Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ

МФ: Се зајакнува Финансиската инспекција за контрола на користење на јавните финансиски средства во јавниот сектор и користењето на средствата од ЕУ фондовите

13 април 2022, Скопје – Министерството за финансии преку финансиската инспекција во јавниот сектор поефикасно и поефективно ќе ја врши контролата на користењето на јавните финансиски средства кај субјектите од јавниот сектор и користењето на финасиските средства од ЕУ фондовите. Тоа го предвидува новото законско решение за финансиска инспекција во јавниот сектор што на предлог на МФ го усвои Владата на вчерашната седница.

Со новото законско решение се проширува основот за поведување финансиска инспекција и по службена должност, во случаи на допрен глас или по добиени сознанија за основано сомнение за сторена неправилност, недостаток и/или сомневање за кривично дело во финансиското управување со јавните средства, како и средствата на ЕУ фондовите кај субјектите на финансиската инспекција. Утврдено е дека нема да се спроведе финансиска инспекција во случај на поднесена анонимна пријава, со исклучок кога таа анонимна пријава ќе биде поткрепена со докази или има наводи за постоење на основано сомнение за неправилност, недостаток или сомневање за кривично дело во финансиското управување со јавните средства, како и средствата на ЕУ фондовите кај субјектите на финансиската инспекција.

Новиот закон предвидува и воведување акти со кои се изрекуваат мерки на субјектот на финансиска инспекција за отстранување на неправилност или недостаток, прекинување на неправилност и враќање на средствата во буџетот.

Меѓу позначајните измени е и зголемување на износот на глоба за раководителот на субјектот на финансиска инспекција, како и воведување нови прекршочни одредби за сторени прекршоци со незаконско користење на средствата на ЕУ фондовите и прекршоци сторени од физичко лице и одговорно лице во правно лице со оневозможување на спроведување на финансиската инспекција или непостапување по барањата на финансиската инспекција.

Потребата од носењето на новиот закон е заради подобрување на ефикасноста и ефективноста на финансиската инспекција при вршење контрола на користењето на јавните финансиски средства кај субјектите од јавниот сектор и користењето на финансиските средства од ЕУ фондовите, како и за надминување на слабостите во постојната регулатива, констатирани при практичното спроведување на законот од страна на финансиската инспекција на Министерството за финансии.

loading...