Денес го одржавме првиот состанок на Управниот комитет на проектот Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, втора фаза кој е финансиски поддржан од Швајцарската развојна агенција.
На состанокот присуствуваа и Амбасадорката на Швајцарската конфедерација, H.E.Véronique Hulmann и заменик министерот за финансии, Филип Николоски.
По успешно имплементираната прва фаза, со задоволство ја започнуваме втората фаза на проектот, со која ќе ја продолжиме поддршката на планските региони, ќе го следиме развојот на регионите, обука на членовите на Советите на планските региони, финансирање на нови проекти, следење на законските регулативи и стратешки документи и нивна надоградба.
Вкупниот буџет изнесува 6️⃣ милиони Швајцарски франци, од кои 4️⃣ милиони се удел на Швајцарската развојна агенција, а 2️⃣ милиони на Министерството за локална самоуправа.