ЗАЕВ НА ФЕЈСБУК: МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ ОСИГУРАНИ И ГАРАНТИРАНИ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА И СО ТОА ПРИЗНАЕНИ И ПРИФАТЕНИ ОД ЕУ. Тоа е прво и апсолутно најважно
ЗАЕВ НА ФЕЈСБУК: МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ ОСИГУРАНИ И ГАРАНТИРАНИ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА И СО ТОА ПРИЗНАЕНИ И ПРИФАТЕНИ ОД ЕУ. Тоа е прво и апсолутно најважно
РАМА: Прифатетет го предлогот, зашто нема да има друг предлог. Не ви треба да останете пред вратата на ЕУ уште 17 години
РАМА: Прифатетет го предлогот, зашто нема да има друг предлог. Не ви треба да останете пред вратата на ЕУ уште 17 години
Чисто е - одредницата за македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дообјаснувања, напиша Гир на Твитер
Чисто е - одредницата за македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дообјаснувања, напиша Гир на Твитер
Ковачевски утре ќе се сретне со Села
Ковачевски утре ќе се сретне со Села
ГРАД СКОПЈЕ: Бројни интервенции извршени од страна на екипите на јавните претпријатија по невремето кое го зафати Скопје
ГРАД СКОПЈЕ: Бројни интервенции извршени од страна на екипите на јавните претпријатија по невремето кое го зафати Скопје
МВР НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД НАМЕРАТА ДА ВОВЕДЕ РЕД НА ПАТИШТАТА: Во еден ден казнети 247 возачи
МВР НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД НАМЕРАТА ДА ВОВЕДЕ РЕД НА ПАТИШТАТА: Во еден ден казнети 247 возачи
(ВИДЕО) БОМБА НА ЕФТОВ: ПРОТЕСТИТЕ СЕ БИТКА ЗА РАНЕТИТЕ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА, ОЧАЕН ОБИД НА МИЦКОВСКИ ДА ГИ СПАСИ ДРУГАРИТЕ И ПАРТИСКОТО СЕДИШТЕ
(ВИДЕО) БОМБА НА ЕФТОВ: ПРОТЕСТИТЕ СЕ БИТКА ЗА РАНЕТИТЕ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА, ОЧАЕН ОБИД НА МИЦКОВСКИ ДА ГИ СПАСИ ДРУГАРИТЕ И ПАРТИСКОТО СЕДИШТЕ
АПАСИЕВ СЕ ЗАКАНУВА: ОД УТРЕ ПОЧНУВАМЕ СО НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ, ЗА ПОЧЕТОК ЌЕ ФРЛАМЕ ЈАЈЦА А КАМЕЊА КОН ВЛАДАТА
АПАСИЕВ СЕ ЗАКАНУВА: ОД УТРЕ ПОЧНУВАМЕ СО НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ, ЗА ПОЧЕТОК ЌЕ ФРЛАМЕ ЈАЈЦА А КАМЕЊА КОН ВЛАДАТА

МАЛЕСКИ: Македонија и Бугарија се разминуваат како бродови во магла

Наим од албанската програма на МРТ ми го честита празникот и замолува да му дадам изјава за најновите собитија во македонско-бугарските односи. Што значи изјавата на премиерот Петков дека на Македонија ќе и треба десет години да стане членка на ЕУ и што ќе донесе посетата на нашиот минстер Османи на Софија утре. И се разбира, неизбежното прашање: Ќе добиеме ли датум за почеток на преговорите во јуни.

Веќе сите распознаваме две струи во бугарската политика: едната националистичко-популистичка на претрседателот Радев и втората „модернистичка“ на премиерот Петков. Притоа, разликата е во пристапот кон решавање на спорот а не во самиот спор. Првиот е на ставот дека условите поставени од Бугарија мора да се исполнат пред да се закаже меѓувладина конференција со ЕУ, додека вториот како да укажува дека десетгодишниот процес на пристапување им дава доволно време на двете страни да ги распреткаат јазлите на минатото. Вториот пристап е вистинскиот затоа што брзо решение нема, а сегашнава позиција е: ќорсокак.

Бугарија е парламентарна демократија во која животот на владата зависи од мнозинството во парламентот. Во таа смисла, се чини дека, поголем е маневарскиот простор на македонската влада отколку на бугарската. И двата парламенти имаат усвоено свои декларации кои се поништуваат едната друга, така што строгото придржување кон словото на декларациите значи дека решение нема да има. Но, декларациите не се запишани во камен. Таква декларација имаше и меѓу грчките партии околу името Македонија, па сепак, под притисок од САД и со храброста на двајцата премиери, после 25 години, се постигна компромис. Порано или подоцна, истото ќе мора да се случи и во бугарско-македонскиот спор. Интересно, иако сите велат дека македонско-бугарскиот спор е потежок од македонско-грчкиот, сите се однесуваат како да ќе се разреши самиот од себе.

Војната во Украина и неизвесната иднина на светскиот мир и на целиот меѓународен поредок во годините пред нас, бара единство на НАТО и надминување на внатрешните несогласувања. Во таа смисла се и притисоците од Вашингтон и од Брисел кон Бугарија да го крене ветото. Од друга страна истата војна го зајакна значењето на сојузот на демократските земји, па единството на Западниот сојуз доби уште поголема тежина во однос на аспирациите на идните членки како Македонија.

Сепак она што е разочарувачко е дека нема идеи за решение, последица и на фактот дека односите со Бугарија се сеуште табу тема кај нас, па сме постојано во дефанзива. Во недостиг на идеји, нашиот МНР го вади од фијока мртвиот португалски предлог. Македонскиот претседател Пендаровски изјави дека улогата на политичарите е да ги решаваат проблемите на своите народи денес, па ако се очекува тие да завземат став по историските прашања, спорот никогаш нема да се реши. Бугарскиот претседател, пак, ги нападна самите темели на нашата млада држава и нација со познатата антикомунистичка реторика за Коминтерна и за диктаторот Тито. Никогаш не ми било јасно зошто е потребно да се бега од фактот дека една голема сила како СССР влијаела врз текот на историјата на Балканот во време на Втората светска војна, исто онака како што САД и Западните сојузници ја дадоа пресудната поддршка за Република Македонија после Студената војна. На истата таа антикомунистичка линија се и обвиненијата на Радев против Тито, признатиот од сите, херој од Втората светска војна.

Македонија и Бугарија, како некогаш Македонија и Грција, сега се бродови во магла кои се разминуваат среде океанот на светската политика.

Денко Малески

loading...

cổng game go88 go88 link go88 êu

sunwin bị sập chưa bảng cầu tài xỉu sunwin sunwin máy chủ đặt ở đầu