Денес потпишав, Одлука за распределба на остатокот од средства од програмата за намалување на диспаритетите во и помеѓу планските региони.
✅ Доделивме средства за зачувување на духовното наследство во Чучер Сандево, што ќе доведе до зголемување на бројот на туристи во овој крај и развижување на локалната економија. Преку проектот ќе се извршат конзерваторско реставраторски интервенции на северниот конак на преубавиот манастирскиот комплекс Св. Никита во с. Горњани. Ова е најпосетуваниот објект во општината.
✅ Изработка на техничка документација за реконструкција на локалниот пат од трафостаницата на с. Магарево до влезот во Националниот парк Пелистер. Ако сакаме развој на туризмот на Пелистер треба да се обезбеди и добра патна инфраструктура. Следната година ќе се реализира и неговото санирање со заеднички сили со Општината Битола.
✅ Изградба на северната улица 1 и станбените улици 2, 3 и 4 во ДУП Дисанска заедно со општина Кавадарци. Министерството ќе финансира 30% од вредноста на проектот а остатокот Општина Кавадарци.
✅ Изработка на техничка документација за реконструкција на локален пат с. Челопеци, Сребетино до с. Долно Козичино, како и изработка на проект за фекална канализација во с. Колари во општина Кичево.
✅ Изработка на техничка документација за проектирање на нов пат од с. Раштани до Битолското кале. Ова е дел од големиот проект за реконструкција на Калето за што претходно оваа година од Министерството се обезбедија средства за истражување на Калето и изработка на проект за градби. Со овој проект ја збогатуваме туристичката понуда на Битола со внесување на нови содржини. Изградбата на новиот пат се очекува да се реализира следната година.