МВР СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА – СЕ АПСАТ ДИЛЕРИ, ЛОПОВИ, ОСУДЕНИЦИ НА ЗАТВОР КОИ СЕ ВО БЕГСТВО, ЛУЃЕ КОИ СЕ БАРАНИ СО ПОТЕРНИЦА

На 03.02.2022 од страна на полициски службеници од Отсекот за општ криминалитет – Одделение за криминалистичка полиција при СВР Битола по преземени мерки и активности откриен е сторителот на четири тешки кражби на подрачјето на Битола, Р.Д.(24) од Битола. Три од нив биле извршени во цркви и манастири во изминатиот период, а една тешка кражба е сторена во средно општинско училиште.

Осомничениот Р.Д. бил повикан во полициска станица, со него бил извршен службен разговор, при што тој ги признал кривичните дела. Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците, а по документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Приведено лице по распишана централна потерница

На 03.02.2022 во 11.00 часот на ул.„Лазар Поп Трајков“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ш.(34) од Скопје. Тој бил баран по Централна потерница од Основен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик. Тој бил предаден во Казнено-поправна установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Приведено лице од Скопје за издржување затворска казна

На 03.02.2022 во 11.55 часот на бул.„Никола Карев“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(23) од Скопје. Тој бил баран по Централна потерница од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и два месеци за сторено кривично дело по член 385 од Кривичниот законик. Тој бил предаден во Казнено-поправна установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Приведен дилер од Кичево, при претрес пронајдена дрога

На 03.02.2022 во 20.30 часот на влезот на с.Колибари, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Л.Ј.(26) од Кичево, затоа што при преглед во возило „бмв“ со кичевски регистарски ознаки, во кое се превезувал, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што, исто така, била пронајдена и одземена марихуана. Покрај ова, Л.Ј. физички нападнал и полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

sunwin

sunwin apk sunwin club tải sunwin apk

sunwin

sunwin tài xỉu

tải sunwin