Денеска, во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија се одржа работна средба помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадор на Народна Република Кина, Н.Е Џанг Зуо.
На средбата двете страни изразија задоволство за одличната соработка што трае со децении, истовремено потенцирајќи дека односите помеѓу двете земји се развиваат во духот на пријателството, меѓусебното разбирање и заемното почитување. На средбата беше нагласено дека политичките односи бележат нагорен тренд особено по интензивната размена на посети како на оперативно така и на највисоко ниво во изминатите неколку години.