Одлична атмосфера во ВПД Волковија каде што на 19 деца кои се наоѓаат тука од името на Министерството за правда им подаривме новогодишни пакетчиња. Тие за возврат по подарија благодарница и украс кои само рачно го изработиле. На децата им посакав посакав добро здравје, да учат, да се надградуваат и откако ќе излезат да бидат луѓе кои со своето знаење и вештини ќе придонесуваат во заедницата.
Посебна благодарност до судијата Лазар Нанев кои на своја иницијатива собра донација во спортска опрема за децата и на директорот на ВПД Волковија за одличната организација и за грижата за установата.