СЗО со важен апел до Русија: Обезбедете здравствена заштита на цивилното население во местата под руска окупација во Украина
СЗО со важен апел до Русија: Обезбедете здравствена заштита на цивилното население во местата под руска окупација во Украина
Николоски: Членството во ЕУ не смее да има алтернатива
Николоски: Членството во ЕУ не смее да има алтернатива
Се надевам Ахмети еден ден ќе заврши како Груевски, вели Села
Се надевам Ахмети еден ден ќе заврши како Груевски, вели Села
Бочварски – Рустеми: Не прифаќаме калкулации, рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид мора да се запази. Делницата од Требениште до Охрид ќе се пушти за сообраќај во август
Бочварски – Рустеми: Не прифаќаме калкулации, рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид мора да се запази. Делницата од Требениште до Охрид ќе се пушти за сообраќај во август
НА ОВОЈ ЧОВЕК МУ ДОЛЖИМЕ ГОЛЕМО ИЗВИНУВАЊЕ, ЏАБЕ ГО МАЛТРЕТИРАВМЕ 20 ГОДИНИ: И Вранишковски на литургијата на СПЦ и МПЦ во Белград
НА ОВОЈ ЧОВЕК МУ ДОЛЖИМЕ ГОЛЕМО ИЗВИНУВАЊЕ, ЏАБЕ ГО МАЛТРЕТИРАВМЕ 20 ГОДИНИ: И Вранишковски на литургијата на СПЦ и МПЦ во Белград
ОВОЈ РЕЖИМСКИ ПАУН КОНЕЧНО ЌЕ СЕ СООЧИ СО ПРАВДАТА: Истрагата за „МПМ“ е завршена, Срѓан Керим осомничен за три кривични дела
ОВОЈ РЕЖИМСКИ ПАУН КОНЕЧНО ЌЕ СЕ СООЧИ СО ПРАВДАТА: Истрагата за „МПМ“ е завршена, Срѓан Керим осомничен за три кривични дела
Битиќи од Кралството Данска: Јакнењето на вредносните ланци во регионот носи компетитивна предност за нашите земји како и зголемена предвидливост и стабилност за инвеститорите
Битиќи од Кралството Данска: Јакнењето на вредносните ланци во регионот носи компетитивна предност за нашите земји како и зголемена предвидливост и стабилност за инвеститорите
Ковачевски: Власите се значајни учесници во севкупниот развој на нашата држава
Ковачевски: Власите се значајни учесници во севкупниот развој на нашата држава

Mинистерот Спасовски на завршниот настан од твининг проектот „Градење на институционалниот капацитет на Истражниот центар“

Денеска (17.02.2022) во Европската куќа – ЕУ Инфо центарот во Скопје, во присуство на амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир, министерот за правда Никола Тупанчески, јавниот обвинител Љубомир Јовевски, амбасадорките на СР Германија и Република Хрватска, Анке Холштајн и Нивес Тигањ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше обраќање на завршниот настан од твининг проектот „Градење на институционалниот капацитет на Истражниот центар“, чија што реализација финансиски беше целосно поддржана од ИПА програмата на Европската Унија за 2016 година.

„Подобрувањето на ефикасноста и ефективноста на кривично-правниот систем, преку успешно функционирање на истражниот центар, е еден од приоритети на оваа Влада. Министерството за внатрешни работи, како еден од главните чинители во превенцијата и борбата против сите појавни облици на криминал, во рамки на своите надлежности ги презема сите неопходни мерки и активности со цел зајакнување на своите капацитети и ресурси“, ова меѓу другото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето денешно обраќање, потенцирајќи го фактот дека ЕУ во изминатите години овозможи реализација на многубројни проекти, со што МВР доби значителна поддршка во спроведувањето на реформските процеси.

Притоа, министерот Спасовски нагласи: „На овој начин, преку зајакнување на сопствените капацитети, даваме целосен придонес и поддршка за ефикасно функционирање на Истражниот центар, каде веќе се упатени искусни полициски службеници, а чиј приоритет е борбата против сите современи форми на сериозен и организиран криминал, корупција и тероризам“.

Осврнувајќи се накусо на процесите што претходеа на овој твининг процес, министерот рече дека со овој значаен проект од аспект на меѓуинституционалната соработка и оперативност значително ќе се унапреди спроведувањето на Законот за кривична постапка, во делот кој се однесува на воспоставувањето на ефикасен Истражен центар.

Говорејќи за фазното реализирање на самиот проект министерот Спасовски особено го акцентираше фактот дека во текот на имплементацијата на овој проект, за потребите на институциите беа изработени Анализа на постојната законска рамка за организација и функционирање на Истражниот центар, Препораки за подобрување на ефикасноста и ефективноста на Истражниот центар, Стандардни оперативни процедури (СОП) и други подзаконски акти за спроведување на заедничките истражни активности, како и Меморандум за соработка помеѓу Јавното обвинителство и МВР.

„Дополнително, со овој проект се обезбедуваат услови за водење ефикасни и мултидисциплинарни истраги, но и предуслови кои во иднина ќе обезбедат цврста евиденција за прогресот на предистражните активности, обвиненијата презентирани пред судовите што, исто така, во основа ќе обезбеди подобра заштита на човековите права за лицата во предистражните постапки, како и во истражните и судските процедури“, потенцираше министерот Спасовски, упатувајќи благодарност и до Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ) и до Министерството за правда на Република Хрватска, за успешно имплементирање на активностите и постигнатите резултати од овој значаен проект.

loading...

https://animeheaven1.com/. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

watch anime online Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub)

My Hero Academia Season 3 (Dub) Episode 19

AnimeHeaven Dragon Ball Super

AnimeHeaven SK8 the Infinity (Dub)

Ranking of Kings Episode 14

tải go88