Шекеринска: Заразениот војник со медицинска евакуација ќе биде донесен во Скопје
Шекеринска: Заразениот војник со медицинска евакуација ќе биде донесен во Скопје
(ВИДЕО) ЗАЕВ ЗГРМЕ ОД БРИСЕЛ: Ние сме народ со гордост - никој не смее да си игра со македонскиот индентитет!
(ВИДЕО) ЗАЕВ ЗГРМЕ ОД БРИСЕЛ: Ние сме народ со гордост - никој не смее да си игра со македонскиот индентитет!
СО ВАКВИ ЛИ ЌЕ ИДЕМЕ ВО ЕВРОПА, СО ВАКВИ ЌЕ ИДЕМЕ САМО ВО ЏУНГЛИТЕ ВО ЦЕНТРАЛНА АФРИКА: ПА ДОБРО БЕ ЧОВЕЧЕ ДАЛИ СИ ТИ НОРМАЛЕН?!?!
СО ВАКВИ ЛИ ЌЕ ИДЕМЕ ВО ЕВРОПА, СО ВАКВИ ЌЕ ИДЕМЕ САМО ВО ЏУНГЛИТЕ ВО ЦЕНТРАЛНА АФРИКА: ПА ДОБРО БЕ ЧОВЕЧЕ ДАЛИ СИ ТИ НОРМАЛЕН?!?!
(ВИДЕО) ИСТОРИСКА УТАКМИЦА: ЦРВЕНА ЅВЕЗДА ПРОТИВ БАЕРН МИНХЕН НА МАРАКАНА ПРЕД 100 000 НАРОД ВО 1979-ТА, ПУБЛИКАТА Е ТОЛКУ ГЛАСНА ШТО ТВ ВОДИТЕЛОТ СЕ ДЕРЕ И ПАК НИШТО НЕ СЕ СЛУША!
(ВИДЕО) ИСТОРИСКА УТАКМИЦА: ЦРВЕНА ЅВЕЗДА ПРОТИВ БАЕРН МИНХЕН НА МАРАКАНА ПРЕД 100 000 НАРОД ВО 1979-ТА, ПУБЛИКАТА Е ТОЛКУ ГЛАСНА ШТО ТВ ВОДИТЕЛОТ СЕ ДЕРЕ И ПАК НИШТО НЕ СЕ СЛУША!
(ВИДЕО) ИСТОРИСКА УТАКМИЦА: ЦРВЕНА ЅВЕЗДА СО НАШИОТ КИРИЛ ДОЈЧИНОВСКИ ГО ПОБЕДУВА ЛИВЕРПУЛ 3 СПРЕМА 1 НА ЕНФИЛД ПРЕД 45 000 ПУБЛИКА!
(ВИДЕО) ИСТОРИСКА УТАКМИЦА: ЦРВЕНА ЅВЕЗДА СО НАШИОТ КИРИЛ ДОЈЧИНОВСКИ ГО ПОБЕДУВА ЛИВЕРПУЛ 3 СПРЕМА 1 НА ЕНФИЛД ПРЕД 45 000 ПУБЛИКА!
(ВИДЕО) ПИКСИ: НАМЕСТО ЈАС ДА ДАДАМ ГОЛ, ПОУБАВО МИ БЕШЕ НА ДУШАТА ДА МУ НАМЕСТАМ НА ПАНЧЕВ ДА ЗАБИЕ ГОЛ, АМА ТОЈ ПА СЕКОГАШ МИ ВИКАШЕ ФАЛА ЗА АСИСТЕНЦИИТЕ
(ВИДЕО) ПИКСИ: НАМЕСТО ЈАС ДА ДАДАМ ГОЛ, ПОУБАВО МИ БЕШЕ НА ДУШАТА ДА МУ НАМЕСТАМ НА ПАНЧЕВ ДА ЗАБИЕ ГОЛ, АМА ТОЈ ПА СЕКОГАШ МИ ВИКАШЕ ФАЛА ЗА АСИСТЕНЦИИТЕ
КОМЕДИЈА ДЕЛ АРТЕ НА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА БОНЕВА И ПАТАРИНИТЕ: Удар во зајак и куче, исечени гуми, обиди да ја истуркаат од патот: 9-те сообраќајки на Бонева
КОМЕДИЈА ДЕЛ АРТЕ НА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА БОНЕВА И ПАТАРИНИТЕ: Удар во зајак и куче, исечени гуми, обиди да ја истуркаат од патот: 9-те сообраќајки на Бонева
ПАДНА ДОГОВОР: АРМИСКИТЕ И ПОЛИЦИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ЌЕ СЕ РЕНОВИРААТ СО НАЈСОВРЕМЕНА ОПРЕМА ВО ЧЕШКА
ПАДНА ДОГОВОР: АРМИСКИТЕ И ПОЛИЦИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ЌЕ СЕ РЕНОВИРААТ СО НАЈСОВРЕМЕНА ОПРЕМА ВО ЧЕШКА

Маричиќ: Владата нема да се спогоди со Груевци во Стразбур

Министерот за правда Бојан Маричиќ одржа прес-конференција на која го искажа ставот на Владата на Република Северна Македонија по однос на апликациите поднесени до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Интегрално го пренесуваме обраќањето на министерот Маричиќ:

„На 25 септември оваа година, Европскиот суд за човекови права во Стразбур на одговор до Владата на Република Северна Македонија достави две групи со вкупно девет апликации поднесени против државата.

Како што е веќе познато, обвинети во случаите кои произлегоа од незаконското следење на комуникациите, односно од случаите на поранешното СЈО, поднесоа тужби пред судот во Стразбур, повикувајќи се на аболицијата што во 2016 година ја прогласи тогашниот претседател на државата Ѓорге Иванов.

При доставувањето на апликациите на одговор, Владата според стандардната процедура на судот, има рок да се произнесе по истите до 18 декември оваа година, а тоа секако се однесува на можноста за спогодбено решавање на случаите. До истиот рок во однос на можноста за спогодување треба да се произнесат и апликантите, односно оние кои ја тужат државата.

Почитувани граѓани, сакам да ве известам дека пред малку Владата ја разгледа и усвои информацијата за можноста за спогодбено решавање на деветте предмети против нашата држава, а се однесуваат на тековни кривични постапки во врска со незаконското следење на комуникациите. Владата го задолжи Владиниот агент во предвидениот рок, да го извести судот во Стразбур дека Владата нема да ја користи можноста за спогодување со подносителите на тужбите против државата.

Почитувани, проектот „Вистината за Македонија“, беше оној кој иницираше силни општествени, политички и правни промени во државата, па затоа потребно е граѓаните да имаат прилика и во правна смисла на зборот да ја дознаат вистината и сите оние кои евентуално сториле криминал или ги прекршиле законите да одговараат за своите дела.

Државата е обврзана на граѓаните да им обезбеди правда. Ние не сакаме и нема да прејудицираме дали некој е виновен, но ќе сториме сè што е во согласност на законите, сите за кои има сомнежи дека го прекршиле законот, низ соодветна правна постапка да се докаже дали се виновни или не.

Дополнително, процесирањето на кривичните постапки кои произлегоа од незаконското следење на комуникациите, вклучително и оние кои се предмет на апликациите поднесени до судот во Стразбур, станаа и еден од критериумите според кој се вреднува напредувањето на државата во процесот на европските интеграции, степенот на владеењето на правото. Имено, и во последниот извештај на Комисијата како успех се забележува продолжувањето на постапките на сега згаснатото СЈО, преку кои се утврдува одговорност за злосторствата што произлегуваат од и околу незаконското прислушкување. Овој континуитет на постапките го овозможи новиот Закон за јавно обвинителство, за кој гласат две третини од пратениците во Собранието.

Дополнително во делот на борбата против корупцијата, клучните препораки на Комисијата се да покажеме повеќе опипливи резултати во борбата против криминалот, односно да се зголеми бројот на конечни пресуди за случаите на висока корупција, вклучително и конфискација на имот стекнат со криминал.

Сакам да потсетам дека во Прогрес извештајот на истата Комисија во 2016 година најмногу се споменува терминот „заробена држава”, а на целосното расчистување на случаите кои подоцна произлегоа од работата на поранешното СЈО, се гледа како на процес за „ослободување на државата”.

Почитувани, помилувањата на поранешниот претседател Иванов беа дадени спротивно на домашното право и како такви беа извор на правна несигурност и директен повод за големо незадоволство кај граѓаните.

Нивното поништување, пак беше своевидно повторно воспоставување на нарушената правна рамнотежа. Владата е должна ваквиот став да го брани и застапува пред судот во Стразбур, а преку своите аргументи да му даде можност на судот истите да ги оцени, упатувајќи со тоа уште една силна порака дека оваа Влада не е подготвена да прогласи врвна неказнивост. Ние немаме друга алтернатива освен да останеме конзистентни на сопствените политики и заложби за неселективна правда, што секако нема никаква врска со пресумпцијата на невиност на обвинетите.“

loading...

KissAnime kissanime my hero academia: Wonder Egg Priority Episode 12

GoGoAnime gogoanime jojo: Watch High-Rise Invasion Episode 1