ШОКАНТНО: ГРАД СКОПЈЕ СО РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ ПРЕДЛАГА КРАТЕЊЕ НА ПАРИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК И БУЛЕВАРИТЕ ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА?!
ШОКАНТНО: ГРАД СКОПЈЕ СО РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ ПРЕДЛАГА КРАТЕЊЕ НА ПАРИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК И БУЛЕВАРИТЕ ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА?!
РУСИЈА И УКРАИНА РАЗМЕНИЈА 140 ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ, МЕЃУ НИВ 43 СЕ ОД БОРЦИТЕ ОД АЗОВСТАЛ
РУСИЈА И УКРАИНА РАЗМЕНИЈА 140 ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ, МЕЃУ НИВ 43 СЕ ОД БОРЦИТЕ ОД АЗОВСТАЛ
Министерката Петровска на НАТО самитот во Мадрид: Безбедноста на регионот е геополитички императив на Алијансата
Министерката Петровска на НАТО самитот во Мадрид: Безбедноста на регионот е геополитички императив на Алијансата
Сме имале повеќе вакви акции, ама одзивот на кавадарчани да спасат нечиј живот е нешто невидено, кажа доктор Петличковски
Сме имале повеќе вакви акции, ама одзивот на кавадарчани да спасат нечиј живот е нешто невидено, кажа доктор Петличковски
БОМБА НА БЕКТЕШИ: БИЗНИСМЕНИ МИЛИОНЕРИ СО ПОВЛАСТЕНА СТРУЈА ГРЕАТ ЦЕЛИ БАЗЕНИ И КОПААТ КРИПТОВАЛУТИ!
БОМБА НА БЕКТЕШИ: БИЗНИСМЕНИ МИЛИОНЕРИ СО ПОВЛАСТЕНА СТРУЈА ГРЕАТ ЦЕЛИ БАЗЕНИ И КОПААТ КРИПТОВАЛУТИ!
Пратеничката Снежана Калевска – Ванчева за ,,Фокус” открива кој пратеник ја снимал во деколте
Пратеничката Снежана Калевска – Ванчева за ,,Фокус” открива кој пратеник ја снимал во деколте
Ковачевски до Милошоски: Ако сакате јавна расправа со поранешни премиери, треба да дојдат сите премиери, ама Груевски ви е во странство
Ковачевски до Милошоски: Ако сакате јавна расправа со поранешни премиери, треба да дојдат сите премиери, ама Груевски ви е во странство
Тупанчески: Ветингот на судии може да биде направен и со постојните законски решенија
Тупанчески: Ветингот на судии може да биде направен и со постојните законски решенија

Милевски, Морачанин и Трајанов формираат троен пакт за локалните избори

Политичките партии ЛДП, ДОМ и Демократски сојуз заеднички ќе настапат на претстојните локални избори, што треба да се одржат кон крајот на годината, дознава Фокус.

Од партиите на Горан Милевски, Маја Морачанин и Павле Трајанов неофицијално велат дека ќе излезат со заеднички советнички листи, но и со заеднички кандидати за градоначалници во многу општини низ државата.

Ваков начелен договор за формирање на троен пакт и е веќе постигнат, но, како што истакнуваат од таму, одлуката треба да се официјализира кога ќе помине и низ партиските органи.

Извори од овие партии посочуваат дека целта им е да се наметнат како трета опција во однос на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но и како граѓанска алтернатива, наспроти популизмот и национализмот на Левица.

Притоа, тие проценуваат дека постои простор и политички амбиент да освојат околу 50 илјади гласови на советничките листи.

Во меѓувреме, тие веќе спроведуваат внатрепартиски постапки за пројавување на интерес за градоначалнички кандидатури, но истовремено прават и анкети за испитување на расположението околу конкретни имиња.

Што се однесува до Скопје, оваа тројна коалиција во најава размислува дали да поддржи независен кандидат за градоначалник, односно еден добро познат лик од естрадата кој има амбиции да влезе во изборната трка за прв човек на метрополата.

Другата опција е тие во главниот град да истрчаат со некој од партиските кадри што во изминатиот период создадоа рејтинг во јавноста, како што, на пример, е случајот со еден познат епидемилоог, кој патем е дел од органите на една од овие три партии.

Инаку, тие на централно ниво се дел од владејачката коалиција предводена од СДСМ, но неодамна одлучија да излезат од заедничката пратеничка група и да делуваат самостојно во рамки на Собранието.

Паралелно со тоа, опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека преговара со парламентарни партии од мнозинството надвор од СДСМ и ДУИ за промена на власта, меѓутоа ДОМ, ЛДП и ДС негираат дека се или биле дел од такви разговори.

loading...

go88 lmhmod go88 play Game Go88 và Link đăng nhập vào Go88 mới nhất khi bị chặn

otp sunwin sunwin être đường link tải sunwin