Основниот проблем на авторитарните владетели и владeтелчиња е што не разбираат дека се тоа. Дека судството го задавиле под себе, дека суди како ќе му кажат, дека слободата на мислењето е важна и дека конечно треба да се понесе одговорност за владеењето на тој и таков начин.
Никола Груевски нема надеж дека ќе го разбере тоа. Тој го задави сиромашкиот судија да пресуди како ќе му каже и мисли дека „во негово време суделе добро“?
Никола Груевски со своето неписмено и неодговорно владеење ја има задолжено земјава и нејзиниот буџет 20-тина милиони евра оштета на Мамидакис Оил, со кршењето на договорните обврски на ОКТА кон оваа компанија, од причини да му „учинат“ услуга на Хеленик петролеум. Писмото подолу потпишано од Никола Груевски е клучен доказ за тоа, што и го потврдил судот во Лондон кога ја пресудил оштетата.
Зошто Груевски не одговарал за оваа огромна штета која ја нанесол на државата директно со свој потпис и докажано со меѓународна судска одлука ?
Бидејки знаел за тоа тој се одлучил да тужи за клевета некого кој ќе го спомене тоа и било што во врска со тоа и преку своето партиско судство експресно пресуди во негова корист, а проф Љубомир Данаилов Фрчкоски го осудија да плати огромна парична казна за навредената чест и углед на диктаторот? Судот и судијата не смее да писнат и да ги погледаат доказите со кои се докажува директно дека Груевски е крив, а дека проф.Фрчкоски е во право (како што е ова писмо во прилог потпишано од Груевски причина за штетата кон државата).
Ниту еден доказ не беше возможно да се поднесе а камоли прифати од судијата исплашен – уплавосан, а потоа веднаш унапреден во судија на Апелација.
Сега Груевски јаде боранија од Будимпешта што било како било судството и пресудата за клевета. Која будателетинка без срам и перде .
Пред неколку денови дознавме како Груевски дошол до 750 квадрати станови во Панорама на Водно. Но еве како дошол до трите стана споени во голем стан од 250 квадрати во кои живееше на Бихачка додека беше премиер. Како министер за трговија во 2000-та потпишал скандалозно писмо со кое ја овластил ОКТА да го раскине договорот со Мамидакис со што државата беше тужена како страна која и наредила на ОКТА да му нанесе штета на Мамидакис и за тоа платила 20 милиона евра оштета со се камати. Колку милиони зел за ова паторот на кој рачето му лепело уште тогаш пред 20 години?!