Пријателство и долгогодишна соработка цврсто не поврзуваат со Црна Гора.
На денешната средба во Подгорица со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ разговаравме за евроинтеграциите и за нивните искуства во досегашните преговори со Унијата.
Тема секако беше и моменталната политичката ситуација во двете земји и политичкиот амбиент и процеси во Западен Балкан.
Заложбите и целта остануваат исти, интензивни реформи и европска иднина.