МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА СО НОВА СПЕЦИЈАЛНОСТ: ФАЌА РАЗБОЈНИЦИ ВО СРЕД КРАЖБА, УКРАДЕНОТО ВЕДНАШ ГО ВРАЌА НА СОПСТВЕНИЦИТЕ

Приведени тројца крадци од радовишко, фатени на дело

На 27.01.2022, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Т.И.(21) од с.Подареш, радовишко, Д.И.(20) и Т.Н.(22), двајцата од с.Ињево, радовишко. Во 22.45 часот на ул.„Широк дол“ во Штип тие биле затекнати при вршење тешка кражба во обид во патничко моторно возило „опел астра“. На местото биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело. По комплетно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Приведен разбојник, парите вратени на сопственикот

На 27.01.2022 во 20.25 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што околу 19.30 часот, со употреба на сила, одзел пари од аптека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“. Кај него биле пронајдени парите и биле вратени на сопственикот. Во службен разговор во полициска станица, во присуство на претставник од Центар за социјални работи, тој го признал делото. За случајот бил запознаен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Приведени двајца крадци од Скопје, одземеното вратено на сопственикот

На 27.01.2022 околу 20.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Р.(18) од с.Јурумлери, скопско и М.Х.(18) од Скопје, затоа што одзеле повеќе предмети од продажен објект во трговски центар на ул.„Кирил и Методиј“. Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. Тие биле приведени во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. За случајот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик.

game sunwin

game sunwin sunwin.apk mới nhất sunwin.apk mới nhất

sunwin

sunwin apk sunwin club tải sunwin

sunwin apk game bài sunwin sunwin.apk mới nhất