Министерството за локална самоуправа ја спроведува Програмата на Владата во делот на локалната самоуправа и рамномерниот регионален развој. И двете политики имаат огромно влијание на квалитетот на живеење на сите граѓани, рече министерот Горан Милевски на денешната годишната конференција „Децентрализација 2.0: Ефективни механизми за граѓанско учество во рамки на проектот „Ефективен механизам за граѓанско учество“ која се одржи во Штип во организација на Фондација за развој на локалната заедница со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
