ЗАЕВ НА ФЕЈСБУК: МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ ОСИГУРАНИ И ГАРАНТИРАНИ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА И СО ТОА ПРИЗНАЕНИ И ПРИФАТЕНИ ОД ЕУ. Тоа е прво и апсолутно најважно
ЗАЕВ НА ФЕЈСБУК: МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ ОСИГУРАНИ И ГАРАНТИРАНИ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА И СО ТОА ПРИЗНАЕНИ И ПРИФАТЕНИ ОД ЕУ. Тоа е прво и апсолутно најважно
РАМА: Прифатетет го предлогот, зашто нема да има друг предлог. Не ви треба да останете пред вратата на ЕУ уште 17 години
РАМА: Прифатетет го предлогот, зашто нема да има друг предлог. Не ви треба да останете пред вратата на ЕУ уште 17 години
Чисто е - одредницата за македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дообјаснувања, напиша Гир на Твитер
Чисто е - одредницата за македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дообјаснувања, напиша Гир на Твитер
Ковачевски утре ќе се сретне со Села
Ковачевски утре ќе се сретне со Села
ГРАД СКОПЈЕ: Бројни интервенции извршени од страна на екипите на јавните претпријатија по невремето кое го зафати Скопје
ГРАД СКОПЈЕ: Бројни интервенции извршени од страна на екипите на јавните претпријатија по невремето кое го зафати Скопје
МВР НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД НАМЕРАТА ДА ВОВЕДЕ РЕД НА ПАТИШТАТА: Во еден ден казнети 247 возачи
МВР НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД НАМЕРАТА ДА ВОВЕДЕ РЕД НА ПАТИШТАТА: Во еден ден казнети 247 возачи
(ВИДЕО) БОМБА НА ЕФТОВ: ПРОТЕСТИТЕ СЕ БИТКА ЗА РАНЕТИТЕ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА, ОЧАЕН ОБИД НА МИЦКОВСКИ ДА ГИ СПАСИ ДРУГАРИТЕ И ПАРТИСКОТО СЕДИШТЕ
(ВИДЕО) БОМБА НА ЕФТОВ: ПРОТЕСТИТЕ СЕ БИТКА ЗА РАНЕТИТЕ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА, ОЧАЕН ОБИД НА МИЦКОВСКИ ДА ГИ СПАСИ ДРУГАРИТЕ И ПАРТИСКОТО СЕДИШТЕ
АПАСИЕВ СЕ ЗАКАНУВА: ОД УТРЕ ПОЧНУВАМЕ СО НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ, ЗА ПОЧЕТОК ЌЕ ФРЛАМЕ ЈАЈЦА А КАМЕЊА КОН ВЛАДАТА
АПАСИЕВ СЕ ЗАКАНУВА: ОД УТРЕ ПОЧНУВАМЕ СО НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ, ЗА ПОЧЕТОК ЌЕ ФРЛАМЕ ЈАЈЦА А КАМЕЊА КОН ВЛАДАТА

Максим Димитриевски: Годинава предвидено е интервенција и изградба на повеќе од 30 улици во Куманово, ние сме една од ретките општини што исплаќаме социјални трансфери на најзагрозени групи на граѓани

Почитувани,

Во вчерашното гостување во емисијата „Став“ на ТВ Стар, градоначалникот
на општина Куманово Максим Димитриевски во однос на изградбата на кружни
токови во градот информираше дека еден кружен ток според договорот треба
да биде изграден до крајот на годината.

„На последниот состанок со изведувачот добив најави дека можно е да се
изгради некаде до средина на летниот период што според мене е добро.
Градежните работи се одвиваат со одлично темпо, со оглед дека само што
излеговме од зимскиот период и сè уште имаме променливо време.
Дополнително, штом некаде ќе бидеме во завршна фаза со изградба на овој
кружен тек од аспект на непречено движење на сообраќајот, ќе го
отпочнеме со градба и новиот кружен тек којшто е на локација Серава, или
тоа е раскрсницата помеѓу улица Гоце Делчев со бул. Трета Македонска
ударна бригада. За оваа година се планирани тие две капитални
инвестиции, а дополнително веќе работиме на обезбедување проектна
документација за следната година за раскрсницата Доне Божинов со
Октомвриска револуција. Оваа година имаме за обврска да ја завршиме
експропријацијата на кракот на булеварот којшто продолжува до градскиот
парк. Веќе имаме предвидено некаде околу 8 или 9 милиони денари во
развојната програма за пробивање конечно на булеварот, тоа е децениски
проблем којшто тој дел од булеварот не беше пробиен. Верувам дека ќе
успееме да го направиме тоа за да можеме веќе следна година да ја решиме
оваа раскрсница со кружниот ток и следната година ќе се проектира во
целост кружниот ток на булевар Трета Македонска бригада со Тоде Мендол
или тоа е раскрсницата кај градскиот пазар за да можеме да го
реализираме во текот на 2024 година“, рече Димитриевски.

Димитриевски најави дека за оваа година ќе има интервенција или изградба
на повеќе од 30 улици на различни локации во градот.

Во емисијата, тој истакна дека неговиот план во овој мандат е да се
намалат драстично комуналните проблеми, а паралелно се планира да се
работи и на територија на градот и во делот на руралните средини,
потенцирајќи дека сите инвестиции ќе бидат избалансирани.

Димитриевски изјави дека Општина Куманово е една од ретките општини што
исплаќа социјални трансфери до најзагрозените групи на граѓани.

„Општина Куманово е една од ретките општини што исплаќа социјални
трансфери до најзагрозените групи на граѓани, исплаќаме еднократна
парична помош во период од две години на социјални корисници во износ до
6 илјади денари. Дополнително, на самохраните родители им ја плаќаме
месечната сметка за надомест на давачките за ѓубре и потрошена вода. Дел
од онаа група што порано ја нарекувавме штечајни работници, сега се
трансферираше во група на социјални корисници кои исто така ги покриваме
и плаќаме дополнително асистенти за лицата со попреченост. Овие средства
во делот на социјалната заштита ќе мора да се зголемуваат, но
дополнително да се зголемуваат трансферите на ниво на централната власт
да се трансферираат на локално ниво, бидејќи во моментов користиме
исклучиво наши, сопствени средства“, посочи Димитриевски.

loading...

https://tai.go88.is/

hack sunwin hủy lệnh rút tiền sunwin sunwin live