БРАВО, ДЕЦАТА А НЕ СПОМЕНИЦИТЕ СЕ НАЈВАЖНИ - Устамитовa: За пет години изградивме 69 градинки, платите во детската заштита растат постојано
БРАВО, ДЕЦАТА А НЕ СПОМЕНИЦИТЕ СЕ НАЈВАЖНИ - Устамитовa: За пет години изградивме 69 градинки, платите во детската заштита растат постојано
Богоев: СДСМ покажа дека има план како да им помогне на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ како да им одмогне
Богоев: СДСМ покажа дека има план како да им помогне на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ како да им одмогне
МАЈМУНСКИТЕ СИПАНИЦИ ЈА КРЕНАА И СЗО НА НОЗЕ: Итен состанок, повод-новата епидемија
МАЈМУНСКИТЕ СИПАНИЦИ ЈА КРЕНАА И СЗО НА НОЗЕ: Итен состанок, повод-новата епидемија
НАЦИОНАЛИСТИТЕ ГО САРДИСАА БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР - Ковачев: Кирил Петков се однесува како Понтиј Пилат од Fokus 22.05.2022 10:11
НАЦИОНАЛИСТИТЕ ГО САРДИСАА БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР - Ковачев: Кирил Петков се однесува како Понтиј Пилат од Fokus 22.05.2022 10:11
Тренчевска од Берово: Преку унапредување на правата и услугите од системот на социјална заштита обезбедуваме поголема грижа за ранливите категории
Тренчевска од Берово: Преку унапредување на правата и услугите од системот на социјална заштита обезбедуваме поголема грижа за ранливите категории
Независниот Синдикат на Професионални Војници на Македонија денеска од 11 часот ке постави шатори и вреќи за спиење пред владата на РСМ
Независниот Синдикат на Професионални Војници на Македонија денеска од 11 часот ке постави шатори и вреќи за спиење пред владата на РСМ
(ВИДЕО) Десетина повредени од кои две лица потешко во пожарот во хотелот Буши
(ВИДЕО) Десетина повредени од кои две лица потешко во пожарот во хотелот Буши
(ВИДЕО) КАМПАЊА НА МВР И РБСП: Безбедноста на пешаците на прво место, значително намален бројот на жртви на патиштата
(ВИДЕО) КАМПАЊА НА МВР И РБСП: Безбедноста на пешаците на прво место, значително намален бројот на жртви на патиштата

Маричиќ: Ако во Бугарија има луѓе кои се декларираат како Македонци, тоа е нивно право и никој неможе да им го ускрати

Се обидов само да се држам во рамки на Уставот кој јасно ја утврдува улогата на нашата држава во однос на заштитата на македонскиот народ и нашите државјани. Принципиелно, само го кажав тоа што стои во нашиот Устав и што е наша обврска, без никому да ускратам какво било право.

Вака вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ ја објаснува неговата вчерашна изјава дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во регионот зашто тоа е внатрешно прашање на земјите, вклучувајќи ја и Бугарија.

Во интервју за телевизија Телма, Маричиќ нагласува дека за сите отворени прашања со Бугарија, вклучувајќи го и ова, за малцинствата, ќе се разговара.

На прашањето дали има македонско малцинство во Бугарија, вицепремиерот одговори: „Ако таму има луѓе кои така се декларираат, како Македонци, тоа е нивно право и тоа никој неможе да им го ускрати. Нивниот статус во државата Бугарија зависи од уставното уредување на Бугарија и од правата коишто им ги дава таа држава“.

Тој е дециден дека секој има право да се декларира како што мисли дека треба.

-Нашиот Устав, со 36 амандман од 2019 година, јасно ги утврдува улогата на нашата држава во однос на заштита и на македонскиот народ, но исто така и на нашите државјани. Во тој член од Уставот е утврдено дека РСМ се грижи за правата и за културниот идентитет на македонскиот народ, но и исто така дека се грижи за своите државјани надвор од државата, потенцирам за државјаните кои се во државјанска врска со државата и дека се грижи исто така за деловите на сите други народи кои живеат во РСМ, а се наши државјани и за нивната врска со татковината. Тоа е наша обврска и тоа мора и треба да го правиме. Но, исто така, во истиот амандман, се потенцира дека Северна Македонија нема да се меша во внатрешните прашања на која било друга држава, ниту пак на државите од соседството. Тоа ми беше поентата да го кажам, притоа не негирајќи било што или било кого. Секој има право во Европа да се декларира како што која етничка припадност мисли дека ја има и тие свои права да ги остварува во рамките на државата каде што живее, објасни Маричиќ.

Според него, затоа постојат и голем број конвенции, принципи, повелби и декларации кои ги заштитуваат малцинските права.

-Не би сакал да го коментирам Петков. Можам само да кажам дека за сите отворени прашања ќе разговараме во текот на овој процес што го отворивме денес со неговата посета и ќе имаме можност и на ова да се осврнеме. Принципиелно, само го кажав тоа што стои во нашиот Устав и што е наша обврска, без никому да ускратам било какво право. Напротив, мислам дека секој има право да се декларира како што мисли дека треба, а отвореното прашање, кое било отворено прашање, вклучувајќи го и ова, ќе имаме прилика да го разговараме. Прашањата што се отворени меѓу нас и Бугарија се повеќе, не е само едно. Не би било добро поединечно сите прашања да ги коментираме и решаваме. Затоа е толку обемна и структурата што ќе работи на овие отворени прашања: економија, транспорт, историја, европски интеграции, образование и култура. Сите или голем број од прашањата ќе се решаваат во еден погоелм пакет. Во таа смисла, секако дека ќе се осврнеме и на ова прашање, истакна Маричиќ.

извор: МИА

loading...

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

english dubbed anime One-Punch Man

AnimeHeaven Pokémon Journeys: The Series Episode 92

AnimeHeaven The Daily Life of the Immortal King 2nd Season

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2 Episode 9

anime heaven au SK8 the Infinity (Dub)