ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат

Македонските Бугари ја повикуваат Софија да не тргува со нивните права

Итно впишување на Бугарите во македонскиот Устав и еднаквост со другите заедници во Северна Македонија, бараат македонските Бугари во писмо до водечките бугарски политичари.
Македонските Бугари ги повикуваат бугарските власти да не прават никакви отстапки кон Скопје, ниту да тргуваат со ветото во замена за укинувањето на американските визи и прием во Шенген зоната.

„Апелираме до вас: не правете никакви отстапки по прашањето за нашата еднаквост. Тоа не може и не смее да биде предмет на преговори, а неговата гаранција не може да биде празно ветување за неизвесна иднина. Уставната процедура за регистрација на македонските Бугари мора да започне веднаш и сега. Бугарите мора да бидат експлицитно, подеднакво споменати меѓу другите делови на народите во Уставот на РС Македонија“, повикуваат организациите на македонските Бугари.

Идејата за тргување со ветото на европската интеграција на Северна Македонија дојде од лидерот на ИТН Слави Трифонов пред два дена, но брзо беше отфрлена од коалициските партнери во бугарската влада.
„Клучот за идното проширување на Европската унија мора да биде еднаквоста и благосостојбата на сите народи во регионот и на оние делови од нив кои, по основа на сложената балканска историја, сега живеат во соседните земји, меѓу други нации”, се наведува во заедничкото писмо на повеќе организации на македонските Бугари во Северна Македонија, испратено до бугарскиот претседател Румен Радев, премиерот Кирил Петков, претседателот на Народното собрание Никола Минчев и претседателите на пратеничките групи на политичките партии, пренесува Медиапул.

Македонските Бугари пишуваат дека се подготвени да работат за добробитта на својата држава, но како рамноправни граѓани, а не како граѓани од „втора категорија”. Според нив, тоа може да се случи само доколку добијат уставни гаранции за нивната рамноправност со другите народи, кои што се запишани во македонскиот устав.

„Ние не сакаме ништо друго освен еднаквост. Ние сакаме, како и сите други делови на народите на РС Македонија, да се радуваме на нашиот јазик, традиции, историја, споменици и се друго што е поврзано со нашиот идентитет“.

„Свикувањето на новото Народно собрание и формирањето на новата бугарска влада ни дава надеж дека овие наши интереси ќе бидат одлучно заштитени од вас, како државни и политички лидери на Бугарија, со оглед на тоа што над 120 илјади од нас се државјани на Република Бугарија, врз основа на докажано бугарско потекло, и уште десетици илјади се во процес на добивање бугарско државјанство“, велат македонските Бугари.

Писмото, кое го објави бугарската агенција Бгнес, е потпишано од повеќе организации на Бугарите во С. Македонија од Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Кочани и други градови.

извор: ДВ

loading...

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

watch animes That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2

GoGoAnime DARLING in the FRANXX

anime websites One Piece

english dubbed anime GoGoAnime Black Clover (Dub)

gogoanimehub Komi Can’t Communicate