Комплетно се реновирани 5 дијабетолошки амбуланти и направена е посебна амбуланта за преглед на итни пациенти. Отворивме и Кабинет за дијабетично стапало опремен со термален скенер за стапало и дигитален биотензиометар – вибротест.
Во оваа установа сите амбуланти се опремени со UV ламби со цел темелна дезинфекција на просторот. Покрај сите предизвици со Ковид 19, успешно ги продолжуваме и редовните активности за унапредување на услугите во јавното здравство и условите за работа на здравствените работници.