ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ГЛУПИРА, МИЦКОВСКИ МУ НАРЕДИЛ ДА ГЛУМИ КЛОВН - БАРА ОД ОСМАНИ ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА ДА ГИ ПРЕТВОРИ ВО КИМ КАРДАШИЈАН РИЈАЛИТИ ШОУ!
ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ГЛУПИРА, МИЦКОВСКИ МУ НАРЕДИЛ ДА ГЛУМИ КЛОВН - БАРА ОД ОСМАНИ ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА ДА ГИ ПРЕТВОРИ ВО КИМ КАРДАШИЈАН РИЈАЛИТИ ШОУ!
Ружин: Францускиот предлог го заштитува македонскиот јазик, Макрон погреши со „Северномакедонци“
Ружин: Францускиот предлог го заштитува македонскиот јазик, Макрон погреши со „Северномакедонци“
Ѓоргиев: За Илинденското востание не сме разговарале во Комисијата
Ѓоргиев: За Илинденското востание не сме разговарале во Комисијата
Арсовска: Започнуваме нов зелен плоштад и парк од 5000 квадратни метри во населбата Ченто
Арсовска: Започнуваме нов зелен плоштад и парк од 5000 квадратни метри во населбата Ченто
ФОТО ГАЛЕРИЈА: ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА ВО СТРУМИЦА
ФОТО ГАЛЕРИЈА: ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА ВО СТРУМИЦА
АНТИ ВАКСЕРИТЕ ЌЕ ГО УНИШТАТ И ОВА ЛЕТО: За 65% зголемен бројот на ново заразени во однос на минатата недела!
АНТИ ВАКСЕРИТЕ ЌЕ ГО УНИШТАТ И ОВА ЛЕТО: За 65% зголемен бројот на ново заразени во однос на минатата недела!
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА КОСТАДИНОВ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА КОСТАДИНОВ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ
Блинкен: Војната на Русија ќе доведе до глад 40 до 50 милиони луѓе
Блинкен: Војната на Русија ќе доведе до глад 40 до 50 милиони луѓе

Министерката Петровска за вежбата „Swift Response 22“: Вежба на која ги покажуваме нашите способности

Извор на фотографија: Министерство за одбрана
Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј денеска на армискиот полигон „Криволак“ присуствуваа на брифинг за претставниците на медиумите на кој тие беа детално информирани за целта и за активностите за време на вежбата „Swift Response 22“, која се реализира на „Криволак“, информираат од Министерството за одбрана.

Во изјавата по денешниот брифинг, министерката Петровска истакна дека станува збор за една од најголемите вежби која синхронизирано се изведува на неколку локации во различни земји од Алијансата. Во Република Северна Македонија, вежбата вклучува 4.600 војници и таа веќе е во тек на армискиот полигон „Криволак“.

Целта на оваа вежба, истакна министерката Петровска, е развојот на капацитетите на армиските припадници како и етаблирањето на полигонот „Криволак“ како тренинг центар со огромен капацитет и можности за извежбување.

„На ваков тип на комплексни вежби кои ги изведуваме заедно со сојузниците ја покажуваме нејзината подготвеност, нивото на интероперабилност, но се разбира и начинот на кој што се соработува со останатите армии во рамките на НАТО алијансата. Вториот аспект кој е значаен за нас како држава, е да ги покажеме капацитетите и способностите на тренинг центарот ‘Криволак’“, рече министерката Петровска.

Таа истакна дека полигонот е од исклучително значење за Армијата, и затоа Министерството за одбрана со поддршка на нашите стратешки партнери, особено Велика Британија и САД, инвестира во негово опремување и модернизација.

Британската амбасадорка Галовеј истакна дека оваа вежба ќе ја покаже колективната подготвеност и способност и дека ќе ја прикаже трансатлантската врска која ја направи НАТО – најсилната алијанса во модерната историја.

Галовеј информираше дека Обединетото Кралство во оваа вежба учествува со 1.800 падобранци, за кои рече дека се способни, високо обучени, добро опремени и дека сакаат да извежбуваат на полигонот „Криволак“, кој нуди уникатни услови за вежбање.

Од брифингот министерката Петровска упати и повик до граѓаните на Скопје и на Северна Македонија да го посетат Отворениот ден за воздухоплови, кој ќе се реализира на 8 мај, недела, на спортскиот аеродром „Стенковец“, каде ќе бидат прикажани дел од хеликоптерите кои се користат на вежбата, а ќе бидат извршени и прелети на авионите А-10 и Ф-16.

Инаку, министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во „Криволак“ имаше и средба со американскиот бригаден генерал Џозеф Хилберт, командант на 7-та команда за обука на армијата на САД, на која стана збор за можностите за обука и развојот на овој армиски полигон.

Генералот Хилберт, кој има екстензивно искуство поврзано со армиски полигони низ Европа, порача дека е импресиониран од она што може да се види на „Криволак“ и во однос на големината на полигонот и во однос на можностите кои ги нуди и потенцијалот кој го поседува.

Северна Македонија е домаќин на вежбата „Swift Response 22“, која се реализира во периодот од 2 до 20 мај. На вежбата учествуваат околу 4.600 припадници од вооружените сили на осум земји-членки на НАТО: САД, Обединетото Кралство, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија, Грција и Северна Македонија.

loading...

link tải go88 cho iphone go88 thiên đường online Tải go88 IOS/ Android/ PC/ APK nhận Code 50K

sunwindy