Османи на 132- та сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа
Османи на 132- та сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа
СЗО со важен апел до Русија: Обезбедете здравствена заштита на цивилното население во местата под руска окупација во Украина
СЗО со важен апел до Русија: Обезбедете здравствена заштита на цивилното население во местата под руска окупација во Украина
Николоски: Членството во ЕУ не смее да има алтернатива
Николоски: Членството во ЕУ не смее да има алтернатива
Се надевам Ахмети еден ден ќе заврши како Груевски, вели Села
Се надевам Ахмети еден ден ќе заврши како Груевски, вели Села
Бочварски – Рустеми: Не прифаќаме калкулации, рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид мора да се запази. Делницата од Требениште до Охрид ќе се пушти за сообраќај во август
Бочварски – Рустеми: Не прифаќаме калкулации, рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид мора да се запази. Делницата од Требениште до Охрид ќе се пушти за сообраќај во август
НА ОВОЈ ЧОВЕК МУ ДОЛЖИМЕ ГОЛЕМО ИЗВИНУВАЊЕ, ЏАБЕ ГО МАЛТРЕТИРАВМЕ 20 ГОДИНИ: И Вранишковски на литургијата на СПЦ и МПЦ во Белград
НА ОВОЈ ЧОВЕК МУ ДОЛЖИМЕ ГОЛЕМО ИЗВИНУВАЊЕ, ЏАБЕ ГО МАЛТРЕТИРАВМЕ 20 ГОДИНИ: И Вранишковски на литургијата на СПЦ и МПЦ во Белград
ОВОЈ РЕЖИМСКИ ПАУН КОНЕЧНО ЌЕ СЕ СООЧИ СО ПРАВДАТА: Истрагата за „МПМ“ е завршена, Срѓан Керим осомничен за три кривични дела
ОВОЈ РЕЖИМСКИ ПАУН КОНЕЧНО ЌЕ СЕ СООЧИ СО ПРАВДАТА: Истрагата за „МПМ“ е завршена, Срѓан Керим осомничен за три кривични дела
Битиќи од Кралството Данска: Јакнењето на вредносните ланци во регионот носи компетитивна предност за нашите земји како и зголемена предвидливост и стабилност за инвеститорите
Битиќи од Кралството Данска: Јакнењето на вредносните ланци во регионот носи компетитивна предност за нашите земји како и зголемена предвидливост и стабилност за инвеститорите

Малески: Двете влади прават многу вредна работа

Бариерите се пробиваат, мразот се крши, реториката се менува, договорена е обемна соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија. За една недела од посетата на Кирил Петков на Скопје, и на Димитар Ковачевски на Софија, поставени се шините по кои во следните месеци ќе се спроведуваат проекти во повеќе области. Првичните впечатоци се оптимистички, но дали почетниот ентузијазам ќе опстои на исто ниво и во текот на наредните месеци?

„Енергијата и ентузијазмот на двајца млади политичари Петков и Ковачевски кои размислуваат европски, не може – а да нема позитивен одраз врз подобрувањето на односите помеѓу Бугарија и РС Македонија“, вели првиот министер за надворешни работи во независна Македонија, Денко Малески.

„Се разбира, овие новодојденци на политичката сцена набргу ќе станат свесни дека политиката не е празен лист на кој се испишуваат политичките желби, туку испишан лист со ограничен простор за допишување. Во демократскиот политички процес, пак, и допишаното е подложно на оспорување од опозицијата. Сепак, обидот да се пробијат патиштата на соработка во најбуквална смисла на зборот (железничка линија, пат, авионска линија) ќе го поздрават сите разумни луѓе во двете земји, кои иднината ја гледаат во развој на економската и културната соработка и заеднички просперитет. Поддржувајќи ги најновите активности на двете влади, можеме само да жалиме што ваквите процеси не се почнати многу порано”, констатира Малески.

И фудбалски меч на владите

Покрај инфраструктурни проекти, зелена агенда, дигитална трансформација, заеднички проекти за културата, науката, образованието и младите, духот на новиот дијалог оди во насока на целосно релаксирање на досегашната атмосфера, која по бугарското вето достигна најниска точка во односите меѓу двете земји. Еден од примерите за тоа е и предлогот на бугарскиот министер за спорт, Радостин Василев, да се одигра фудбалски натпревар меѓу двете влади. Тој предложил да има заеднички младински инцијативи во различни области, двете земји да разменат искуства во однос на спортските училишта, развојот на масовниот спорт и спортската инфраструктура, а во резиденцијата „Бојана“ се разговарало и за заеднички спортски кампови за поддршка на олимписки тренинзи на бугарски и македонски спортисти.

„Ставајќи го во втор план она што нѐ раздвојува, во прилог на она што нѐ обединува, владите на двете држави прават една многу вредна работа: сериозно пристапуваат кон положувањето на темелите на еден проект кој ќе ги обврзува сите идни влади“, оценува Малески.

„Се разбира, поучени од претходните искуства знаеме дека ентузијазмот во политиката знае и да спласне со смена на власта и променетите приоритети на новите политички гарнитури. Но, нема да и биде лесно на ниту една политичка гарнитура да ги прекине воспоставените економски текови и инфраструктурни проекти, доколку земат сериозен замав во остатокот од мандатот на македонската влада, дури и да следува смена на власта после тој период”, смета амбасадорот.

Ваквите енергични обиди на двете влади брзо се регистрирани на „радарот” на ЕУ. Шефот на француската дипломатија, Жан-Ив Ле Дријан, вчера изрази надеж дека за време на француското претседателство со ЕУ (кое завршува на крајот на јуни), може да се одржи меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија и дека Скопје и Тирана може тогаш да ги започнат преговорите за членство во ЕУ. Како што јави бугарското национално радио (БНР), тој ова го изјавил пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.

Колку што знам, работите почнуваат да се средуваат малку по малку. Посетата на новиот бугарски премиер на Скопје помага за деблокирање и декларациите се во вистинска насока. Се надевам дека започнатата иницијатива ќе најде конкретен израз, за ​​да може постигнеме свикување на меѓувладина конференција за време на нашето претседателство или најдоцна во чешкото. Но, текот на настаните засега изгледа добро“, изјавил шефот на француската дипломатија.

Најтешките прашања

Најтешките прашања кои секако ќе дојдат на ред за решавање, се корпусот прашања од поблиската историја. Тие во дел од бугарската јавност беа нагласени и вчера, откако бугарската национална телевизија (БНТ) од програмата го повлече документарнот филм „Само затоа што беа Бугари“, посветен на т.н. „Крваво коледе“, односно настаните започнати меѓу шести и седми јануари 1945 година кога биле убиени или затворени неколку стотици македонски Бугари, за што Софија бара осуда од страна на РСМ. Два дена претходно во интервју за БНТ 4 емитувањето на филмот лично го најави директорот на БНТ, Емил Кошлуков, па неговото симнување од програмата синоќа резултираше со мал протест пред БНТ и критики дека станува збор за срамна отстапка поради гостите од Скопје, за цензура и национално предавство. Во овие критики предничеше младинскиот комитет на ВМРО-БНД, кој побара објаснување и оставка од министерот за култура Атанас Атанасов, и ги повика истомислениците секоја вечер во 22 часот филмот да го објавуваат на Фејсбук. Некои бугарски медиуми вчера го објавија филмот во нивните електронски изданија.

Колку историјата ќе влијае врз новиот пристап на градење доверба меѓу двете земји? Според Малески, мора да сме на чисто дека основниот проблем меѓу Македонија и Бугарија не е економски туку историски: како македонско-грчкиот, и македонско-бугарскиот спор произлегува од различното толкување на историјата на двата народи.

„Првиот се реши така што нашата државна политика мораше да се усогласи со европскиот и светскиот наратив за историјата на Хелените и на словенската македонска нација. Истото не чека и во случајот со Бугарија. Нашата историографија ќе мора да се прилагоди на европската и на светската историографија, оти постои нешто што се вика историски факти, кои не дозволуваат секој да си ја пишува историјата како што сака. Тоа би било како секој да може да си ја пишува сопствената биографија како што сака. Таквиот пристап, секој да си ја пишува историјата како што сака, е присутен на двете страни од границата: кај Македонците, во врска со заедничкото минато за кое нашите националисти велат – не постои, кај Бугарите кон македонската национална и јазична посебност за која бугарските националисти велат – не постои. Парадоксот е во тоа што, иако сите се согласни дека македонско-бугарскиот спор е посложен од оној со Грција, постојат очекувања дека тој може полесно и побргу да се реши. Можеби, ама треба многу работа и посветено политичко водство на двете страни, за да се срушат бедемите во нашите умови изградени од предрасуди, сомневања па и омраза, кои стојат на патот кон разбирање, пријателство и соработка“, оценува Малески.

Извор: дв

loading...

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

4Anime That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub)

4anime tv Hunter x Hunter (2011) (Dub)

4Anime How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom Episode 10

anime websites Dragon Ball (Dub)

4Anime My Hero Academia Season 2 (Dub)

tải go88