Се одржаа „контрапаради“ за семејни вредности во Битола и Скопје
Се одржаа „контрапаради“ за семејни вредности во Битола и Скопје
СДСМ го обвини дека Мицкоски дека се однесува срамно и неодговорно
СДСМ го обвини дека Мицкоски дека се однесува срамно и неодговорно
(ВИДЕО) Лидерите на Г7 се подбиваат со Путин – „Да се соблечеме и да јаваме коњ?“
(ВИДЕО) Лидерите на Г7 се подбиваат со Путин – „Да се соблечеме и да јаваме коњ?“
МЗШВ: Со усвојувањето на ребалансот на Буџетот се исплаќаат субвенции кон 45 илјади земјоделци - За прв пат се воведува и можност за авансна исплата
МЗШВ: Со усвојувањето на ребалансот на Буџетот се исплаќаат субвенции кон 45 илјади земјоделци - За прв пат се воведува и можност за авансна исплата
Сопатничка на мотоцикл загина во сообраќајка во Скопје
Сопатничка на мотоцикл загина во сообраќајка во Скопје
ЗНАЧИ СЕПАК ПРЕДЛОГОТ И НЕ Е ТОЛКУ ЛОШ: Речиси 60 отсто од Бугарите сметаат дека „францускиот предлог“ не ги зема предвид интересите на Бугарија
ЗНАЧИ СЕПАК ПРЕДЛОГОТ И НЕ Е ТОЛКУ ЛОШ: Речиси 60 отсто од Бугарите сметаат дека „францускиот предлог“ не ги зема предвид интересите на Бугарија
Приведен крадец, осуден на казна затвор од 10 години и пет месеци, Приведен скопјанец осуден на две години казна затвор
Приведен крадец, осуден на казна затвор од 10 години и пет месеци, Приведен скопјанец осуден на две години казна затвор
Над 200 луѓе уапсени за време на Парадата на гордоста во Истанбул
Над 200 луѓе уапсени за време на Парадата на гордоста во Истанбул

МЕД го промовираше видеото посветено на уникатните острови во Преспанско езеро

Македонското еколошко друштво (МЕД) го промовираше видеото „Голем Град – последното скривалиште на природата“, во кое се содржани долгогодишните еколошки истражувања на преспанскиот остров Голем Град. Се работи за истражувања кои во изминатите 15 години ги направил меѓународен тим на херпетолози на популациите на шумската желка, поскокот и рибарката.

„Голем Град – последното скривалиште на природата“ е кратко видео што го подготви Македoнското еколошко друштво и го презентира и проширувањето на истражувањата кон островот Мал Град во Албанија, благодарение на проектот за зачувување на прекугранична Преспа на мрежата ПреспаНет, „Преспа Проект”, финансиран од фондациите Преспа-Охрид (PONT) и Ааге В. Јенсен, и поддржан од ЕуроНатур“, информираат од МЕД.

Според Драган Арсовски, проектен координатор од МЕД и долгогодишен истражувач на влекачите на Голем Град, снимениот материјал треба да им покаже на нашите млади истражувачи дека вакви комплексни научни истражувања се спроведуваат и кај нас и да ги мотивира да се насочат кон занимања кои ќе го истражуваат и заштитуваат биодиверзитетот.

„По континуиран мониторинг од скоро две децении, свесни сме дека овие острови се дом за репрезентативни, но и уникатни животински популации кои може да се индикатори за здравјето на целиот преспански басен“, изјави Арсовски.

Според Фросина Пандурска-Драмиќанин, автор на видеото, теренските посети на овие уникатни места, сведочењето на посветеноста на истражувачкиот тим и генерално почитта кон природата што ја почувствувавме сите, наметнува голема одговорност да се создаде видео кое ќе пренесе барем дел од убавината што ја носат овие острови.

Режисер и монтажер на видеото е Џорџ Стамкоски, Тони Стојановски е одговорен за визуелниот дел на проектот, а за музиката се погрижи мултимедијалниот уметник Дејан Спасовиќ.

loading...

cổng game go88

sunwin play