(ВИДЕО) МАКЕДОНЦИТЕ ВО ХАЛКИДИКИ ЗАЧУДЕНИ КОЛКУ СЕ ЗАЕВИ СКРОМНИ: ЛЕТУВААТ ЗАЕДНО СО ОБИЧНИОТ НАРОДОТ НА ЕФТИНА ПЛАЖА ВО ПЕФКОХОРИ НА ПРВИОТ КРАК, НЕ СЕ НА ЕГЗОТИЧНИ ДЕСТИНАЦИИ КАКО МИКОНОС, МАЛДИВИ, ЕГИПЕТ, КУБА, СЕЈШЕЛИ

БРАВО - НОВИ ГРАДИНКИ ВО КИСЕЛА ВОДА: УСЈЕ ЗА ПРВПАТ ДОБИВА ГРАДИНКА, НАСКОРО ГРАДИНКА И ВО РАСАДНИК
БРАВО - НОВИ ГРАДИНКИ ВО КИСЕЛА ВОДА: УСЈЕ ЗА ПРВПАТ ДОБИВА ГРАДИНКА, НАСКОРО ГРАДИНКА И ВО РАСАДНИК
БОМБА НА ОСМАНИ: Нема потреба да се гласа во собрание за францускиот предлог, тој е во рамки на декларацијата усвоена лани, се нудам да одам во ВМРО ДПМНЕ да им го објаснам предлогот
БОМБА НА ОСМАНИ: Нема потреба да се гласа во собрание за францускиот предлог, тој е во рамки на декларацијата усвоена лани, се нудам да одам во ВМРО ДПМНЕ да им го објаснам предлогот
ОСМАНИ: СПОРЕД ПРОТОКОЛОТ КОЈ ЌЕ ГО ОБЈАВИМЕ УТРЕ СЕ ПРЕДВИДУВА ОТВОРАЊЕ НА АРХИВИТЕ ВО ДВЕТЕ ЗЕМЈИ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД КОМУНИЗМОТ
ОСМАНИ: СПОРЕД ПРОТОКОЛОТ КОЈ ЌЕ ГО ОБЈАВИМЕ УТРЕ СЕ ПРЕДВИДУВА ОТВОРАЊЕ НА АРХИВИТЕ ВО ДВЕТЕ ЗЕМЈИ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД КОМУНИЗМОТ
ОСМАНИ: ГОВОРОТ НА ОМРАЗА КОН БУГАРИЈА НЕМА ДА СЕ ТАРГЕТИРА СО ЦЕНЗУРА ТУКУ СО АПЕЛИ И СООПШТЕНИЈА
ОСМАНИ: ГОВОРОТ НА ОМРАЗА КОН БУГАРИЈА НЕМА ДА СЕ ТАРГЕТИРА СО ЦЕНЗУРА ТУКУ СО АПЕЛИ И СООПШТЕНИЈА
ЌЕ ПАЃААТ РУСКИ АВИОНИ И ХЕЛИКОПТЕРИ ВО УКРАИНА: АМЕРИКА ПРАЌА ВО УКРАИНА НАЈСОВРЕМЕНИ СИСТЕМИ ЗА АНТИ ВОЗДУШНА ОДБРАНА ВРЕДНА 800 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
ЌЕ ПАЃААТ РУСКИ АВИОНИ И ХЕЛИКОПТЕРИ ВО УКРАИНА: АМЕРИКА ПРАЌА ВО УКРАИНА НАЈСОВРЕМЕНИ СИСТЕМИ ЗА АНТИ ВОЗДУШНА ОДБРАНА ВРЕДНА 800 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА РУСИТЕ: СО РАКЕТИ УБИЕНИ 30 ЖИТЕЛИ НА ОДЕСА
НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА РУСИТЕ: СО РАКЕТИ УБИЕНИ 30 ЖИТЕЛИ НА ОДЕСА
ОСМАНИ: Се разбира дека секое решение, предлог, којшто треба да задоволи две страни е компромисен и дека не е идеален само за едната страна, било кој предлог ќе треба да ги остави двете страни подеднакво задоволни или незадоволни

МФ: Се отвора финансискиот пазар за нови даватели на услуги, нови услуги, пониски трошоци и заштита на потрошувачите

19 април 2022, Скопје – Либерализација на финансискиот пазар со влез на нови даватели на платежни услуги, нови платежни услуги, како и намалување на надоместокот за трансакциите, се дел од новините што ќе им бидат достапни на граѓаните и фирмите од 1 јануари 2023 година. Тоа е овозможено со донесувањето на Законот за платежни услуги и платни системи, којшто го подготви Министерството за финансии, а стапува на сила на 20 април 2022 година.
Новиот закон, којшто претставува усогласување на домашното законодавство со директивите на ЕУ од областа на платежните услуги, обезбедува сигурен, стабилен и ефикасен платен систем во РС Македонија, целосно компатибилен со платните системи на земјите членки на ЕУ.

Со либерализацијата на пазарот се овозможува, покрај банките, кои досега имаа монопол во давањето платежни услуги, на пазарот да се појават и платежни институции, односно трговски друштва кои врз основа на дозвола од Народната банка ќе даваат платежни услуги.
Новите услуги што ќе бидат достапни се однесуваат на услуги за иницирање плаќање и услуги за давање информации за платежни сметки. Конкретно, услугата за иницирање плаќање ќе им овозможи на корисниците да иницираат трансакции за плаќање преку Интернет или преку мобилни апликации на товар на нивната банкарска сметка преку давател на услуги за иницирање плаќања. Оваа услуга ќе биде особено корисна во сферата на електронската трговија, односно наместо со платежна картичка, на интернет продажните места ќе може да се плати и со користење електронско банкарство.

Услугaта за давање информации за платежни сметки ќе овозможи полесно следење на извршените трансакции и состојбата на сметките, односно подобро управување со ликвидноста, како и анализа на потрошувачката на корисникот на платежни услуги која може да резултира со нудење нови услуги согласно неговото претходно однесување и потреби. Дополнително, за корисникот тоа ќе го олесни процесот за аплицирање со цел добивање кредитни продукти од банки и други финансиски институции.
Во овој контекст, значајна улога се очекува да одиграат финтек компаниите што имаат знаење, искуство и технологии за воспоставување брз, ефикасен и безбеден електронски пристап до даватели на услуги, односно реализација на платежни трансакции. Влезот, пак, на пазарот на овие финтек компании ќе се стимулира преку олеснети барања во однос на критериумите за започнување со вршење платежни услуги, а со цел да се привлечат финтек компаниите што треба да бидат двигатели на иновативни и дигитализирани платежни услуги и да ја засилат конкуренцијата на пазарот што ќе значи подобри платежни услуги по пониски цени.

Со Законот особено внимание се посветува на заштита на потрошувачите, така што се воведуваат задолжителни преддоговорни и договорни информации, што давателите на платежни услуги се должни да му ги дадат на потрошувачот со цел тој да може да донесе правилен избор и одлука дали да прифати користење услуги од тој давател. Исто така, јавно ќе бидат објавени и информациите за надоместоците што ги наплатуваат за платежните трансакции, за услугата на продавачот и слично. Граѓаните ќе имаат можност бесплатно да ја пренесат платежната сметка од еден кај друг давател на услугата. За ранливите категории (корисници на законски права) се воведуваат и бесплатни услуги, односно нема да се наплатува надоместок за најмалку пет трансакции што се порамнуваат интерно кај самиот давател на платежни услуги на месечна основа. Исто така, ќе може да се отвори платежна сметка со основни функции за потрошувачите со законско живеалиште и престојувалиште во Република Северна Македонија, барател на азил и потрошувач на кој му е одбиено барање за престој и чие напуштање на Република Северна Македонија не е можно поради правни или други практични причини (право на невраќање).

Важна новина во Законот е и ограничувањето на висината на заменскиот надоместок што се пресметува и плаќа за секоја платежна трансакција заснована на платежна картичка, односно од сегашниот просечен надоместок од 1,21% што го наплаќаат од трговците, тој ќе се сведе на 1% од вредноста на платежната трансакција на 1 октомври оваа година и постепено ќе се намалува до 0,2% во 2025 година. Исто така, сметките на кои 24 месеци нема никакви приливи и одливи и депозитните сметки на кои 10 години нема остварено каква било комуникација со сопственикот на сметката ќе добијат третман на неактивни сметки, со што давателот на платежни сметки не смее да ја намали вредноста на паричните средства на овие сметки заради пресметка и наплата на какви било надоместоци.
Со Законот ќе се воспостави и Единствен регистар на сметки кој ќе го води и одржува Централниот регистар, во кој ќе се водат платежните сметки, депозитните и други денарски и девизни сметки и сефовите.

loading...

https://tai.go88.is/

SunWin - Game bài uy tín - Link vào Sun Win mới nhất 2022 sunwin kubet sunwin pro