Денес, Советот на Општина Чешиново Облешево, едногласно, со сите 11 гласови ЗА, го избра Орце Митров за свој претседател.
Орце Митров, доаѓа од листата на коалицијата “Одлучно за промени” на ЛДП и ДОМ со освоени 14,48% од гласовите.
Тој е и поранешен градоначалник на Општина Чешиново Облешево кој доаѓа од редовите на ЛДП, личност која обединува и сплотува.
Едногласната одлука значи обврска плус да се грижи и да работи во интерес на сите оставајќи ги на страна партиски поделби и определби.
Посакувам успешна и плодна работа