МИЦКОВСКИ НАПРАВИ НЕВИДЕНА НАЦИОНАЛНА ШТЕТА – Симовски: Имаме бојкот на пописот во дијаспората

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вели дека дијаспората го бојкотира пописот.

Во изјава за Канал 5 рече дека тивкиот бојкот се веројатно се должи на антикампањата за бојкот за пописот.

Според него, слабиот одзив на иселениците води во погрешна насока.

-Toa што е мал одзивот во Австралија особено, меѓутоа и во Канада и САД веројатно се должи на антикампања која знаеме дека тече и имаме информации такви. Меѓутоа уште еднаш ги охрабрувам бидејќи ова е нешто што е во интерес прво на нив самите а и на државата за да собереме информации за тоа колку и каде имаме наши сограѓани, изјави Апостол Симовски.