(ВИДЕО) ЦУЦУЛОТ КОНЕЧНО СИ ГО НАЈДЕ МЕСТОТО, ДО МИРКА КЛАСНАТА НА СТРИМОТ НА ПРО РУСКАТА ПАРТИЈА РОДИНА, ДОСЕГА ГЛУМЕШЕ НЕКАКОВ ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ ФИЛОЗОФ...
(ВИДЕО) ЦУЦУЛОТ КОНЕЧНО СИ ГО НАЈДЕ МЕСТОТО, ДО МИРКА КЛАСНАТА НА СТРИМОТ НА ПРО РУСКАТА ПАРТИЈА РОДИНА, ДОСЕГА ГЛУМЕШЕ НЕКАКОВ ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ ФИЛОЗОФ...
(ВИДЕО) ГОЛЕМИ ПОЛИЦИСКИ СИЛИ СЕ РАСПОРЕДЕНИ ОКОЛУ УСТАВНИОТ СУД ВО САД ПОРАДИ НАЈАВЕНИТЕ МАСОВНИ И НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ДЕНЕШНАТА ОДЛУКА ДА СЕ ЗАБРАНИ АБОРТУСОТ ПО 50 ГОДИНИ ЛЕГАЛНОСТ
(ВИДЕО) ГОЛЕМИ ПОЛИЦИСКИ СИЛИ СЕ РАСПОРЕДЕНИ ОКОЛУ УСТАВНИОТ СУД ВО САД ПОРАДИ НАЈАВЕНИТЕ МАСОВНИ И НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ДЕНЕШНАТА ОДЛУКА ДА СЕ ЗАБРАНИ АБОРТУСОТ ПО 50 ГОДИНИ ЛЕГАЛНОСТ
Галетановски: Нема ништо ново во ЗОО откако заминав, среќа што родија неколку животни кои ги донесовме
Галетановски: Нема ништо ново во ЗОО откако заминав, среќа што родија неколку животни кои ги донесовме
СО СВЕТСКИОТ ПОЛИТИЧКИ ВРВ: Николовски во Берлин на конференција со Државниот секретар на САД, претседателот на Светска банка и многу други високи претставници
СО СВЕТСКИОТ ПОЛИТИЧКИ ВРВ: Николовски во Берлин на конференција со Државниот секретар на САД, претседателот на Светска банка и многу други високи претставници
Протоколот не може да биде услов во преговорите, ниту спомнат во преговарачката рамка, порачува Маричиќ
Протоколот не може да биде услов во преговорите, ниту спомнат во преговарачката рамка, порачува Маричиќ
Бугарско МНР: Ќе одобриме меѓувладина конференција откако ќе се потпише билатералниот протокол
Бугарско МНР: Ќе одобриме меѓувладина конференција откако ќе се потпише билатералниот протокол
ИЛИ ДРЖАВАТА И ГРАД СКОПЈЕ НЕКА ГИ ЗАЛОВАТ КУЧИЊАТА НИЗ ГРАДОВ ИЛИ НЕКА НИ ДАДАТ ДОЗВОЛА ДА НОСИМЕ ПИШТОЛИ СО НАС
ИЛИ ДРЖАВАТА И ГРАД СКОПЈЕ НЕКА ГИ ЗАЛОВАТ КУЧИЊАТА НИЗ ГРАДОВ ИЛИ НЕКА НИ ДАДАТ ДОЗВОЛА ДА НОСИМЕ ПИШТОЛИ СО НАС
КАТЕ БЛАЖЕВСКА: НЕШТО НЕ ШТИМА ВО ИЗЈАВИТЕ И ПОСТАПКИТЕ НА СЛАВИ ТРИФУНОВ И ТЕОДОРА ГЕНЧОВСКА
КАТЕ БЛАЖЕВСКА: НЕШТО НЕ ШТИМА ВО ИЗЈАВИТЕ И ПОСТАПКИТЕ НА СЛАВИ ТРИФУНОВ И ТЕОДОРА ГЕНЧОВСКА

МЕНАЏМЕНТОТ НА АД ПОШТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НАЈАВАТА ЗА ШТРАЈК НА ВРАБОТЕНИТЕ: ГИ ЗГОЛЕМИВМЕ ПЛАТИТЕ ПОСЛЕ 30 ГОДИНИ, ГО ПОДОБРИВМЕ РАБОТЕЊЕТО НА ИНСТИТУЦИЈАТА, ГИ ПОВИКУВАМЕ СИНДИКАТИТЕ НА ДИЈАЛОГ

Почитувани граѓани,
корисници на услугите на АД „Пошта на Северна Македонија“,

АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, како Национален поштенски оператор, кој ја обезбедува универзалната услуга, која е од јавен интерес, на целата територија на Република Северна Македонија, врз основа на издадена Индивидуална дозвола од Агенцијата за пошти, како независно регулаторно тело, Ве информира за следното:

По најавениот штрајк од страна на двете синдикални организации, АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје согласно позитивите законски прописи на Република Северна Македонија, поднесе иницијатива за започнување на постапка за мирно решавање на работниот спор.

Во очекување на спроведување на постапката за помирување, во законски утврдениот рок, кое е во надлежност на Министерството за труд и социјална политика, доколку синдикалните организации се одлучат да стапат во штрајк, сакаме да информираме дека АД „Пошта на Северна Македонија“ ќе обезбеди целосно почитување на член 49 од Законот за поштенските услуги, согласно кој сме должни да обезбедиме прием, пренос, сортирање и дистрибуција на поштенските пратки, што се користат во судски постапки, административни постапки, постапки во врска со прекршоци и препорачани поштенски пратки, пренос, сортирање и дистрибуција на препорачани поштенски пратки за потребите на одбраната и безбедноста, како и препорачани пратки и пратки со означена вредност што се собрани пред почетокот на штрајкот.

Во контекст на горенаведеното Управниот обор на АД „Пошта на Северна Македонија“ се обрати до независното регулаторно тело кое е надлежно за регулирање на поштенскиот пазар во Република Северна Македонија, со цел обезбедување на мислење за видовите на услуги и пратки кои давателот на универзална услуга е должен да ги обезбедува за времетраење на штрајк.

Согласно добиеното мислење од Агенцијата за пошти, препорачано е во домашниот и меѓународниот поштенски сообраќај да се обезбеди извршување на услугите од почеток до крај, во сите фази (прием, пренос, сортирање и дистрибуција) и горенаведениот член од Законот за поштенските услуги, да се чита екстензивно во корист на корисниците на услугите од опфатот на универзалната услуга и основните функции на државата.
Управниот одбор на АД Пошта на Северна Македонија ќе ги вложи сите напори да се обезбедат сите неопходни технолошки фази од процесот на работа, имајќи предвид дека обезбедувањето на универзаната услуга, согласно Законот за поштенските услуги, е од јавен интерес.

Дополнително, сметаме дека е важно да Ве информираме дека Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, во досегашната комуникација со двете синдикални организации во взаемен интерес е во фаза на исполнување на сите доставени барања од нивна страна, и тоа:

 Вратена е на вредноста на бодот;
 Развиена е стратегија за унапредување на постојните и воведување на нови услуги;
 Зголемен е бројот на корисници на поштенски услуги;
 Решен е статусот на лицата кои беа ангажирани како договорни пошторазнесувачи;
 Редовна исплата на плата во законски утврдениот рок;
 Преземени се низа активности, со цел подобрување на технолошкиот процес;
 Формирање на нови организациони облици;
 Децентрализација на доставата;
o Формирање на испорачни поштенски единици со кои граѓаните од една општина можат полесно, поевтино и побрзо да дојдат до своите пратки. Ваквиот начин, во само една ЕПМ 1114 (Нова Македонија) донесе до исклучителни позитивни ефекти.
 Започнување на процес за нова реонизација;
 Донесување на Правилник за користење на мопеди;
 Објавена е постапка за набавка на униформи за пошторазнесувачи;
 Извршено реновирање на објекти во 2021 година, и тоа:

o Гостивар, главна сала и ЕПМ1240
o Штип главна шалтер сала
o Зрновци, ЕПМ2305
o Струга, нов објект за ЕПМ
o ЕПМ 1114, зграда Нова Македонија
o Ѓорче Петров ЕПМ1069
o Чаир 1010

 Шалтер салата во рамки на Дирекцијата на Пошта:
o Прогласена за еден од 7-те заштитени објекти во Европа;
o Обезбедени средства од Буџетот на Министерството за култура за заштита на објектот;
o Прогласена за значајно културно наследство од страна на Управата за заштита на културно наследство;

 Зголемена е платата на договорните пошторазнесувачи од 15.000 до 18.000 ден;

 Исплатен регрес и јубилејни награди;

 Формиран одбор за преговори за измена и дополнување на Колективниот договор на Друштвото;

 Формирана е Комисија за за изготвување на нова систематизација на Друштвото, во која учествуваат претседателите на двете синдикални организации.

Истотака, сметаме дека е важно да ги напоменеме постигнатите резултати во 2021 година:

* Нова Мисија: „Пошта поблиску до граѓаните“

* Потпишани договори со нови коминтенти
o 177 за поштенски услуги, 21 за електронска трговија
 За прв пат воведена електронска продавница
o www.postashop.mk
 Географски дигитални информации за поштенската мрежа
o Нуди рута за најблиска пошта
 Зголемени приходи од продажба од филателија
o Продажба на филателистички марки во странство
 2020: 618.686,00 ден. 2021: 1.321.475,00 ден.
o Проект да ја вратиме традицијата (новогодишни честитки)
 2021: 112.587,00 ден. 2021: 2.876.451,00 ден.
 Воведени нови услуги
o Мој пакет – Подари на адреса
o Флексибилна достава
o Овозможени посебни цени за јавни комунални претпријатија
 Инвестиција во објект во шопинг мол East Gate
o Премиум услуга: „Кеса на адреса“

Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје:
Го почитува правото на штрајк како уставна категорија и загарантирано право, доколку истиот се спроведува согласно законската регулатива за штрајк, но укажува дека истиот ќе нанесе огромни штети на граѓаните, Друштвото и на вработените.

Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје е свесен за тешката економска ситуација во државата, а со тоа и на вработените, кои за жал 30 години не добиле повисоки плати, и во таа насока максимално се залага за изнаоѓање на одржливо решение, со цел целосна имплементација на барањата на двете синдикални организации за линеарно зголемување на платата на вработените, во периодот кој претстои.

Во таа насока Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“, ќе го почитува законското решение за усогласување на платите согласно законската регулатива која ја уредува оваа област.

Сакаме уште еднаш, јавно да ги повикаме претставниците на двете синдикални организации на АД „Пошта на Северна Македонија“, да се одлучат за дијалог, со цел наоѓање заедничко решение за линеарно зголемување на платите, согласно финансиските можности на Друштвото.

Со почит,

АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје

loading...

go88 gg go88 app go88 thiên đường online

SUNWIN - Nhà Cái Game Bài Uy Tín Nhất Thị Trường 2022 hỗ trợ sunwin Link tải SUNWIN Club cho Android APK | IOS mới nhất