PLUTO’S DOUBTS - OPENING ACT НА PLACEBO ВО СКОПЈЕ, 16 ЈУЛИ 2022, СТАДИОН НА АРМ!
PLUTO’S DOUBTS - OPENING ACT НА PLACEBO ВО СКОПЈЕ, 16 ЈУЛИ 2022, СТАДИОН НА АРМ!
ВЕЧЕРВА КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА “АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ - GREATEST HITS”
ВЕЧЕРВА КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА “АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ - GREATEST HITS”
WHITESNAKE И DAVID COVERDALE - ЈАВААТ НИЗ СВЕТОТ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ! Голем open air -12 јули-Стадион на АРМ -Скопје-20 часот!
WHITESNAKE И DAVID COVERDALE - ЈАВААТ НИЗ СВЕТОТ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ! Голем open air -12 јули-Стадион на АРМ -Скопје-20 часот!
ПОСЛЕ НЕЗАБОРАВНИОТ СПЕКТАКЛ НА СТАДИОНОТ НА АРМ ВО СКОПЈЕ, ОМИЛЕНИТЕ СТАРОМААЛЦИ СЕ СЕЛАТ ВО ОХРИД, НА ИЛИНДЕН, ЗА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!
ПОСЛЕ НЕЗАБОРАВНИОТ СПЕКТАКЛ НА СТАДИОНОТ НА АРМ ВО СКОПЈЕ, ОМИЛЕНИТЕ СТАРОМААЛЦИ СЕ СЕЛАТ ВО ОХРИД, НА ИЛИНДЕН, ЗА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!
THIEVERY CORPORATION НА БИС ВО СКОПЈЕ! 03-ти јули, Стадион на АРМ
THIEVERY CORPORATION НА БИС ВО СКОПЈЕ! 03-ти јули, Стадион на АРМ
Ковачевски на средба со коалициските партнери за францускиот предлог
Ковачевски на средба со коалициските партнери за францускиот предлог
РОКАДА ВО БУГАРСКАТА ВЛАДА: НАМЕСТО ПЕТКОВ, АСЕН ВАСИЛЕВ ЌЕ БИДЕ НОВ ПРЕМИЕР, ПЕТКОВ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ
РОКАДА ВО БУГАРСКАТА ВЛАДА: НАМЕСТО ПЕТКОВ, АСЕН ВАСИЛЕВ ЌЕ БИДЕ НОВ ПРЕМИЕР, ПЕТКОВ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ
Борисов: Да го финализираме францускиот предлог за Северна Македонија
Борисов: Да го финализираме францускиот предлог за Северна Македонија

Маричиќ: Процесот на евроинтеграција значи реформи дома и треба да го искористиме на правилен начин

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во емисијата „360 степени“ на АлсатМ изјави дека реформите не се прават заради ЕУ, туку поради граѓаните, за што Европската Унија има сериозен фонд на средства за поддршка, кои треба да покажат промени на терен.

– Не може да очекуваме дека тоа ќе се случи со одлука, туку со реформи и работа дома. Во моментот кога ќе ги почнеме преговорите со ЕУ фокусот треба да ни биде како да ги искористиме можностите што ги нуди Унијата за да се трансформираме на правилен начин“ изјави вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерот во емисијата „360 степени“ на АлсатМ говореше и за спорот со Бугарија, повторувајќи дека ќе бараат европско решение, базирано на европски вредности, без врзување за временски рамки и датуми.

– Временски рамки и датуми не носат никаков успех. Сепак, тоа не значи дека имаме бескрајно трпение за разговори. Што повеќе чекаме, тоа помалку ќе има решителност и енергија за решавање. Наша водилка во преговорите е Резолуцијата усвоена од Собранието, за која гласа сите партии и ниту едно решение нема да биде надвор од тој документ, рече Маричиќ.

Тој потенцираше дека сакаат документ со јасно исцртани обврски за Северна Македонија и Бугарија, за да немаме нови барања, кога сегашните ќе се решат, повторувајќи го ставот за отворање на Уставот и дека Владата останува посветена на разговорите со Бугарија и наоѓање решение за подигнување на ветото.

„За промената на Уставот, јасно кажавме дека содржински немаме проблем која било заедница да е вградена во Уставот, но сметаме дека пред почетокот на преговорите со ЕУ тоа не е ни корисно, а ни возможно. Не сметаме дека менувањето на Уставот треба да е предуслов за почеток на преговорите, бидејќи за тоа ни треба повеќе време и градење доверба“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „360 степени“ на АлсатМ.

loading...

go88 là gì Tải Go88 - Sảnh game đánh bài đổi tiền thật uy tín máy chủ go88

diễn đàn sunwin