БОМБА НА КАЕВСКИ: Груевски откри нови работи, дали градоначалникот со кој контактира е Арсовска?
БОМБА НА КАЕВСКИ: Груевски откри нови работи, дали градоначалникот со кој контактира е Арсовска?
ФЕРО ИНВЕСТ ВО СООПШТЕНИЕ ВЕЛИ ДЕКА НЕМААТ НИКАКВА ПОВРЗАНОСТ СО ФОТОНАПОНСКАТА ЦЕНТРАЛАТА ВО ОСЛОМЕЈ, ВЕЛАТ ДЕКА ИРЛ ГИ КЛЕВЕТИ БЕЗ ДОКАЗИ, ОД РЕДАКЦИЈАТА НА ИРЛ ТВРДАТ ПОИНАКУ, ОБЈАВУВААТ И ДОКУМЕНТИ ЗА КОИ ВЕЛАТ ДЕКА СЕ ДОКАЗИ ДЕКА ФЕРО ИНВЕСТ СЕ ПОВРЗАНИ СО ЦЕНТРАЛАТА
ФЕРО ИНВЕСТ ВО СООПШТЕНИЕ ВЕЛИ ДЕКА НЕМААТ НИКАКВА ПОВРЗАНОСТ СО ФОТОНАПОНСКАТА ЦЕНТРАЛАТА ВО ОСЛОМЕЈ, ВЕЛАТ ДЕКА ИРЛ ГИ КЛЕВЕТИ БЕЗ ДОКАЗИ, ОД РЕДАКЦИЈАТА НА ИРЛ ТВРДАТ ПОИНАКУ, ОБЈАВУВААТ И ДОКУМЕНТИ ЗА КОИ ВЕЛАТ ДЕКА СЕ ДОКАЗИ ДЕКА ФЕРО ИНВЕСТ СЕ ПОВРЗАНИ СО ЦЕНТРАЛАТА
Петков бара Радев да свика Совет за национална безбедност за Македонија
Петков бара Радев да свика Совет за национална безбедност за Македонија
Трас: Молдавија треба да се опреми по стандардите на НАТО
Трас: Молдавија треба да се опреми по стандардите на НАТО
(ВИДЕО) МАРИЧИЌ: ИЗЈАВИТЕ НА РАДЕВ ОДМАГААТ ДА ДОЈДЕМЕ ДО РЕШЕНИЕ, БАРАМЕ ОД БУГАРИЈА ДА ГИ УСОГЛАСАТ СВОИТЕ БАРАЊА И ДА ГИ СТАВАТ НА ХАРТИЈА ЗАЕДНО СО СВОИТЕ ОБВРСКИ ЗА ПАТОТ НА МАКЕДОНИЈА КОН ЕУ
(ВИДЕО) МАРИЧИЌ: ИЗЈАВИТЕ НА РАДЕВ ОДМАГААТ ДА ДОЈДЕМЕ ДО РЕШЕНИЕ, БАРАМЕ ОД БУГАРИЈА ДА ГИ УСОГЛАСАТ СВОИТЕ БАРАЊА И ДА ГИ СТАВАТ НА ХАРТИЈА ЗАЕДНО СО СВОИТЕ ОБВРСКИ ЗА ПАТОТ НА МАКЕДОНИЈА КОН ЕУ
Целосно изгаснат пожарот кај „Комуна”, нема повредени, има материјална штета
Целосно изгаснат пожарот кај „Комуна”, нема повредени, има материјална штета
Србија се усогласи со санкциите на ЕУ кон Белорусија во врска со инвазијата на Украина
Србија се усогласи со санкциите на ЕУ кон Белорусија во врска со инвазијата на Украина
САД ќе прати повеќе војници во Европа ако Русија се заканува
САД ќе прати повеќе војници во Европа ако Русија се заканува

МЕРСЕЛ БИЉАЛИ: РУСИЈА ЌЕ ДОЖИВЕЕ ПОРАЗ ВО УКРАИНА ПО ШТО ВО РУСИЈА ЌЕ ИМА РЕВОЛУЦИЈА, ИСТО КАКО ШТО ПО ПОРАЗОТ ВО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА СЕ СЛУЧИ РЕВОЛУЦИЈА, А ПО ПОРАЗОТ ОД АВГАНИСТАН ВО 1989-ТА СЕ РАСПАДНА СССР

„Ние не му простуваме на Путин за такви работи и јас сум апсолутно убеден дека ќе се бориме во секоја куќа, секоја улица и секое маало, во Киев, во Харков – во сите градови ќе направиме пекол за руските војници и на крајот за Путин. “, рече поранешниот украински претседател Порошенко.

На Владимир Путин реално не му оди баш најдобро, иако со тешко оружје „се бори за мир“! „Блицкриг“ пропадна и тој се повеќе заглавува во степската кал на Украина, ковчезите со телата на руските војници се веќе избројани во илјадници. Во Русија огромно незадоволство поради војната, девелвацијата, празните маркети. Бројни Руси како да сфаќаат дека треба да ја уништат војната пред таа да ги уништи нив! Тој пулс веќе го чувствува и Лукашенко (Белорусија), кој сега одбива да се вклучи во војната. Кина веќе му срте грб на Путин, па дури не му испорачува ниту резервни делови за воени цели! Така што Путин е сосема сам. Само со сирискиот Асад!

Сите знаат дека, ако по некоја голема случајност Путин победи во Украина, несомнено дека нема да застане само таму. Во Молдавија и Грузија веќе има територии окупирани од него. Потоа, проблемот на Литванија е Калининград, што е големо оправување за некоја нова инвазија. Кој гарантира дека НАТО нема и тогаш да се оправдува со „спас“ на светот од нуклеармна војна? Тука е и Западниот Балкан, кој на е за ништо талентиран освен за војни!
Но, тоа е веќе крајно ирационална варијанта на исходот, а реалноста изгледа се движи во друга насока. Реално, никој не можеше да замисли дека воената машинерија на Путин е толку слаба! Путин, кој пред само неколку дена се заколна дека ќе ја уништи „антируската машина создадена од Западот“, сега праќа сигнали дека е подготвен сериозно да разговара. Првин, тој го негираше украинскиот народ и држава како „творевина на Ленин“. Потоа, дека таму мора да се бори против „нацификација“. А сега „цената“ спаднал на потреба за неутрализација на Украина и враќање на Крим под свој суверенитет (и статусот за Донбас)! Битката за Киев е очаен обид за да се маскира слабата снага на руската војска. Но, се чини дека и овој владетел, кој целосно ја изгубил врската со реалноста, сега стана свесен дека овој дебакл му се заканува и нему и на неговиот режим.

За време на арапско-израелската војна во 1973 година, членките на ОПЕК воведоа ембарго на нафта за произраелските држави, што предизвика цените да се зголемат четирикратно, па затоа светот морал да се ориентира кон нуклеарките. Сега, нешто слично се очекува да се случи против руската енергија. „BP“, „Shell“ и „ExxonMobil“, трите најголеми западни енергетски компании, најавија дека ќе ги повлечат своите мултимилијардерски проекти од Русија. Исто така и француската компанија „TotalEnergies“, соопшти дека ќе ги прекине новите инвестиции таму. Тоа ќе доведе до големи финансиски загуби во Русија. Таа е трет по големина производител на нафта во светот и втор најголем производител на природен гас.

Санкциите ќе имаат долгорочни ефекти врз производството и продажбата на руската нафта. Државниот нафтен гигант “Rosneft” предводен од блискиот соработник на Путин, Игор Сечин, го развива огромниот нафтен проект Восток на Арктикот. Овој проект се очекуваше да произведува и извезува до две милиони барели нафта дневно до 2030 година. “Rosneft” сега веројатно ќе има потешкотии да обезбеди средства и технологија за развој на проектот „Восток“, бидејќи западните компании ја напуштаат Русија.
“Surguteneftegas”, еден од најголемите руски производители на нафта, минатата недела трипати не успеа да најде купувачи за 6,4 милиони барели нафта. Руските производители на нафта го продаваат своето производство со попуст до 17% по барел. И таа трансакција што постои тешко се одвива поради компликациите со SWIFT. Германија гледа на рускиот природен гас како на мост за нејзината енергетска транзиција од јаглен и нуклеарна енергија кон соларна и ветерна енергија. Реално,Европа брзо се движи кон диверзификација на своите енергетски извори поради загриженоста дека Русија би можела да го прекине снабдувањето со гас додека се продлабочува „економската војна“ – како што ја нарекоа некои претставници на Европската унија. Данска веќе одобри изградба на гасовод што ќе носи норвешки гас во Полска, бидејќи дозволата за изградба на овој гасовод беше суспендирана минатата година.

Што ќе се случи со Путин?
Судбината на Путин сега стана неизвесна. Во Украина изгледа тој сега се бори и за свој политички, а можеби и свој гол живот. Немал околу него човек што ќе му ја кажал вистината. Поради бруталната и лошо замислена војна во Украина, и поради личната крстоносна војна што тој самиот ја наметна, сега неговата армија делува доста депресивно, а економијата на земјата му е пред колапс. Цели 22 години тој беше единствената константа во руската политика, и тоа го доведе до рангот на Хитлер. И сега не е чудно што луѓето таму се повеќе размислуваат за Русија без Путин. Но, како ќе биде неговиот крај? Едни се плашат дека можеби тоа ќе биде и крајот на Русија во сегашни граници. Други се плашат дека со вакво осиромашување на руското население, сепаратистичките тенденции би можеле да растат во националните републики на Руската Федерација. Трети тагуваат за мирот кога синовите ги закопувале своите татковци, во споредба со сега кога татковците ги закопуваат своите синови! Како и да е, агонијата на овој режим ќе биде тешка и за Русија и за нејзините граѓани, но и за нејзините соседи. Прашање на време е кога тоа ќе се случи.

Путин веќе смени голем број високи функционери, веројатно како жртва за своите промашувања. Тој сега веќе никому не верува, оти при ваква состојба, да веруваш некому е исто како да му дадеш меч, со кој не знаеш дали ќе те заштити или ќе те убие! Веќе има гласини дека министерот за одбрана Сергеј Шојгу е осомничен за планирање државен удар! Реално, единствените институции кои изгледаат способни да го соборат Путин се или безбедносните агенции или поверојатно војската. Таму се две елитни дивизии надвор од Москва: Четвртата гардиска тенковска дивизија „Кантемиров“ и Втората гардиска механизирана дивизија „Таман“. Тие не само што се внимателно следени од одделот за контраразузнавање на ФСБ, чија примарна задача е да открие потенцијални знаци на нелојалност, туку се под надзор и од некои други единици во Москва. Националната гарда е паралелна внатрешна армија предводена од поранешниот телохранител на Путин и врвен лојалист Виктор Золотов, и таа има преголема сила. Имаат дури и свои тенкови, артилерија и противтенковски ракети, па сосема е јасно дека нивната функција е да и се спротивстават на армијата, доколку е потребно. Оттука, секој обид на војската да го собори Путин може да биде многу опасен потфат што може да доведе до војна на улиците на Москва.
Друга варијанта е огромното граѓанско незадоволство поради падот на живеачката и огромните жртви од војната. Русите имаат добро искуство со револуции. Дури таквите настани ќе им бидат во прилог на путиновите противници или претенденти за замена на постојниот режим. Но, и тогаш ќе продолжи неизвесноста, оти познато е дека секоја револуција, првин ги јаде татковцит, а потоа и синовите!

Најекстремната опција за која некои на Запад отворено разговараат е можноста за атентат. Тоа е малку веројатно поради силните мерки на претпазливост околу самиот Путин, бидејќи се знае дека тој е многу внимателен и се граничи со параноја. Деновиве тој ретко патува, освен меѓу Кремљ и другите палати, а патува во претседателски авион или оклопна лимузина, придружуван од огромна колона мотоциклисти, комбиња полни со тешко вооружени офицери, амбулантни возила и возила за електронско војување. Дури и групата клептократи што сега многу што им се запленува се фатени од Путин, но тие се против неговата крстоносна војна кон целиот свет.

Какои да е, по Путин Русија веќе нема да биде исто. А и светот во целина. Познато е дека, Руско-јапонската војна од 1904-1905 година требаше да биде „мала, убава, победничка војна“, според зборовите на министерот за внатрешни работи Вјачеслав Плехва, и требаше да му ја покаже на светот силата на Русија. Меѓутоа, разочарувањето и срамниот пораз предизвикаа неуспешна револуција во 1905 година. Исто така, економската криза и застрашувачките загуби што ги претрпе Русија во Првата светска војна, доведоа до зголемено незадоволство на елитата што го принуди царот да абдицира. Дебаклот на војна во Авганистан од 1979 до 1989 година, доведе до падот на комунистичкиот руски режим. Историјата продолжува да се повторува, но секогаш со многу повисока цена.

Мерсел Биљали

loading...

animes online. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

AniWatch Arifureta: From Commonplace to World's Strongest Season 2 Episode 4

One-Punch Man Episode 5

aniwatch app Boruto: Naruto Next Generations (Dub)

aniwatch app AniWatch Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Cour 2

online anime Redo of Healer

tải go88