(ВИДЕО) МАКЕДОНЦИТЕ ВО ХАЛКИДИКИ ЗАЧУДЕНИ КОЛКУ СЕ ЗАЕВИ СКРОМНИ: ЛЕТУВААТ ЗАЕДНО СО ОБИЧНИОТ НАРОДОТ НА ЕФТИНА ПЛАЖА ВО ПЕФКОХОРИ НА ПРВИОТ КРАК, НЕ СЕ НА ЕГЗОТИЧНИ ДЕСТИНАЦИИ КАКО МИКОНОС, МАЛДИВИ, ЕГИПЕТ, КУБА, СЕЈШЕЛИ
(ВИДЕО) МАКЕДОНЦИТЕ ВО ХАЛКИДИКИ ЗАЧУДЕНИ КОЛКУ СЕ ЗАЕВИ СКРОМНИ: ЛЕТУВААТ ЗАЕДНО СО ОБИЧНИОТ НАРОДОТ НА ЕФТИНА ПЛАЖА ВО ПЕФКОХОРИ НА ПРВИОТ КРАК, НЕ СЕ НА ЕГЗОТИЧНИ ДЕСТИНАЦИИ КАКО МИКОНОС, МАЛДИВИ, ЕГИПЕТ, КУБА, СЕЈШЕЛИ
БРАВО - НОВИ ГРАДИНКИ ВО КИСЕЛА ВОДА: УСЈЕ ЗА ПРВПАТ ДОБИВА ГРАДИНКА, НАСКОРО ГРАДИНКА И ВО РАСАДНИК
БРАВО - НОВИ ГРАДИНКИ ВО КИСЕЛА ВОДА: УСЈЕ ЗА ПРВПАТ ДОБИВА ГРАДИНКА, НАСКОРО ГРАДИНКА И ВО РАСАДНИК
БОМБА НА ОСМАНИ: Нема потреба да се гласа во собрание за францускиот предлог, тој е во рамки на декларацијата усвоена лани, се нудам да одам во ВМРО ДПМНЕ да им го објаснам предлогот
БОМБА НА ОСМАНИ: Нема потреба да се гласа во собрание за францускиот предлог, тој е во рамки на декларацијата усвоена лани, се нудам да одам во ВМРО ДПМНЕ да им го објаснам предлогот
ОСМАНИ: СПОРЕД ПРОТОКОЛОТ КОЈ ЌЕ ГО ОБЈАВИМЕ УТРЕ СЕ ПРЕДВИДУВА ОТВОРАЊЕ НА АРХИВИТЕ ВО ДВЕТЕ ЗЕМЈИ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД КОМУНИЗМОТ
ОСМАНИ: СПОРЕД ПРОТОКОЛОТ КОЈ ЌЕ ГО ОБЈАВИМЕ УТРЕ СЕ ПРЕДВИДУВА ОТВОРАЊЕ НА АРХИВИТЕ ВО ДВЕТЕ ЗЕМЈИ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД КОМУНИЗМОТ
ОСМАНИ: ГОВОРОТ НА ОМРАЗА КОН БУГАРИЈА НЕМА ДА СЕ ТАРГЕТИРА СО ЦЕНЗУРА ТУКУ СО АПЕЛИ И СООПШТЕНИЈА
ОСМАНИ: ГОВОРОТ НА ОМРАЗА КОН БУГАРИЈА НЕМА ДА СЕ ТАРГЕТИРА СО ЦЕНЗУРА ТУКУ СО АПЕЛИ И СООПШТЕНИЈА
ЌЕ ПАЃААТ РУСКИ АВИОНИ И ХЕЛИКОПТЕРИ ВО УКРАИНА: АМЕРИКА ПРАЌА ВО УКРАИНА НАЈСОВРЕМЕНИ СИСТЕМИ ЗА АНТИ ВОЗДУШНА ОДБРАНА ВРЕДНА 800 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
ЌЕ ПАЃААТ РУСКИ АВИОНИ И ХЕЛИКОПТЕРИ ВО УКРАИНА: АМЕРИКА ПРАЌА ВО УКРАИНА НАЈСОВРЕМЕНИ СИСТЕМИ ЗА АНТИ ВОЗДУШНА ОДБРАНА ВРЕДНА 800 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА РУСИТЕ: СО РАКЕТИ УБИЕНИ 30 ЖИТЕЛИ НА ОДЕСА
НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА РУСИТЕ: СО РАКЕТИ УБИЕНИ 30 ЖИТЕЛИ НА ОДЕСА
ОСМАНИ: Се разбира дека секое решение, предлог, којшто треба да задоволи две страни е компромисен и дека не е идеален само за едната страна, било кој предлог ќе треба да ги остави двете страни подеднакво задоволни или незадоволни
ОСМАНИ: Се разбира дека секое решение, предлог, којшто треба да задоволи две страни е компромисен и дека не е идеален само за едната страна, било кој предлог ќе треба да ги остави двете страни подеднакво задоволни или незадоволни

Малолетничките бракови се клучната причина за прекин на образованието кај Ромите, но не и единствената

Наметнато од неискоренетите стереотипи во традиционалните семејства, според искуството на експертите, најчесто очекувањата се дека девојчињата Роми треба да останат во семејството, да помагаат околу домаќинството, да се грижат за своите помали браќа и сестри, а таму каде што има млади мајки да се грижат за своите деца. Тоа е и клучната и главната причина зошто го напуштаат образованието, но не е единствената.

Овој поразителен факт во разговор со Мета.мк го потврди и мајка на три ќерки од кои две се омажиле за возрасни мажи пред да станат полнолетни. Сопругот на девојчето што стапило во вонбрачна заедница по своја желба на само 14 години има 25 години.

„Они си знаат сами, нивна работа е дали треба да учат. Од што живеат? Они кога не мислеа порано да учат, па сега да ги терам“, рече мајката чиј идентитет е познат на редакцијата.

Нејзините ќерки веќе се грижат за своите мали деца, а за најмалата, која има една ипол година, мајката рече дека ќе се обиде да го заврши образованието до крај.

Според законот за семејство, во брак може да стапи лице кое има наполнето 18 години. Во случај лицето да е малолетно надлежниот суд може да одлучи дека лице коешто наполнило 16 години може да стапи во брак, доколку исполнува одредени критериуми за физичка и ментална зрелост по процена од центарот за социјални работи и здравствена институција да добие дозвола да стапи во брак.

Но, иако се ретки, постојат малолетнички бракови што не можат да се официјализираат заради тоа што лицата кои сакаат да живеат во брачна заедница не го исполнуваат тој законски минимум од 16 години.

Според Кривичниот законик, детските бракови се забранети, а животот во вонбрачна заедница со малолетни лица се смета за повреда на правата на децата и претставува кривично дело.

Податоците на невладината организација Сонце од Тетово која активно придонесува кон граѓанска интеграција и еднаква практика на демократските права и можности на Ромите говорат дека ваквите бракови се особено се чести во средини каде живее најсиромашното население.

Мергита Стојановиќ, директорката на Сонце, вели дека процентот на малолетничките бракови кај Ромите несразмерно е висок во однос на не ромското население.

„Околу 15-20 проценти од малолетничките бракови се помеѓу децата Роми. Сепак, ова не треба да биде причина за стигматизација за ромската заедница затоа што останатите 80-85 проценти припаѓаат на другите етнички заедници во нашата држава“, изјави Стојановиќ.

Освен што малолетничките бракови имаат негативно влијание врз здравјето на младите девојчиња тоа е и една од причините за напуштањето на училиштето. Раната бременост може да ги принуди девојчињата да го напуштат училиштето без да ги завршат студиите и без потребните вештини, тие се соочуваат со тешкотии да најдат работа и следствено се изложени на висок ризик од сиромаштија.

Мерита Мустафи, која работи како правник и е во директна комуникација со граѓаните од социјално ранливи категории вели дека често им нудат на младите мајки да се вратат во училиште, но поради проблемите со кои се соочуваат немаат таква можност.

„Често се случува да имаме и млади мајки кои немаат можност да се вратат во училиштата и многу рано го напуштиле своето основно образование“, изјави Мустафи додавајќи дека праксата покажува дека склучувањето на малолетничките бракови се одобрува од страна на надлежните институции без притоа да се води грижа за нивното понатамошно образование.

Социјалната работничка Елена Силјаноски смета дека голем број на деца од 9 до 17 години не се вклучени во образовниот процес од најразлични причини како невработеноста на нивните родители, социјалната категорија на овие лица, социоекономскиот статус, сиромаштијата, ризикот од бездомништво, одењето во странство, и враќањето назад од странство.

„Министерството образование нема скратена програма со која на овие деца би им се овозможило да го надоместат пропуштеното образование за да може полесно да продолжат. Бидејќи знаеме од пракса, ние како невладин сектор дека голем дел од децата иако би се вклучиле во образовниот процес на 10 или 11 годишна возраст по природа не можат да се вклопат средината во којашто учат ученици од 6 и 7 годишна возраст. Тука наидуваат на големи проблеми како што се дискриминацијата, сегрегацијата на децата. Значи тоа се еден вид на проблеми коишто се како низа проследени и оттука произлегуваат и тие малолетнички бракови кај децата и голем дел на малолетните мајки коишто имаат свои деца не можат да се вклучат понатаму во образовниот процес, не поради тоа што тие не сакаат туку поради тоа што така ни е поставено во моментов образованието“, рече Силјаноски.

Стојановиќ вели дека треба да се преземат определени мерки во однос на тоа надлежните власти да ги евидентираат регистрираните и нерегистрираните малолетнички бракови.

Таа смета и дека законодавството треба да се усогласи законодавството и да се направи минималната законска возраст за стапување во брак да биде 18 години и со оглед на тоа да планираат кривични санкции за родителите и старателите.

„Исто така потребна е соработка помеѓу центрите за социјална работа, училиштата и наставниот кадар. Со оглед на тоа што наставниот кадар секојдневно одблиску е во контакт со девојчињата од ромската популација и обично таа рана детекција дека се во ризик да го напуштат училиштето и да стапат во малолетнички брак можат да го идентификуваат од прва рака“, рече Стојановиќ.

Но, според Стојановиќ проблемите со кои се соочуваат децата Ромчиња во образованието се повеќе.

„Првичната бариера за напуштање или непосетување на наставата е сиромаштијата. Родителите немајќи финансиски средства не можат да обезбедат облека, обувки и школски материјали. Исто така дел немаат проточна вода и поради неможноста да се одржува лична хигиена тие одлучуваат нивните деца да не ги пуштат на училиште за да ги заштитат од понатамошно малтретирање и омаловажување“, рече Стојановиќ.

Таа истакна и дека дискриминацијата е исто така причина за прекин на образованието, а сегрегацијата како најтежок облик на дискриминација за жал сè уште е присутна во нашата држава.

„Така заради непочитување на таканаречената реонизација и запишување на децата во реоните според нивното место на живеење добиваме чисти класови, паралелки само со деца Роми, дури некаде и цели училишта имаме такви заради непочитување на реонизацијата од страна на не ромските родители. Често се случува и во средините каде што децата Роми учат во училишта каде што учат и деца на други јазици да бидат физички одвоени од другите деца“, рече Стојановиќ.

Според неа дополнителен проблем е и тоа што за жал сè уште постојат деца кои не поседуваат лична документација и од тие причини не можат да се запишат во училиштата и да посетуваат настава или пак не се запознаени со своите права за образование.

loading...

tải game go88 md5 go88 đánh lô trên go88

Tải Sunwin APK IOS 2022 mới nhất | Đánh giá cổng game SUNVN sunwin lừa đảo sunwin impex