МАКСО ВЕЌЕ ПОЧНА ДА ПЛАЧЕ, ПОЧНА ДА СЕ ПРАВДА ЗА ПОРАЗОТ КОЈ ГО ЧЕКА ВО КУМАНОВО

Почна веќе Максо да бара изговори за поразот кој го чека за две недели.

Па пратил мејл до сите медиуми во кои се жали дека Спасовски му сметал во кампањата не му давал да се промовира…

Но истиот овој Максо ја лажеше јавноста дека СДСМ го наместила со лажен тест дека е позитивен на ковид?!?! Дека владата намерно не сакала Куманово да има помалку заболени за да му ја уништи политичката кариера на Максо?!?!

Па дури се шпекулира дека се јавувал кај претседателот и барал заштита затоа што наводно некој од владата сакал да го ликвидира?!?! Ете колку треба да му верувате на овој забеган Максо…

Еве го мејлот:

Почитувани,

Граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“, изразува жалење што СВР Куманово под притисок на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски последниот период го злоупотребува МВР за спречување на сите законски и тековни активности и проекти на општината кои се во интерес на граѓаните од Куманово, а се предвидени во годишната инвестициона програма.

И покрај тоа што во текот на вчерашниот ден беше потпишан кодекс за фер и демократски локални избори од страна на кандидатите за градоначалници, истиот се прекршува и не се почитува веќе првиот ден од потпишувањето.

Ако Министерството за внатрешни работи 11 години функционираше за потребите на ВМРО и беше познато под псевдонимот МВРО, сега истото министерство работи за политичките потреби на СДСМ и станува СДСМ-МВРО.

Апелираме, Министерството за внатрешни работи и министерот Спасовски професионално да раководат со оваа институција.

Со почит