КАКОВ НЕВЕРОЈАТЕН АВТОГОЛ - Мицкоски повторно пред избори оди кај Никола Груевски, неговиот шеф и главен финансиер, по пари и совети
КАКОВ НЕВЕРОЈАТЕН АВТОГОЛ - Мицкоски повторно пред избори оди кај Никола Груевски, неговиот шеф и главен финансиер, по пари и совети
ЛОШ ДЕН ЗА ВМРОВЦИТЕ - Лажните вести на Мицкоски наидоа на „вистиномерот“ Заев
ЛОШ ДЕН ЗА ВМРОВЦИТЕ - Лажните вести на Мицкоски наидоа на „вистиномерот“ Заев
ЛАЖЕЊЕ БЕЗ УСУЛ И МЕРКА - ВМРОВЦИТЕ ГИ ПРЕМИНАА СИТЕ ГРАНИЦИ: Директорот на скопски водовод, Душко Вескоски со документи ги демантираше вмровците кои го обвинија за криминал!
ЛАЖЕЊЕ БЕЗ УСУЛ И МЕРКА - ВМРОВЦИТЕ ГИ ПРЕМИНАА СИТЕ ГРАНИЦИ: Директорот на скопски водовод, Душко Вескоски со документи ги демантираше вмровците кои го обвинија за криминал!
ОНА ОД ШТО НОРМАЛЕН СЕ СРАМИ, БУДАЛА СЕ ГОРДЕЕ: МИЦКО ДЕНЕСКА СЕ СЛИКАШЕ СО ДИКТАТОРОТ ОРБАН, ЗОШТО НЕМА НЕГОВА СЛИКА СО АНГЕЛА МЕРКЕЛ, БОРИС ЏОНСОН, ДОНАЛД ТРАМП КОИ ИСТО ТАКА СЕ ОД ДЕСНИЦАТА?!
ОНА ОД ШТО НОРМАЛЕН СЕ СРАМИ, БУДАЛА СЕ ГОРДЕЕ: МИЦКО ДЕНЕСКА СЕ СЛИКАШЕ СО ДИКТАТОРОТ ОРБАН, ЗОШТО НЕМА НЕГОВА СЛИКА СО АНГЕЛА МЕРКЕЛ, БОРИС ЏОНСОН, ДОНАЛД ТРАМП КОИ ИСТО ТАКА СЕ ОД ДЕСНИЦАТА?!
БРАВО - Comodita Home донираше душеци на Детска Клиника Козле! Со ова почнува хуманата мисија на Comodita Home под слоганот „Секој сон е важен“ во вредност од над 100 000 евра!
БРАВО - Comodita Home донираше душеци на Детска Клиника Козле! Со ова почнува хуманата мисија на Comodita Home под слоганот „Секој сон е важен“ во вредност од над 100 000 евра!
Заврши „Гола месечина“ - Општина Аеродром
Заврши „Гола месечина“ - Општина Аеродром
ТРИЧКО НАЦИОНАЛЕ: КИКИФРИКИ Е МЕТАФОРА НА ЗЛОТО
ТРИЧКО НАЦИОНАЛЕ: КИКИФРИКИ Е МЕТАФОРА НА ЗЛОТО
Потпишан договор за соработка за заштита на сведоци помеѓу МВР и Меѓународниот Кривичен Суд
Потпишан договор за соработка за заштита на сведоци помеѓу МВР и Меѓународниот Кривичен Суд

МАШИНАТА ЗА ЛАЖНИ ВЕСТИ НА ВМРО ПОЧНА ИСКРИ ДА ФРЛА – МЗ: Објавен е лажен документ кој не е поврзан со набавката на вакцини

Министерството за здравство категорично ги демантира и осудува пласирањата на лажните документи кои опозицијата и медиуми блиски до нив ги прикажуваат дека се составен дел од процесот за набавка на вакцини против Ковид 19. ВМРО ДПМНЕ свесно сака политички да профитира по цена да се наруши договорот за набавка на вакцини и по цена на здравјето на граѓаните. На помош на опозициската партија се и некои медиуми кои единствено од за нив разбирливи причини објавија таканаречен документ, кој е лажен, на ниту еден начин не е поврзан со процесот за набавка на вакцини, како што сакаат да и прикажат на јавноста. Во тој нивни „доказ” се спомнува сума која е лажна иако сакаат да ја прикажат како цена за купување на вакцини. Партијата ВМРО ДПМНЕ и медиуми блиски до нив сакаат да одржат во живот афера која не постои, сакаат да пласираат во јавноста криминал кој не постои, сакаат да спречат Владата и Министерството за здравство да купат вакцини против Ковид 19. И ВМРО ДПМНЕ и медиуми блиски до нив многу добро знаат дека процесите за набавка на вакцини се доверливи, посебно цените на вакцините тоа е глобална политика на сите производители, но и покрај тоа свесно се обидуваат преку лажни информации да наведат дека, од една доверлива постапка излегуваат податоци и документи во јавност. Уште еднаш Министерството за здравство демантира дека документот и сумата наведена во истиот се поврзани со набавка на вакцини, потенцираме дека станува збор за лажен податок.

Провизиите на ВМРО ДПМНЕ се дел од кривични постапки, кои се во тек, набавките во нивно време имаа заштитен знак „фантом фирми и провизии”. Министерството за здравство го цени истражувачкото и критичко новинарство, тоа е двигател на секое демократско општeство, но го осудува пласирањето на лажни информации. Укажуваме дека за функционално демократско општество подеднаква е одговорноста и на државните институции и на медиумите.

loading...