(ВИДЕО) СТАР, СПОР, ГРД, ГО ВИКААТ ДИВА СВИЊА: АМЕРИКАНСКИ АВИОН А 10 Е НОЌНА МОРА ЗА ТАЛИБАНЦИТЕ, ИРАЧАНИТЕ И ИСИС, ИМА НАЈМОЌЕН МИТРАЛЕЗ КОЈ МЕЛЕ НА СИТНИ ПАРЧИЊА ЦЕЛИ ТЕНКОВИ, КУЌИ И ЗГРАДИ
(ВИДЕО) СТАР, СПОР, ГРД, ГО ВИКААТ ДИВА СВИЊА: АМЕРИКАНСКИ АВИОН А 10 Е НОЌНА МОРА ЗА ТАЛИБАНЦИТЕ, ИРАЧАНИТЕ И ИСИС, ИМА НАЈМОЌЕН МИТРАЛЕЗ КОЈ МЕЛЕ НА СИТНИ ПАРЧИЊА ЦЕЛИ ТЕНКОВИ, КУЌИ И ЗГРАДИ
САРАЧИНИ: Банално е благ збор за она што се случува во македонските медиуми и македонската јавност
САРАЧИНИ: Банално е благ збор за она што се случува во македонските медиуми и македонската јавност
(ВИДЕО) Американските војници имаат обука за струен удар
(ВИДЕО) Американските војници имаат обука за струен удар
ЗАЕВ АПСОЛУТЕН ПОБЕДНИК ВО ТВ ДУЕЛОТ: ГЛЕДАЧИТЕ СО ДРВА И КАМЕЊА ПО ЛИДЕРОТ НА ВМРО ДПМНЕ, МИЦКОВСКИ
ЗАЕВ АПСОЛУТЕН ПОБЕДНИК ВО ТВ ДУЕЛОТ: ГЛЕДАЧИТЕ СО ДРВА И КАМЕЊА ПО ЛИДЕРОТ НА ВМРО ДПМНЕ, МИЦКОВСКИ
Во Охрид се одржува голема НАТО вежба „Северна Македонија 2021“
Во Охрид се одржува голема НАТО вежба „Северна Македонија 2021“
Заев: Ние со Бугарија продолжуваме да градиме пријателски односи, за македонски јазик и идентитет не се преговара
Заев: Ние со Бугарија продолжуваме да градиме пријателски односи, за македонски јазик и идентитет не се преговара
Заев за Канал 5: За четири години со СДСМ просечната плата порасна за над 6.000 денари, а за шест години со ВМРО-ДПМНЕ за само 1.700 денари
Заев за Канал 5: За четири години со СДСМ просечната плата порасна за над 6.000 денари, а за шест години со ВМРО-ДПМНЕ за само 1.700 денари
МИЦКОВСКИ ВО ДУЕЛОТ СО ЗАЕВ СЕ ПОЈАВИ СО ЧАСОВНИК ОД 8000 ЕВРА!
МИЦКОВСКИ ВО ДУЕЛОТ СО ЗАЕВ СЕ ПОЈАВИ СО ЧАСОВНИК ОД 8000 ЕВРА!

МЕНАЏЕРСКОТО ТРИО ФАНТАСТИКО, КОСТОВ, ИЉОСКИ И ШТЕРИЕВА И ДОНЕСОА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА РЕКОРДНА ЗАРАБОТКА ОД 31 МИЛИОНИ ЕВРА!!!

„Комерцијална банка“ многу јако влезе во купување државни хартии од вредност. Лани во државните инструменти вложи 200 милиони евра и нивното ниво го зголеми за 92 отсто. За сметка на тоа нејзиното кредитирање лани стагнира и е на исто ниво од 2019 година. Благодарејќи на „златната резерва“ т.е. останатите приходи од дејноста од кои лани инкасира 29,8 милиони евра банката со која две децении неприкосновено ја води Хари Костов стигна до рекорден профит од 31,1 милиони евра , веројатно најдобар резултат на сите времиња затоа што е постигнат во „корона“ услови

„Комерцијална банка“ оствари добивка од 31,1 милиони евра лани и тоа е дури подобар резултат од претходната година и тоа за 1,7 милиони евра. Со овој резултат постигнат во вонредни „корона“ услови најголемата деловна банка во земјава, според активата, веројатно го има најдобриот резултат на сите времиња. Оваа рекордна добивка ќе привлече многу нови инвеститори во таа акција, ќе ги зголеми и така големите очекувања за дивиденда , за која веќе се шпекулира дека ќе биде 10 евра нето, и ќе ја зацврсти и така силната пазарна позиција на таа банка. Воедно резултатот е и потврда на експертизата што кон крајот на летото ја направи независна странска компанија која дава советодавни услуги на инвестициски банкари.

Од сите параметри од посебниот финансиски извештај најголемо внимание привлече експлозивното енормно вложување во државни обврзници на оваа голема домашна банка. Имено на крај на 2020 година банката во државни обврзници чува 408 милиони евра и тоа е за 92 отсто повеќе до споредба со крајот на 2019 година. Сега соодносот на кредитното порфолио со портофлиото на хартии од вредност е 2 наспрема 1. На крајот на 2019 година тој сооднос бил 4 наспрема 1 во корист на кредитирањето.

Ова значи дека банката драматично ја свртела својата пазарна ориентација. Односно проценила дека кредитирањето пред се на компании, правни лица, а веројатно и физички лица е веќе очигледно понеповолно од вложувањето во хартии од вредност. Значи народски кажано „Комерцијална банка“ „дига ручна“ за кредитирањето и „јако го отвора вентилот“ и ја кредитира државата преку купување државни обврзници за износ од околу 200 милиони евра.

На страната на билансот на успех нема нова стратегија туку се оди со проверениот пристап. Кратење на каматните расходи со одржување на каматните приходи. Или поточно поголемо кратење на каматните расходи од реализираното намалување на каматните приходи. Нето ефектот од оваа деловна операција за лани е 39,3 милиони евра нето приход од камати. Дури и појако од 2019 година за 257.000 евра. И тоа остварено во услови на намалени каматни приходи за 1,6 милиони евра во однос на 2019 година.
За тоа пак паѓаат приходите од надоместоци и провизии. На нето основа лани приходувани 14,5 милиони евра и тоа е за 893.000 евра послабо од 2019 година.

Во значајна мерка добивката на „Комерцијална банка“ ја вади и „утакмицата ја решава златната резерва“ – останатите приходи од дејноста. По тој основ лани легнуваат 29,8 милиони евра и работата е решена. Тоа е за 16,4 милиони евра повеќе од 2019 година.

Да, ова ја решава добивката , затоа што резервациите лани се речиси дуплирани од 2019 година. Лани тие изнесуваат 22,3 милиони евра, а во 2019 година биле за 12,7 милиони евра помали.

Депозитите се на ниво од речиси 2 милијарди евра односно поточно се 1,896 милијарди евра. Тоа е за 153 милиони евра повеќе од 2019 година.

ИЗВОР: ФАКТОР.МК

loading...

AnimeDao: Carnival Phantasm EX Season anime episode Full online free at https://animedao.nl animedao dragon ball z

AnimeTV: Juusenshi Gulkeeva anime episode 26 online free at https://animetv.cc popular anime tv shows

GoGoAnime: Doraemon the Movie: Nobita's Dorabian Nights anime episode Full online free at https://gogoanime.be gogoanime website

Watch Busou Chuugakusei: Basket Army Episode 5

Magcloud: https://www.magcloud.com/user/animeflixnl

Experiment: https://experiment.com/users/animefreakws