Ковачевски: Власите се значајни учесници во севкупниот развој на нашата држава
Ковачевски: Власите се значајни учесници во севкупниот развој на нашата држава
За случајот со снимката на Џафери треба да има постапка во Собранието, постапка базирана на процедура и докази, смета Ковачевски
За случајот со снимката на Џафери треба да има постапка во Собранието, постапка базирана на процедура и докази, смета Ковачевски
Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 11-то издание на самитот на „Македонија 2025“: Должност на државата е да му помогне на стопанството за да се преброди овој кризен период
Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 11-то издание на самитот на „Македонија 2025“: Должност на државата е да му помогне на стопанството за да се преброди овој кризен период
25 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ - НИКОБ ГРУПАЦИЈАТА СТАНУВА БИЗНИС ИМПЕРИЈА КОЈА НУДИ УСЛУГИ ПО ПРИСТАПНИ ЦЕНИ ЗА ШИРОКАТА ПОПУЛАЦИЈА - Кирил Лазаров: НИКОБ е бренд кој го создадоа задоволните клиенти
25 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ - НИКОБ ГРУПАЦИЈАТА СТАНУВА БИЗНИС ИМПЕРИЈА КОЈА НУДИ УСЛУГИ ПО ПРИСТАПНИ ЦЕНИ ЗА ШИРОКАТА ПОПУЛАЦИЈА - Кирил Лазаров: НИКОБ е бренд кој го создадоа задоволните клиенти
Ковачевски по повод официјалното пуштање во работа на две нови инвестиции на Групацијата НИКОБ - ПЗУ НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб: Посветени сме на севкупен економски развој и на заштитата на стандардот на граѓаните

Герасимовски: Учениците со посебни образовни потреби ќе ги посетуваат асистенти и за летниот распуст
Герасимовски: Учениците со посебни образовни потреби ќе ги посетуваат асистенти и за летниот распуст
ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА СКОПЈЕ: Продолжува санацијата на оштетувањата и обновата на хоризонталната сигнализација на улиците во општина Ѓорче Петров
ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА СКОПЈЕ: Продолжува санацијата на оштетувањата и обновата на хоризонталната сигнализација на улиците во општина Ѓорче Петров
Анѓушев со демант кон ВМРО-ДПМНЕ: Немам никаква поврзаност со „Осломеј”, апелирам партиите да не го злоупотребуваат моето име и моето семејство
Анѓушев со демант кон ВМРО-ДПМНЕ: Немам никаква поврзаност со „Осломеј”, апелирам партиите да не го злоупотребуваат моето име и моето семејство

Маричиќ: Новата енергија која беше видлива преку посетата на Петков треба да се прошири со конкретни чекори

Тој додаде и дека досега имало пристап да се држат сите прашања во пакет, што не донело резултати, иако точките биле добро определени од претходно

Оваа прва посета по формирањето на новите влади во Бугарија и Северна Македонија го претставува новиот пристап во разговорите со меѓусебно уважување, отворен дијалог и проширен круг на темите. Таа нова енергија, која беше видлива и на прес конференцијата на премиерите Петков и Ковачевски сега треба да се прошири и стави во функција на конкретни чекори и мерки за нова динамика, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека целта на новата динамика е да биде интензивна, продуктивна и да даде резултат во реален и видлив рок.

„Затоа договоривме уште во вторник да имаме заедничка меѓувладина седница во Софија. Таму ќе има сериозна бројка на министри од двете страни и ќе се формираат работните групи со што ќе се преземат конкретни должности и ќе се воспостави интензивна динамика на состаноци“,

истакна Маричиќ.

Тој додаде дека тоа ќе донесе конкретни и видливи резултати за градење доверба и ставање пред граѓаните видливо подобрување на односите меѓу двете држави и градење на атмосфера за решавање на отворените прашања и тргање на блокадата.

Во врска пак со договорот Бугарија да го користи краткото име, Маричиќ истакна дека ова прашање било една од блокадите од бугарска страна, која веќе ја нема.

“Ова прашање беше отворено пред повеќе од две години и беше една од трите блокади од бугарска страна. За да не го блокираат користењето на краткото име побараа да се испрати нота која објаснува дека Северна Македонија нема територијални претензии“,

објасни Маричиќ.

Тој додаде и дека досега имало пристап да се држат сите прашања во пакет, што не донело резултати, иако точките биле добро определени од претходно.

„Тактички беше важно да се реши ова прашање, како гест на добра волја од двете страни за да се затвори едно од отворените прашања. Останатите точки од пакетот 5+1 треба да се решат во пакет, но ова прашање беше најмалку спорно и веднаш се реши со што се покажа добра волја од двете страни“,

потенцираше Маричиќ.
Вицепремиерот за европски прашања истакна и дека целта на новиот пристап во разговорите со Бугарија е да се вклучат повеќе теми за да има поширок круг на мерки за градење на доверба преку конкретни чекори кои ќе им значат на граѓаните.

„Не бегаме од историските прашања, но со раширувањето на сетот на теми ќе може да ја подобриме атмосферата и да функционираме во атмосфера на меѓусебно уважување“,

истакна Маричиќ.

loading...

https://animeflix1.com/. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

To Your Eternity Episode 17

JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable

Dragon Ball Super

watch subbed anime BANANA FISH

anime sites The World's Finest Assassin Gets Reincarnated in Another World as an Aristocrat

tải go88