⭕ За таа цел, денес, на предлог на Министерството за локална самоуправа, поради големите ограничувања на постојната Спогодба, Владата донесе заклучок со кој го задолжи Министерството за транспорт и врски да пристапи кон измена на “Спогодбата меѓу Владата на Р. Македонија и Р. Албанија за воспоставување на меѓународна езерска патничка линија Охрид – Подградец” потпишана во 1999 година.
⭕ Преку ИПА програмата работиме на изградба на пристаниште во Струга и Подградец како и набавка на еколошки бродови кои нема да го загадуваат езерото и кои ќе се обраќаат на линијата Струга-Охрид-Св.Наум-Подградец.
⭕ Зголемување на туристичките содржини на овој регион ќе значи и повеќе туристи и поголем развој на целиот Охридски регион.
⭕ Рамномерниот развој на сите региони е приоритет на Министерството и на Владата во целина.