ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат

МАКСО СЕ ИЗБРУКА – ГАЗДИТЕ ГИ ВОЗЕА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ФАБРИКИТЕ ОТИ КУМАНОВО ОСТАНА БЕЗ ЈАВЕН ПРЕВОЗ

Од 1 јануари, кумановци останаа без градски превоз затоа што Општината не ја заврши постапката за избор на нови фирми за превоз на патници. (Фото: СДК.МК)

Сопственици на фабрики и приватни фирми утринава ги превезуваа своите вработни на работните места, затоа што од 1 јануари Куманово остана без градски превоз, оти Општината не ја заврши постапката за избор на нови фирми за превоз на патници. На првиот работен ден во новата година, тие се организираа со своите пријатели или вработени и ги возеа работниците од приградските и селски населби на работа.

„Хаос е од изутрина во превозот. Сабајле од 5 саат заедно со роднина сме во околните населби Умин Дол, Табановце, Горно Којнаре, Бабин Дол и другите. Направивме по 4 тури и ги довезовме сите работници. Оние од градот си дојдоа со свои автомобили или ги довезе некој од домашните. После работа пак ќе ги вратиме. Не само јас, и другите газди го правеа истото. Бараме под итно Општината да најде начин да го врати превозот. Срамота е градот да остане без градски превоз. Кога нè посетуваше градоначалникот пред избори на работниците им вети редовен превоз“, вели сопственик на погон за чевли во Куманово.

Тој додава дека дел од неговите колеги ги ангажирале дивите таксисти, а голем дел од работниците откако останале на цедило барале такси превоз од регистираните компании.

„Точно е дека утринава од 6 до 7 часот имавме голем број повици од приградските населби. Главно се јавуваа жени и бараа по 2-3 возила. Најверојатно цела група останала без превоз. На некои им пративме коли и тоа беа работнички од поранешен ‘ЧИК’ и ‘Киро Фетак’, а за голем дела немавме возила и не можевме да ги услужиме“, велат од една такси компанија во Куманово.

Од компанијата „Оли-травел“, кажуваат дека кај нив постојано се јавуваат фирми и граѓани и бараат да пуштат автобуси, но тие немаат дозволи за превоз, кои треба да им ги издаде Општината. Досега никој од Општината не ги контактирал или им се обратил за решавање на проблемот.

Општина Куманово тендерот го распишала на 15 декември и отворени се понудите, но новите превозници ќе започнат со работа по завршување на жалбениот период и потпишување на договорите. Ако никој не се жали, постапката ќе заврши за 15-на дена, но ако има приговори таа може да се развлече со месеци.

Во Општина Куманово јавен градски превоз користат над 15.000 граѓани, од тоа 5.000 ученици во основните и средни училишта.

loading...

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

anime heaven au Boruto: Naruto Next Generations (Dub)

anime heaven That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (Dub)

AnimeHeaven Naruto: Shippuden (Dub) Episode 492

Komi Can’t Communicate Episode 10

Record of Ragnarok