Мицкоски ги разочара албанските партии: „ВМРО-ДПМНЕ не излегува од антиалбанскиот груевизам“

Политичките партии на Албанците се изненадени од изјавата на лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ за владината уредба со која се овозможува полициските униформи да имаат ознаки и на албански јазик, покрај македонскиот. Едни велат дека Мицкоски свесно или несвесно се приклучува кон „владините театрални изјави“, а други, пак, дека на ВМРО-ДПМНЕ ѝ треба уште време за целосно да го отстрани „политичкиот дискурс на антиалбанскиот груевизам“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изрази чудење од владината уредба за двојазични ознаки на полициските униформи и иронично додаде дека премиерот Димитар Ковачевски „со двојазичност може дури и да се тетовира на чело“. За пратеникот на Алтернативна Скендер Реџепи, ваквите изјави на Мицкоски се незрели и одразуваат презир кон албанскиот јазик.

– Оваа изјава не му служи на чест на претседател на политички субјект, кој тврди дека еден ден ќе ја води државата. Мислам дека треба уште време ВМРО-ДПМНЕ целосно да го отстрани политичкиот дискурс на антиалбанскиот груевизам – изјави Реџепи.

И првиот вицепремиер и висок функционер на ДУИ Артан Груби реплицираше на коментарите на Мицкоски. – Жално е, особено од опозицијата, која и понатаму покажува противење на Охридскиот договор, албанскиот јазик, еднаквоста и Албанците.

А, всушност е жално што пред да го видат на англиски напишан на полициската униформа, им пречи албанскиот јазик. Но тоа не им попречува, туку албанскиот јазик им пречи. Уредбата апсолутно ќе се спроведе и сега во МВР се прават подготовки за новите униформи со албански натпис – изјави вицепремиерот Груби. Халил Снопче, пратеник на Алијансата за Албанците, смета дека прашањето на двојазичноста во полициските униформи не се решава со уредба, туку само со измени во Законот за полиција.

– Овој проблем не се решава со уредба, тоа е само уште една манипулација на Владата, на чело со ДУИ. Изјавата на Мицкоски е продолжение на помпезните и смешни изјави на претставниците на ДУИ. Театар за продолжување на старите политики, било од СДСМ или од ВМРО-ДПМНЕ, за да се деконцентрира јавното мислење од реални економски проблеми, енергетска криза и слично, и повторно да се претвори играта во политичко прашање, кое одамна требаше да се реализира – вели Снопче за „Слободен печат“.

Пратеникот од Движењето БЕСА Фадил Зендели смета дека прашањето за употребата на јазиците не треба да е предмет на дебата. – Употребата на албанскиот јазик е обврска од Охридскиот рамковен договор и Законот за употреба на јазиците и не е предмет на дебата. Решението мора да биде законско. Северна Македонија не е посебен случај, има и други земји каде што се користат јазици на друга етничка припадност на полициските униформи – вели Зендели за „Слободен печат“.

tải sunwin

sunwin tài xỉu tải sunwin sunwin.apk mới nhất

tải sunwin tải sunwin sunwin tài xỉu

sunwin web

sunwin