Блинкен: Војната на Русија ќе доведе до глад 40 до 50 милиони луѓе
Блинкен: Војната на Русија ќе доведе до глад 40 до 50 милиони луѓе
Бројот на починати мигранти во камионот во Сан Антонио достигна 51
Бројот на починати мигранти во камионот во Сан Антонио достигна 51
СРАМНО И БЕДНО - СЕ ПЛАШИ ДА НЕ ГИ НАЛУТИ РУСОФИЛИТЕ: МИЦКОВСКИ ЧЕТИРИ МЕСЕЦА НЕМА УСТА ОТВОРЕНО ЗА УКРАИНА, КАКО ДА ВОЈНАТА ВООПШТО НЕ СЕ СЛУЧУВА!
СРАМНО И БЕДНО - СЕ ПЛАШИ ДА НЕ ГИ НАЛУТИ РУСОФИЛИТЕ: МИЦКОВСКИ ЧЕТИРИ МЕСЕЦА НЕМА УСТА ОТВОРЕНО ЗА УКРАИНА, КАКО ДА ВОЈНАТА ВООПШТО НЕ СЕ СЛУЧУВА!
Пендаровски: Во целост да го поддржиме украинскиот народ во одбраната на нивната територија
Пендаровски: Во целост да го поддржиме украинскиот народ во одбраната на нивната територија
Започна Самитот на НАТО во Мадрид, за безбедноста задолжени над 10.000 полицајци
Започна Самитот на НАТО во Мадрид, за безбедноста задолжени над 10.000 полицајци
Макрон го осуди апсурднотo утврдување на цената на струјата во Европа со цената гасот
Макрон го осуди апсурднотo утврдување на цената на струјата во Европа со цената гасот
Посетителите на ЗОО Скопје ќе даваат предлози за имиња на трите женски лавчиња
Посетителите на ЗОО Скопје ќе даваат предлози за имиња на трите женски лавчиња
(ВИДЕО) Тренчевска: Згрижувачките семејства се од исклучителна важност за едно општество
(ВИДЕО) Тренчевска: Згрижувачките семејства се од исклучителна важност за едно општество

Максим Димитриевски: Акцент ставаме на инвестициите и развојот на економијата во Куманово, да го придвижиме градот напред и работно да ги ангажираме луѓето

Почитувани,

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во вечерашното
гостување во емисијата „Став“ на локалната ТВ Плус истакна дека во
вториот мандат особен акцент ќе биде ставен во делот на инвестициите и
развојот на екомијата во градот, покрај решавањето на комуналните
проблеми.

„Развојот на економијата е едно од основните работи за да се придвижи
градот напред и работно да ги ангажира луѓето, да ги подобриме
квалитетот и условите за работа на сите оние постоечки компании кои се
во нашиот град, но и дополнително на сите оние домашни и странски
компании коишто сакаат да инвестираат во новата индустриска развојна
зона Новини и Речица. Веќе имаме издадено една градежна дозвола за
изградба на 10 илјади квадратни метри површина или градежна парцела која
претходно беше купена од страна на странски инвеститор по пат на јавно
надавање по цена од околу 15ипол евра од метар квадратен. Средствата се
уплатени, 80% од тие средства ги доби општината. Преземаме обврска
дополнително да ги реинвестираме во индустриската развојна зона Новини и
Речица“, посочи Димитриевски.

Тој информираше дека фирмата е од Лариса, Грција и се работи за фирма
што произведува бетонски производи.

„Тоа се различни типови на бетонски елементи од оние најосновните,
ивичнаци за поставување на тротоари, се до монтажни хали за
индустријата. Се работи за една реномирана компанија која веќе најави
дека до крајот на годината ќе ја реализира оваа инвестиција и во првата
фаза би требало да вработи околу 50 луѓе. Дополнително, исто така, ја
информиравме јавноста дека во соработка со локален инвеститор во близина
на локацијата на индустриската зона ќе се инвестира и во фаза сме на
обезбедување на целата техничка документација и урбанистички план во
населено место за изградба на нов производствен капацитет на
реномираната компанија Дрекслер Маер. Во следните две години согласно
презентацијата на менаџментот на оваа компанија којашто ја направи пред
четири месеци, пред мене како општинско раководство, нивниот домашен
партнер и германската амбасада има за цел да вработи некаде околу 2000
луѓе во нашата општина“, потенцираше Димитриевски.

Во емисијата, Димитриевски рече дека се разговара и со други
потенцијални инвеститори.

„Ние не застануваме тука. Интензивно разговараме и со други потенцијални
инвститори. Верувам дека во иднина ќе изнајдеме сили во иднина да
привлечеме поголем број на инвеститори од странство. Исто така, апелирам
и до домашните претпријатија да се заинтересираат за инвестиции во
нашата нова индустриска развојна зона. Имаме најави за инвестиции од
компанијата Лидл, во фаза на разговори сме. Куманово е отворено за
инвестиции и тоа ќе биде едно од нашите главни цели да ја придвижиме
економијата и побрз економски раст во општината“, изјави Димитриевски.

Со почит,

loading...

chơi go88 trực tuyến

sunwin energy sunwin hop sunwin của ai