ЗАЕВ НА ФЕЈСБУК: МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ ОСИГУРАНИ И ГАРАНТИРАНИ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА И СО ТОА ПРИЗНАЕНИ И ПРИФАТЕНИ ОД ЕУ. Тоа е прво и апсолутно најважно
ЗАЕВ НА ФЕЈСБУК: МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ ОСИГУРАНИ И ГАРАНТИРАНИ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА И СО ТОА ПРИЗНАЕНИ И ПРИФАТЕНИ ОД ЕУ. Тоа е прво и апсолутно најважно
РАМА: Прифатетет го предлогот, зашто нема да има друг предлог. Не ви треба да останете пред вратата на ЕУ уште 17 години
РАМА: Прифатетет го предлогот, зашто нема да има друг предлог. Не ви треба да останете пред вратата на ЕУ уште 17 години
Чисто е - одредницата за македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дообјаснувања, напиша Гир на Твитер
Чисто е - одредницата за македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дообјаснувања, напиша Гир на Твитер
Ковачевски утре ќе се сретне со Села
Ковачевски утре ќе се сретне со Села
ГРАД СКОПЈЕ: Бројни интервенции извршени од страна на екипите на јавните претпријатија по невремето кое го зафати Скопје
ГРАД СКОПЈЕ: Бројни интервенции извршени од страна на екипите на јавните претпријатија по невремето кое го зафати Скопје
МВР НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД НАМЕРАТА ДА ВОВЕДЕ РЕД НА ПАТИШТАТА: Во еден ден казнети 247 возачи
МВР НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД НАМЕРАТА ДА ВОВЕДЕ РЕД НА ПАТИШТАТА: Во еден ден казнети 247 возачи
(ВИДЕО) БОМБА НА ЕФТОВ: ПРОТЕСТИТЕ СЕ БИТКА ЗА РАНЕТИТЕ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА, ОЧАЕН ОБИД НА МИЦКОВСКИ ДА ГИ СПАСИ ДРУГАРИТЕ И ПАРТИСКОТО СЕДИШТЕ
(ВИДЕО) БОМБА НА ЕФТОВ: ПРОТЕСТИТЕ СЕ БИТКА ЗА РАНЕТИТЕ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА, ОЧАЕН ОБИД НА МИЦКОВСКИ ДА ГИ СПАСИ ДРУГАРИТЕ И ПАРТИСКОТО СЕДИШТЕ
АПАСИЕВ СЕ ЗАКАНУВА: ОД УТРЕ ПОЧНУВАМЕ СО НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ, ЗА ПОЧЕТОК ЌЕ ФРЛАМЕ ЈАЈЦА А КАМЕЊА КОН ВЛАДАТА
АПАСИЕВ СЕ ЗАКАНУВА: ОД УТРЕ ПОЧНУВАМЕ СО НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ, ЗА ПОЧЕТОК ЌЕ ФРЛАМЕ ЈАЈЦА А КАМЕЊА КОН ВЛАДАТА

Маричиќ: Странската помош е важен дел од подготовките за пристапување во ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ на денешната донаторска координативна конференција организирана од страна на Секретаријатот за европски прашања ги презентираше приоритетите во спроведувањето и рационализацијата на донаторската помош за земјава со цел да се насочи кон спроведување на реформските приоритети за поддршка на европската интеграција.

– Со цел да се исполнат развојните приоритети на земјава, овие состаноци се од суштинско значење за ефикасна координација на развојните политики, истакна Маричиќ во обраќањето, посочувајќи дека преку донаторската континуирана поддршка се обезбедува обемна финансиска помош за Република Северна Македонија, која ги следи потребите за стабилизација и пристапување во Европската Унија, а истовремено помага за подобрување на квалитетот и достапноста на помошта за да се зајакне ефективноста на развојната соработка.

Вицепремиерот и Национален ИПА координатор Маричиќ истакна дека координацијата и усогласувањето на странската помош се интегрален дел од нашите подготовки за пристапување во Европската Унија, додавајќи дека и покрај одредениот степен на развој, управување и координација на развојната помош што ја постигнавме, сè уште има предизвици кои би можеле да се надминат и рационализираат, а кои бараат итно внимание, и тоа натамошно подобрување на функционирањето на Секторските работни групи, подобрување на комуникацијата со донаторите и рационализирање и усогласување со стратешкото планирање на донаторите.

На донаторската конференција Маричиќ изрази очекување дека механизмот за координација заснован на секторски пристап ќе придонесе за обезбедување посилен фокус и систематски напори за постигнување развојни приоритети преку создавање синергии за зголемена ефективност и ефикасност во давањето на странската помош, а паралелно, непотребното дуплирање на напорите ќе биде сведено на минимум.

– Свесен сум за фактот дека овој пристап бара силна посветеност и внимание од сите инволвирани страни, и затоа ги ценам вашите напори за унапредување на овој механизам, за вашата иницијативност, вашата подготвеност да дадете поддршка и вашата соработка во воспоставување на овој обновен метод на координација. Говорејќи во својство на заменик – претседател за европски прашања, но и како национален координатор за ИПА и национален координатор за странска помош, бидете уверени дека Владата останува посветена на обезбедување на сите потребни ресурси и напори за усвојување на овој нов пристап и редовна соработка со вас, истакна Маричиќ пред донаторската заедница.

loading...

Tài Xỉu Go88 - Tải Game GO88 Đổi Thưởng APK, iOS, AnDroid đăng nhập go88 bằng facebook go88 cho ios

sunwin hop