ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО: Се евидентираат штетите од невремето
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО: Се евидентираат штетите од невремето
БРАВО: Градоначалникот Костадинов го потпиша Колективниот договор кој предвидува и зголемување на платите
БРАВО: Градоначалникот Костадинов го потпиша Колективниот договор кој предвидува и зголемување на платите
Претрес во Кочани, пронајдена дрога, приведено едно лице, Приведен крадец во Куманово, фатен на дело, Приведен бегалец од затвор, Приведен крадец на уметнички слики, одреден притвор, а дел од одземеното вратено на сопственикот
Претрес во Кочани, пронајдена дрога, приведено едно лице, Приведен крадец во Куманово, фатен на дело, Приведен бегалец од затвор, Приведен крадец на уметнички слики, одреден притвор, а дел од одземеното вратено на сопственикот
Ковачевски на средба со граѓанскиот сектор: Владата партнерски низ дијалог и консултации носи одлуки во интерес на иднината на сите граѓани
Ковачевски на средба со граѓанскиот сектор: Владата партнерски низ дијалог и консултации носи одлуки во интерес на иднината на сите граѓани
(ВИДЕО) БРАВО: Меѓу ретките општини во Македонија, Кавадарци доби подземен катастар на водоводни линии, шахти и останата подземна инфраструктура на ЈП Комуналец
(ВИДЕО) БРАВО: Меѓу ретките општини во Македонија, Кавадарци доби подземен катастар на водоводни линии, шахти и останата подземна инфраструктура на ЈП Комуналец
ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО ЗЕМЈАТА - НИКОЛЧЕ МИСКОСКИ, КРИВОГАШТАНИ
ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО ЗЕМЈАТА - НИКОЛЧЕ МИСКОСКИ, КРИВОГАШТАНИ
КОВАЧЕВСКИ КОН МИЦКОВСКИ: Нека мисли малку на народот не само на својата кариера, тој беше против НАТО, сега е против ЕУ, ако сака да живее во изолација нека се затвори сам некаде, но нека не го турка народот да живее во изолација
КОВАЧЕВСКИ КОН МИЦКОВСКИ: Нека мисли малку на народот не само на својата кариера, тој беше против НАТО, сега е против ЕУ, ако сака да живее во изолација нека се затвори сам некаде, но нека не го турка народот да живее во изолација
Ковачевски на средба со дипломатскиот кор: Северна Македонија е членка на НАТО, нејзиното местото е и во ЕУ
Ковачевски на средба со дипломатскиот кор: Северна Македонија е членка на НАТО, нејзиното местото е и во ЕУ

Македонско судство: Плати од 1000 до 1800 евра, доверба од 8 отсто и закана за штрајк на 28 април

Наближува датумот 28 април за кога судиите најавија предупредувачки штрајк, а од Владата нема реакција дали ќе им бидат исполнети барањата. Здружението на судии испрати писмо на почетокот на месецов до Владата дека ќе стапат во штрајк доколку не им бидат зголемени платите. „Здружението на судии бара да се усвојат во најкраток можен рок договорените измени за зголемување на коефициентот за пресметка на платите за најмалку 15 отсто, а исто така да бидат усвоени и измените на Законот за платите на судиите“, се вели во заклучоците кои беа испратени до министерот за правда Никола Тупанчески и до Владата.

Во писмото дадоа и рокови коефициентот да биде зголемен најдоцна за две седмици, додека пак за измените на Законот за плати на судиите, зададениот краен рок е 30 јуни 2022 година.

Владата и министерот за правда го премолчеа ултиматумот со кој судиите се закануваат со предупредувачки штрајк а како датум за штрајкот е определен 28 април, во периодот од 11-11.30 часот.

Висината на платата на судиите се утврдува во зависност од видот на судот, специјализираниот судски оддел односно видот на предмети по кои судијата постапува, внатрешните должности во судот на пример дали е претседател на судот, во кој оддел или одделение решава предмети но и должината на судскиот стаж, потоа научно-стручните звања и специјализацијата како и постигнатите резултати во вршењето на судиската функција.

Основица за пресметување на платата е просечната исплатена месечна плата по вработен во државата за претходната година според податоците на Државниот завод за статистика. Притоа коефициентот за утврдување на плата на судија на основен суд и на заменик на основниот јавен обвинител, изнесува до 2,80 а бараат да биде 3,20, а за судија на Апелационен суд 3,20 со барање да биде 3,70. Судија на Врховен суд и претседател на Апелационен суд имаат коефициент до 3,40 а со измените што ги бараат тој коефициент треба да изнесува 3,90, додека пак на претседателот на Врховен суд коефициентот за пресметка на платата изнесува до 3,70 а се бара да изнесува 4,20. На платите судиите добиваат и додатоци од 15 отсто кои сега се движат меѓу 8 500 и 11000 денари.

Грубата пресметка покажува дека судија на Основен суд има основна плата околу 56 000 денари а бараат да биде 65 000 денари, судија на Апелационен суд има во просек основна плата од 65 000 денари а се бара таа да изнесува 75 000, претседател на Апелационен суд и судија на Врховен суд имаат плата од 69 000 денари а со бараното зголемување би стигнале до 79 000, додека претседател на Врховен суд кој сега има основна плата околу 74 000 денари би имал 84 000 денари. На овие суми се додаваат и додатоците кои изнесуваат околу 15 отсто на платите или платите им се поголеми во износи од 8500 до 11 000 денари. Судиите на основната плата добиваат и додаток за стаж кој изнесува 0,5 отсто покачување за секоја година стаж но не повеќе од 20 отсто од платата, потоа додатоци за ризик, за доверливост, додатоци за видот на кривични дела за кои се специјализирани, колку судии има одделот со кој раководат итн.

(Сторијата продолжува по рекламите)

Во меѓувреме во јавноста се уште одѕвонуваат критиките за бавноста и неефикасноста на судскиот систем во Северна Македонија од кои последните и од амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз која разочарано констатира дека САД инвестирале во македонското судство и дека очекуваат да видат дека инвестициите не биле залудни.

Неодамнешната анкета на „Еуротинк“ покажа дека довербата во судството во Македонија имаат само 8 отсто од граѓаните. Овој запрепастувачки податок како никого да не го вознемири, а судството продолжи по својата веќе воспоставена практика на скандали без разрешница, како оној со судијата Лазар Нанев кој патуваше на фудбалски натпревари на нашата репрезентација на сметка на Фудбалската федерација, судски пресуди кои наидуваат на недоверба во јавноста, и сето тоа дополнето со закани за штрајк на судиите поради незадоволство од висината на платите.

Бранот штрајкови и закани за штрајкови, како и барањето на судиите за зголемување на нивните плати, пак доведоа и до реакција и од синдикатот на вработените во управата и правосудните органи кои исто така бараат зголемување на платите. Претседателот на овој синдикат Трпе Деаноски ни изјави дека не е фер, како што рече, платите на судиите да се зголемат за 15 отсто, а за другите вработени да нема зголемување.

„Ние бараме линеарно зголемување на платите за 2.806 денари за сите вработени во државната управа, во локалната управа и во правосудството. Не е фер да им се зголемат платите само на судиите за 15 отсто, а за другите вработени да нема зголемување. Ако се случи тоа, тогаш ќе има уште поголеми разлики во платите на вработените кои сега се движат во сооднос од 1 спрема 3. Тоа е многу неправедно и ќе предизвика дополнително незадоволство, затоа што ако судија во основен суд зема плата од околу 60. 000 денари , тогаш тој ќе добие зголемување од 150 евра, а стручен соработник со завршен Правен факултет и положен правосуден испит, кој ги има речиси истите работни задачи како и судијата а е со плата од 25.000 денари, да не добие ништо“, вели Деаноски во изјавата за НоваТВ.

Деаноски посочува дека зголемувањето на платата само на судиите ќе создаде нов, како што вели, јаз, во платите. „Можам да кажам дека е огромно незадоволството, секој ден добиваме барања од нашите членови за корекција на платите, очекувам притисокот да расте, ова не може повеќе да се толерира“, рече тој во изјавата за нашиот портал. (С.К.)

loading...

go88 bản chuẩn nạp tiền go88 bằng sms Game Go88 mới nhất 2022 dành cho iphone

sunwin âu mỹ sunwin b52 code sunwin