Бектеши: Верски објекти и приватни училишта направиле сериозни злоупотреби – плаќале пониска цена на електрична енергија
Бектеши: Верски објекти и приватни училишта направиле сериозни злоупотреби – плаќале пониска цена на електрична енергија
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) УБАВ ДЕН ДЕНЕСКА: ДОДЕКА ВЛАДИНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА СЕ ПОКЛОНУВАШЕ НАД ГРОБОТ НА КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО ЦРКВАТА СВЕТИ КЛЕМЕНТЕ ВО РИМ, МПЦ ДОБИ АВТОКЕФАЛНОСТ ВО СКОПЈЕ
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) УБАВ ДЕН ДЕНЕСКА: ДОДЕКА ВЛАДИНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА СЕ ПОКЛОНУВАШЕ НАД ГРОБОТ НА КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО ЦРКВАТА СВЕТИ КЛЕМЕНТЕ ВО РИМ, МПЦ ДОБИ АВТОКЕФАЛНОСТ ВО СКОПЈЕ
Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје
Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје
Ковачевски: Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ е достоен продолжувач на визијата и просветителското дело на светите браќа
Ковачевски: Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ е достоен продолжувач на визијата и просветителското дело на светите браќа
Средба во ДАВОС на претседателот Пендаровски со францускиот економист Жак Атали
Средба во ДАВОС на претседателот Пендаровски со францускиот економист Жак Атали
Честитка од претседателот Пендаровски по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј
Честитка од претседателот Пендаровски по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј
(ФОТО) МВР СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА: Пронајдена дрога при претрес во Скопје, Пронајден хероин, Приведени две лица од Куманово, Кривична пријава за загрозување на животната средина и природата со отпад
(ФОТО) МВР СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА: Пронајдена дрога при претрес во Скопје, Пронајден хероин, Приведени две лица од Куманово, Кривична пријава за загрозување на животната средина и природата со отпад
Ковачевски до МПЦ-ОА: Со особена грижа и верност ги чуваме заветите на Светите Кирил и Методиј
Ковачевски до МПЦ-ОА: Со особена грижа и верност ги чуваме заветите на Светите Кирил и Методиј

МАКЕДОНСКИТЕ ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ ОДЛУЧИЈА: Бегалците од Украина нема да плаќаат гранично осигурување на влез во нашата земја, евентуалните штети ќе ги платиме ние од свои средства

Националното биро за осигурување (НБО) од својот гарантен фонд ќе ги покрие сите евентуални штети од украински возила што превезуваат бегалци до 30 јуни годинава. Одлуката ја донесоа со консензус сите 11 компании за неживотно осигурување, соопшти денес Агенцијата за супервизија на осигурување.

Сите лица со статус на бегалци од Украина на влез во нашата земја ќе бидат ослободени од плаќање на гранично осигурување. Оваа одлука ја донесе Националното биро за осигурување (НБО) во координација со Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) на иницијатива добиена од Владата.

„Со оглед на актуелната бегалска криза предизвикана од воениот конфликт во Украина и појавата на бегалци на нашата граница се создаде неопходна потребна од изнаоѓање општоприфатливо и системски засновано решение за прием на возила со бегалци кои немаат зелена карта и не се во можност да купат гранично осигурување. Успеавме да обезбедиме издржано решение во рамки на можностите и согласно со надлежностите и условите. Во оваа ситуација за посебно истакнување е хуманиот пристап, ажурноста и ангажманот на сите 11 друштва за осигурување. Искрено веруваме и се надеваме дека разумот ќе надвладее, а мирот ќе завладее и лицата со статус бегалци набрзо ќе се вратат во својата земја“, истакна д-р Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти на АСО.

Одлуката на НБО важи за сите возила со украински регистарски таблички кои превезуваат лица со статус на бегалци од Украина без разлика дали возилата ќе транзитираат низ македонска територија или ќе останат во нашата земја. Одлуката на НБО ќе важи до 30 јуни годинава.

Како што велат, при носењето на одлуката НБО, во координација со АСО, се воделе од универзалните начела за солидарност и пружање помош за бегалци од воени подрачја.

„Ова е наш придонес со кој им посакуваме добродојде на лицата од Украина со статус на бегалци. Со овој чекор веруваме дека макар и малку ќе придонесеме за олеснување на нивната моментална положба. Сите членки на НБО покажаа исклучително силна солидарност и единство во барањето и наоѓање на решение со кое требаше заеднички да придонесеме во ублажување на тешката состојба во која се наоѓаат овие лица со статус на бегалци “, потенцираше Трајче Латиновски, директор на НБО.

Оваа одлука била донесена со консензус на сите 11 осигурителни компании за неживотно осигурување кои работат на македонскиот пазар за осигурување. Одлуката на Управниот одбор на НБО ја поддржаа: „Триглав Осигурување“, „Евроинс Осигурување“, „Сава Осигурување“, „Кроација осигурување – неживот“, АДОР „Македонија ВИГ“, „Осигурителна полиса“, „Винер ВИГ“, „Еуролинк“, „Граве неживот“, „Уника“ и „Халк осигурување“.

Управниот одбор на НБО одлучи од својот Гарантен фонд да ги надомести сите евентуални штети во сообраќајот што би ги предизвикале тие возила во земјава.

Со оваа одлука осигурителните компании, НБО и АСО приклучувајќи се на иницијативата од Владата, во рамки на надлежностите и можностите, дадоа свој придонес за ублажување на состојбата на лицата бегалци од Украина.

loading...

https://animeheaven1.com/. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

watch anime free JUJUTSU KAISEN

online anime AnimeHeaven How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom

animes online Hunter x Hunter (2011) (Dub)

animeheaven es One-Punch Man

AnimeHeaven One Piece