САНУ во доцните 80-ти и рани 90-ти се залагаше за велика Србија и го буцкаше Милошевиќ да ги крева на балван востанија Србите во Хрватска и Босна. Како резултат на тоа имаше крвави војни во цела Југославија и крв до колена, Србите беа избркани од Хрватска а во Босна беа избркани од Сараево и други средини. Во Косово исто доживееја погром. Лидер на тоа лудило беше академик Добрица Ќосиќ. Сега 30 години по тоа нас ни се случува македонски Добрица Ќосиќ во вид на забеганиот Љупчо Коцарев кој по професија е електро инженер, но дрви за историја и економија области кои не му се познати. Во Нова Македонија пишува во колумна:
Обвинувам за изневерување на македонските принципи, за плиткост, за неукост, за кусогледост, за самоукинување, за немање визија, за властољубие, за користољубие, за неправда, за немање осет за геополитичка стратегија, за работење против државните интереси.
Обвинувам за распаѓање на Македонија по сите основи, по сите шевови.
Обвинувам за поробена Македонија, демакедонизирана Македонија, за тоа што ја предадоа Македонија, онака, доброволно, од ќеф, за грст долари, за нестварен сон, за илузија, за „повисока цел“.
Обвинувам за големи лаги, круцијални предавства и празни ветувања што ги направија нашите животи да станат бесцелни, безидејни, нестварни, анксиозни, вознемирени, депресивни, конфузни, очајни.
Обвинувам за помор на македонскиот род, македонското име, за сè што е македонско.
Линк до колумната во Нова Македонија.
Иронијата е што човекот 20 години предавал на престижните универзитети во САД, но за компјутери и електро техника, за историја е дрво и аматер како оној забеганиот професор од УКИМ, што го преведува Каменот од Розета, Тентов…