Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто на МРТ смета дека доколку Бугарите бараат промена на македонскиот Устав, тогаш и тие тоа да го направат истото.
„Ако ние треба да ја заслужиме почитта на соседите и тие ќе треба да ја заслужат нашата почит. Свесни сме за радикалните структури на политичката сцена кај дел од нашите соседи кои што го користат и го злоупотребуваат национализмот имаат многу негативна и на моменти хегемонистичка реторика кон Македонија и тука ние се повикуваме на правото на реципроцитет. Затоа што, како се вели, за љубов се потребни двајца“, рече Мицкоски.
Замислете, Бугарија е во ЕУ и треба да го крене ветото, и Мицковски предлага тоа да го направиме така што ние што сме надвор од ЕУ ќе ја натераме Бугарија да го промени својот устав?!?!
Какво ДРВО за политика, ДРВО за преговори, со вакви политичари земјава ќе оди право во амбис!