ЈОВАНОСКИ: Најостро го осудувам дискриминаторскиот однос на менаџментот и вработените во спортско-рекреативниот центар „Маркови кули“, кон наши сограѓани од ромската етничка заедница
ЈОВАНОСКИ: Најостро го осудувам дискриминаторскиот однос на менаџментот и вработените во спортско-рекреативниот центар „Маркови кули“, кон наши сограѓани од ромската етничка заедница
Тензии во Црното Море: Руски истрели кон британски воен брод
Тензии во Црното Море: Руски истрели кон британски воен брод
БРАВО - ОПШТИНА АЕРОДРОМ НАПРАВИ СТАНИЦА КАДЕ СЕКОЈ ДЕН МОЖЕ ДА СЕ ФРЛА СТАР МЕБЕЛ И ДОТРАЕНА БЕЛА ТЕХНИКА
БРАВО - ОПШТИНА АЕРОДРОМ НАПРАВИ СТАНИЦА КАДЕ СЕКОЈ ДЕН МОЖЕ ДА СЕ ФРЛА СТАР МЕБЕЛ И ДОТРАЕНА БЕЛА ТЕХНИКА
(ВИДЕО) Вицепремиерот Битиќи се фати за чук и мистрија на настан на Habitat for Humanity – Максимално сме посветени на создавање на солидарно, правично и општество за сите граѓани
(ВИДЕО) Вицепремиерот Битиќи се фати за чук и мистрија на настан на Habitat for Humanity – Максимално сме посветени на создавање на солидарно, правично и општество за сите граѓани
ФРЧКО НАЦИОНАЛЕ: ВРЕМЕ Е ДА БАРАМЕ ДРУГИ ПАТЕКИ И ДРУГИ АРАНЖМАНИ НА ПАТОТ КОН БРИСЕЛ!
ФРЧКО НАЦИОНАЛЕ: ВРЕМЕ Е ДА БАРАМЕ ДРУГИ ПАТЕКИ И ДРУГИ АРАНЖМАНИ НА ПАТОТ КОН БРИСЕЛ!
Обвинителката Фетаи лесно повредена во сообраќајка
Обвинителката Фетаи лесно повредена во сообраќајка
ФРЧКО НАЦИОНАЛЕ: БУГАРИЈА НИ НАНЕСЕ ТЕШКА РАНА КОЈА ТЕШКО ДЕКА НЕКОГАШ ЌЕ ЗАРАСНЕ!
ФРЧКО НАЦИОНАЛЕ: БУГАРИЈА НИ НАНЕСЕ ТЕШКА РАНА КОЈА ТЕШКО ДЕКА НЕКОГАШ ЌЕ ЗАРАСНЕ!
Милевски: Децата пред се, училиштето во Косоврасти реновирано според најнови стандарди
Милевски: Децата пред се, училиштето во Косоврасти реновирано според најнови стандарди

МАКТЕЛ СТОРИЈА – КОЈА Е ПРЕДНОСТА НА ПЛИНОТ ПРЕД БЕНЗИНОТ И ДИЗЕЛОТ, КОЛКУ Е БЕЗБЕДЕН, КОЛКУ ЧИНИ, КОИ ВОЗИЛА МОЖЕ ДА СЕ ПРЕНАМЕНАТ НА ПЛИН…

Мактел направи интервју со еден од водечките стручњаци за плински уреди во земјава кој е менаџер на една од најголемите македонски фирми кои инсталираат плински уреди во возилата, Плимонт. Еве што дознавме на оваа тема.

1. Дали само од бензин може возилото да се пренамени на гас или може и за дизел возилата?

Речиси сите типови на автомобили кои користат бензин, со карбуратор, со вбризгување и со директно вбризгување можат да се конвертираат на автогасен погон. Сепак постојат и возила кај кои не е можно или не е препорачливо да се постави автогасен уред. Затоа наша препорака е ако се набавува возило на кое се планира да се инсталира ТНГ или ЦНГ систем претходно да проверите со специјализиран автогасен сервис дали конкретниот модел на возило може да се конвертира и кој тип на систем треба да се инсталира на него.

Во однос на дизел возилата, развиени се DUAL FUEL автогасните уреди со кои се овозможува дизел моторите да се конвертираат во мотори кои работат со мешавина од дизел и природен гас. Оваа технологија пред се е наменета за намалување на загадувачките емисии во издувните гасови на дизел моторите. Во моментов овие уреди може да се применуваат кај одредени типови на лесни и средно-тешки комерцијални возила.

2. Колку се безбедни плинските уреди, можете ли да ни дадете некаква статистика за несреќи, дали вие гарантирате дека уредот нема да експлодира, народот се плаши од плинот му делува како да носи бомба во гепек…

Возилата со вградени автогасни уреди ги исполнуваат истите безбедносни стандарди кои се одредени и за возилата кои користат конвенционални горива. Резервоарите за ТНГ се произведуваат со употреба на 3,5 мм челични плочи, посебно термички обработени за да се избегне пукање во случај на деформација. (предизвикана на пример од сообраќајна несреќа).

Дополнително, резервоарите се опремени со безбедносни вентили кои оневозможуваат притисокот во резервоарот да го надмине максимално предвидениот. Тестовите и испитувањата за резервоарите, цевките и останатите компоненти се изведуваат под притисок од 45 бари, иако во нормални услови, работниот притисок на ТНГ во возилата никогаш не надминува 20 бари. Со текот на годините, со се поголемиот број на возила кои користат автогасен погон, како и поголемата достапност на информации од различним извори, се намалуваат предрасудите кон ова еколошко гориво.

3. Колку чини еден плински уред и колку е економичен плинот на долг рок и за какви возила се препорачува, мали, големи, со мала зафатнина со голема зафатнина итн итн…

Цената на автогасниот уред е во зависност од типот на моторот и возилото. За повеќето возила кои во моментов се возат на нашите улици цените се движат од 24,000 до 34,000 денари.
Вградувањето на автогасен систем во возило носи и значаен финансиски бенефит. Цената на автогасот во просек е од 50% до 60% пониска од цената на бензинот, така што и покрај минимално зголемената потрошувачка на ТНГ во однос на Бензинот, заштедата во потрошени финасиски средства е од 45% до 55%.

Големината на возилото и зафатнината на моторот не се пресудни за препораката за вградуување на автогасен уред, иако вистина е дека инвестицијата побрзо се враќа кај возилата кои се поголеми потрошувачи.

Воглавно користењето на автогас се препорачува за возачи кои постојано го користат возилото и поминуваат барем 4 до 5000 км во текот на една година.

4. Колку е еколошки плинот, дали е сличен на безоловен бензин или е многу повеќе еколошки?

Еколошката компонента на автогасот е главната причина за неговата се поголема употреба. Со вградувањена автогасен уред возилото со стандарден мотор ќе премине во возило со пониски емисии на штетни гасови и кое ќе исполнува построги регулативи за заштита на околината.

Издувните гасови на возилата на автогасен погон содржат значително помал процент на јаглерод диоксид, јаглерод моноксид, азотни оксиди, сулфур диоксид, бензен. Посебно е важно што возилата на гасен погон практично не продуцираат PM 10 честички кои се еден од главните причинители на атмосферското загадување во градовите.

5. Сум слушнал дека возилата кои ќе се пренаменат на плин многу лесно со едно копче можат пак да се вратат на бензин па возилото практично има два резервоара и може да помине многу повеќе пат без да застане на бензиска пумпа, што е добро на пример при одење во странство каде горивата се скапи?

Ракувањето со автогасните уреди од новата генерација е многу едноставно и не бара некое посебно внимание од возачот. Префрлувањето од автогас на бензин и обратно се прави со едно притискање на контролното копче кое се поставува на командната табла во возилото. Ваков избор на тип на гориво се прави и во возење.

Инсталирањето на автогасен систем практично ја удвојува автономијата на возилото, кое сега може да го користи капацитетите на бензискиот и на плинскиот резервоар. Во пракса тоа значи удвојување на растојанието кое возилото може да го помине без дополнување на гориво…

6. Какви марки на уреди ставате дали се тоа странски марки со долга традиција и дали има веќе на пазарот ефтини кинески продукти кои се со задоволувачки стандарди?

Најголем процент од уредите кои ги вградуваме се од реномираниот италијански производител Ландирензо, но користиме и уреди од останати квалитетни европски брендови. Сите автогасни уреди и компоненти кои легално се увезуваат во Македонија мора да ги исполнуваат строгите стандарди кои се предвидени во регулативите на Европската унија. За да се избегнат уредите со сомнителен квалитет, препорачуваме возачите да одберат компанија со традиција и искуство, која ќе се погрижи нивниот автомобил да добие квалитетен и соодветен уред, со почитување на сите стандарди за вградување на автогасен уред во моторно возило.

loading...

ANIMEFLIX Watch anime online, English anime online HD. Rilu Rilu Fairilu: Yousei no Door Episode 40

AnimeDao Watch anime online, English anime online HD. Watch Lupin III: Farewell to Nostradamus (Dub) Episode Full

4Anime Watch english anime Online in HD for FREE. Watch The Legend of Hei Episode Full

KissAnime Zippyshare: https://www.zippyshare.com/Kissanimemx