(ВИДЕО) Заев во Европскиот Парламент на средбата со Сасоли: Во Брисел сме за да порачаме дека итно треба да се одблокира европскиот пат, но преговори за македонскиот идентитет не се опција
(ВИДЕО) Заев во Европскиот Парламент на средбата со Сасоли: Во Брисел сме за да порачаме дека итно треба да се одблокира европскиот пат, но преговори за македонскиот идентитет не се опција
ГАК: Починатата пациентка не беше родилка, злонамерни се шпекулациите за причините за смртта
ГАК: Починатата пациентка не беше родилка, злонамерни се шпекулациите за причините за смртта
БРАЌАТА ШВЕЃАНИ СЕ БОРАТ ЗА НАС: Шведска бара итен почеток на ЕУ преговорите со С. Македонија
БРАЌАТА ШВЕЃАНИ СЕ БОРАТ ЗА НАС: Шведска бара итен почеток на ЕУ преговорите со С. Македонија
СПАСОВСКИ: Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа.
СПАСОВСКИ: Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа.
ВИДЕО: Пендаровски домаќин на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили која носеше маска со знамето на Северна Македонија
ВИДЕО: Пендаровски домаќин на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили која носеше маска со знамето на Северна Македонија
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧЕЛО - СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ВО ПРИЛЕП СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ ВО ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДОТ
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧЕЛО - СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ВО ПРИЛЕП СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ ВО ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДОТ
Вице премиерот Груби се вакцинираше и апелира до граѓаните да се регистрираат на vakcinacija.mk
Вице премиерот Груби се вакцинираше и апелира до граѓаните да се регистрираат на vakcinacija.mk
КОЖУВЧАНКА ДОО со донација од 100.000 шишиња вода Изворска и 22.000 лименки безалкохолен пијалок Sinetta за потребите на пунктовите за вакцинација ширум земјава
КОЖУВЧАНКА ДОО со донација од 100.000 шишиња вода Изворска и 22.000 лименки безалкохолен пијалок Sinetta за потребите на пунктовите за вакцинација ширум земјава

Милевски: Преку ИПА програмата ја реставрираме црквата „Св. Власие“ во Штип

Конзервацијата и реставрацијата на црквата „Св. Власие“ e од особено значење за подобрување на туристичката понуда на Штип. Активноста се реализира во рамки на проектот „Културен мост низ вековите“, финансиран преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Северна Македонија.

– Денеска извршив прва посета на Штип на новиот градоначалник д-р Сашко Николов. Разговаравме за неговите планови и проекти кои што ги има за општината Штип и како ние како Министерството за локална самоуправа може да помогнеме преку нашите програми кои опфаќаат финансирање на урбани подрачја, специфични подрачја, финансирање на села. При посетата направивме и увид на градежните активности на археолошкиот локалитет Исар, каде што со проектот од Центарот за развој на Источен плански регион, се реконструира и се става во функција оваа културно-историска знаменитост во Штип, се подобрува пристапност до лoкалитетот преку изградба на патека и реконструкција на црквата „Св. Власие“ и нејзината околина, во висина од 90 илјади евра. Со задоволство можам да констатирам дека уште една туристичка атракција ќе ставиме во функција и со тоа ќе се збогати туристичката понуда на Штип. Се надевам дека и со Центарот за развој на Источен плански регион како и со општина Штип ќе продолжиме успешно да соработуваме во иднина, потенцираше министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

– Со министерот за локална самоуправа Милевски бевме во посета на археолошкиот дел на Исарот каде што се наоѓа црквата „Св. Власие“, каде во финална, завршна фаза е изградбата на пристапната патека која води кон ова археолошко место, каде што веќе се реконструирани темелите на црквата која датира некаде од 14-тиот век. Црквата претставува значителен историски момент за нашата општина и со пари добиени од Центарот за развој источниот плански регион заедно со Министерството овој проект успешно завршува и ќе бидеме желни како Општина за понатамошни проекти кои што ги разговаравме заедно со министерот. И во иднина општина Штип ќе црпи проекти кои што ќе бидат реализирани кај нас, изјави градоначалникот на општина Штип, Сашко Николов.

Црквата „Св. Власие“ се наоѓа на археолошкиот локалитет „Исар“ и е откриена со археолошки истражувања од страна на стручен тим од Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Штип во 2010 година. Градежните активности предвидуваат конзервација и реставрација на сите ѕидни платна со камен и опус со надѕидување до максимум 1,5 метри од ниво на теренот.

Подот ќе се реставрира по целата негова површина со камени плочи. Вториот дел од проектот претставува изградба на пристапна патека кон црквата од западната страна, во должина од 146 метри која што целосно ќе биде изработена од камен. Третиот дел на проектот опфаќа осветлување на пристапната патека и на црквата „Св. Власие“ со украсни канделабри. Во рамките на проектот ќе се реализираат и обуки за туристички водичи како и обуки за управување со културни настани и културно наследство.

loading...

GoGoAnime death note gogoanime: Gintama (https://gogoanime.be/m/n2L) Episode 201

AniWatch watch anime dub: Attack on Titan (Dub) (https://aniwatch.pro/m/PGpJ) Episode 25