Спасовски: Вкупниот криминалитет бележи намалување за 8,31 проценти
Спасовски: Вкупниот криминалитет бележи намалување за 8,31 проценти
МЗШВ со поддршка на „Фестивал на биодиверзитет“ – Го јакнеме локалното производство и малите производители
МЗШВ со поддршка на „Фестивал на биодиверзитет“ – Го јакнеме локалното производство и малите производители
БОМБА НА МЕРСЕЛ БИЉАЛИ: ВМРО ја прави третата стратешка грешка!?
БОМБА НА МЕРСЕЛ БИЉАЛИ: ВМРО ја прави третата стратешка грешка!?
Авиони од Русија попладнево ќе ги однесат протераните 70 дипломати од Софија
Авиони од Русија попладнево ќе ги однесат протераните 70 дипломати од Софија
(ВИДЕО) ПОЧНА СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ, ПРИСУТЕН ЦЕЛИОТ ДРЖАВЕН ВРВ, ЌЕ СЕ РАЗГОВАРА ЗА МОДИФИЦИРАНИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ
(ВИДЕО) ПОЧНА СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ, ПРИСУТЕН ЦЕЛИОТ ДРЖАВЕН ВРВ, ЌЕ СЕ РАЗГОВАРА ЗА МОДИФИЦИРАНИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ
Пронајдено телото на момчето кое се удави во Беровско Езеро
Пронајдено телото на момчето кое се удави во Беровско Езеро
СПАСОВ: Францускиот предлог сепак е добар и треба да го прифатиме, ВМРО ДПМНЕ си најдоа нова ТИРАНСКА ПЛАТФОРМА за да го плашат народот
СПАСОВ: Францускиот предлог сепак е добар и треба да го прифатиме, ВМРО ДПМНЕ си најдоа нова ТИРАНСКА ПЛАТФОРМА за да го плашат народот
СДСМ: Мицкоски и Левица се анти НАТО и анти ЕУ коалиција
СДСМ: Мицкоски и Левица се анти НАТО и анти ЕУ коалиција

Маричиќ за РАИ: После 17 години чекање мораме да го заокружиме заедничкиот проект со ЕУ, во спротивно креидибилноста на Унијата ќе се намалува

Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за италијански РАИ, говореше за предизвиците со кои се соочи земјата во текот на седумнаесет години, како кандидатка за членство во ЕУ, како и за сегашните состојби и регионалните иницијативи за соработка.

– Волја на нашиот народ е нашата земја да стане членка на ЕУ поради подобри можности, подобра економија, подобар систем, и се разбира суштинските вредности на демократиите – човековите права и слободи. Тоа е потребно за подобар живот и се разбира, за поголема посветеност на земјата кон развој и демократија во исто време, рече Маричиќ.

Во однос на кредибилноста на ЕУ во однос на политиката за проширување, Маричиќ посочи дека истата е намалена, после седумнаесет години чекање да се започнат преговорите, од многу причини.

– Затоа напорно работиме со Бугарија и со нашите европски партнери за да ги започнеме преговорите што е можно поскоро и да ја вратиме енергијата на овој процес , со цел да се финализира европскиот проект и всушност проектот за стабилност и просперитет на Балканот, додаде вицепремиерот Маричиќ.

Во интервјуто на прашањето за „Отворен Балкан“ вицепремиерот Маричиќ ја истакна важноста на регионалните иницијативи за напредок на земјите од Западен Балкан, посочувајќи дека е важно границите да се направат пофлексибилни, а со тоа и повеќе можности за граѓаните.

– Ако покажеме дека можеме да соработуваме да ја надградуваме нашата соработка економски, прагматично, заснована на европските правила, тогаш ќе значи дека сме подобро подготвени да влеземе на едиствениот пазар на ЕУ и да функционираме во тој систем, рече вицепремиерот Маричиќ. Според него бројни се придобивките кои ги добија и кои ќе ги добијат граѓаните, и од таа причина е добро во „Отворен Балкан“ да се приклучат и Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.

loading...

acc go88 tải game tài xỉu đổi tiền that go88 Tải Go88 cho máy tính PC Windows phiên bản mới nhất

https://sunwin.fan/