба да се занимаваат со македонската страна.

„Треба да си погледнеме во сопствениот двор. Бугарската вина е тоа што бугарското општество е убедено дека има општа историја на еден народ и тоа е само бугарска историја до 1944 година. Тоа е позиција која тешко може да ја издржи експертизата на сериозната историографија и постигнувањата на историографијата на полето на нациите и национализмите во последните три-четири децении, како и во областа на другите и другите хуманитарни и социјални науки. Бугарскиот историски наратив создава впечаток дека во 1944 година се случила некаква грешка и сегашните мешовити преговори и членството во Европската унија треба да бидат, така да се каже, инструмент со кој таа грешка треба да биде исправена и би се рекло дека Софија смета дека преговорите на Северна Македонија со ЕУ треба да бидат искористени од Бугарија за да ги добие војните кои што ги загуби во 1913, 1918 и 1944 година, но треба да се разбере дека преговорите на ЕУ не се за тоа“, објаснува професорот.

„Ние во Бугарија имаме интерес Македонија да биде членка на ЕУ и НАТО и ние во Бугарија цело време повторуваме дека ги прифаќаме сегашните реалности, но со текстот во објаснувачкиот меморандум не ја прифаќаме реалноста имајќи го предвид денешното реално постоење на македонскиот народ и денешното постоење на македонскиот јазик“, вели професорот Дечев. (Фото: Блумберг ТВ Бугарија/принтскрин)

Тој потсетува дека во декември 1944 кога се создавала македонска кирилица, правата јазична комисија излегла со резултат за нова македонска азбука која е оддалечена и од српската кирилица и од бугарската кирилица.

„Македонската нација и процесот на нејзино создавање, со сите специфики и особености, не се разликува од процесите на создавање на која и да е друга нација. Македонскиот јазик е вештачки јазик до толку колку што сите стандардизирани јазици во светот се вештачки. Официјален јазик на една држава не може да биде дијалект. Додека не разбереме дека идентитетот на една нација е динамичен и тој не се предава по генетски пат, какви било мешовити преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија, се излишни и ќе завршат во слепа улица. Во 40-тите години, посебно во летото и есента 1944 година беше апсолутно неизбежно дека ќе има македонска нација и македонски јазик. Како тоа точно се случило и какви биле факторите и деталите, тоа е дебата која македонското општество треба да ја води внатре, но таа дебата нема да се случи додека има притисок и опасност од Софија за јазикот и идентитетот“, вели Дечев.

Прашан чиј е интересот е да има притисок од Софија, тој вели тоа го прават оние кои се против бугарско-македонското пријателство и сакаат да прават политички кариери и политички ПР и да освојуваат гласови на национализам. Дечев вели дека има и други центри кои се против влегувањето на Македонија во НАТО и ЕУ и многу често се говори дека Белград и Москва задоволно тријат раце, но тој смета дека Белград и Москва немаат потреба да прават ништо, бидејќи во Софија и Скопје има доволно сили кои се спремни да го прават тоа без помош од Белград и Москва

Македонскиот премиер Зоран Заев вчера кажа дека разговорите меѓу бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева и македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи не биле добри и ако Бугарија остане на тоа што го предложила, македонскиот народ треба да се подготви дека во декември нема почнат пристапните преговори со Европската унија.

Во март, Европската унија донесе одлука за безусловен почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и се очекува меѓувладината конференција да се одржи до крајот на годината, за време на германското претседателство. Бугарија минатиот месец испрати објаснувачки меморандум до земјите членки на ЕУ, во кој, меѓу другото, тврди дека македонскиот јазик не постои и е дијалект на бугарскиот јазик, како и дека македонскиот народ е проект на Тито.

loading...

https://animepahe.cc anime

Website https://animefreak.ws: Watch Magia Record: Puella Magi Madoka Magica Side Story (Dub) animefreak Episode 13 anime online

Website https://gogoanime.be: Watch Future Card Buddyfight X gogoanime Episode 52 gogoanime website

Website https://aniwatch.pro: Watch Fate/Kaleid Liner Prisma Illya 2Wei Herz! aniwatch Episode 10 anime online

Multichain: https://www.multichain.com/qa/user/animeflixnl

Behance: https://www.behance.net/animefreakws/