Хуманитарен настан – Апел за помош на Украина
Министерот за надворешни работи Бујар Османи и Генералниот Секретар на Црвен Крст Саит Саити, утре, среда, 16 март 2022 година, ќе организираат хуманитарен настан за собирање помош за Украина, апелирајќи преку Стопанските комори до компаниите за хуман гест и донација на средства или нивни производи. Воедно Министерството за надворешни работи и Црвениот Крст на Република Северна Македонија ќе потпишат Меморандум за соработка.
Настанот ќе се одржи во просториите на логистичкиот центар на Црвениот Крст во Момин Поток ул. 1506 Скопје, во присуство на амбасадорката на Украина, Наталија Задоружњук.
Агенда:
10:30 – 10:40 – Обиколка на логистичкиот центар на Црвен Крст (Генералниот секретар на Ц. Крст Саит Саити, МНР Б. Османи, Амбасадорката на Украина Наталија Задорожњук Претставници на Стопанските комори;
10:40 – 11:00 – Потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Министерството за надворешни работи и Црвениот Крст на Република Северна Македонија и краток состанок со претставниците на Стопанските комори
11:00- 11:30 – Изјави МНР Б. Османи, С. Саити и Амбасадорката на Украина Задоружњук, како и на претставниците на Стопанските Комори кои ќе изразат интерес.
Место: во дворот на логистичкиот центар на Црвен Крст.
Скопје, 15 март 2022 г.